Достапни линкови

Русија, со дронови камикази ја нападна Одеса

Архива - Украински безбедносни сили стрелаат кон камиказа дронови.
Архива - Украински безбедносни сили стрелаат кон камиказа дронови.

Руските сили извршиле бомбардирања врз Одеса во текот на изминатата ноќ, а продолжува и долготрајната битка за градот Бахмут. Генералниот секретар на НАТО повика на дополнителна воена помош за Украина.

Русија, во текот на ноќта, го нападна јужниот пристанишен град Одеса со беспилотни летала од иранско производство, соопшти Украинската јужна воздушна команда на 19 април, додека борбите беснеат во источниот регион Доњецк, каде што се води долготрајна битка за градот Бахмут.

„Овој пат, 10 од 12 камиказа беспилотни летала Шахед беа уништени од членовите на противвоздушната ракетна бригада од Одеса на Јужната воздушна команда“, се вели во соопштението на војската.

Јуриј Крук, началникот на воената администрација на регионот Одеса, рече дека јавната инфраструктура била погодена за време на нападот со беспилотно летало, но нема информации за жртви.

На исток, украинските бранители одбиле повеќе од 60 напади додека руските трупи продолжуваат со нападот врз Бахмут, Авдијивка и Маринка, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот дневен извештај на 19 април.

Најжестоките битки се водат за Бахмут и Маринка, кои остануваат епицентар на непријателствата, соопшти војската.

Повеќемесечната битка за Бахмут се претвори во една од најкрвавите во руската инвазија на Украина, при што двете страни наводно претрпеле големи загуби.

Изморени, но не и поразени - Украински војници од фронтот во Бахмут

Калливо лице на украински војник кој се вратил од борба во близина на Бахмут, 15 април.

Украинските борци сè уште го контролираат источниот град Бахмут, кој е под опсада на Русија, додека интензивните борби се водат меѓу украинските и руските воени сили.

1/13 Калливо лице на украински војник кој се вратил од борба во близина на Бахмут, 15 април.

Украинските борци сè уште го контролираат источниот град Бахмут, кој е под опсада на Русија, додека интензивните борби се водат меѓу украинските и руските воени сили.

Додека интензивните борби продолжуваат со несмалено темпо, украинските сили ги распоредуваат своите војници на непозната локација за да можат да се одморат и да се опорават пред да се вратат во борба
2/13 Додека интензивните борби продолжуваат со несмалено темпо, украинските сили ги распоредуваат своите војници на непозната локација за да можат да се одморат и да се опорават пред да се вратат во борба
Руското Министерство за одбрана на 16 април објави дека платеничките единици на руската паравоена група Вагнер зазеле уште два градски блока во северозападниот и југоисточниот дел на Бахмут. Тврдењето не можеше да се потврди независно
3/13 Руското Министерство за одбрана на 16 април објави дека платеничките единици на руската паравоена група Вагнер зазеле уште два градски блока во северозападниот и југоисточниот дел на Бахмут. Тврдењето не можеше да се потврди независно
„Крвави битки, без преседан во последните децении, се водат во средината на урбаното подрачје на градот“, изјави Серхи Шеревати, портпарол на источната воена команда на Украина.

„Нашите војници прават сè во крвавите и жестоки борби за да ја урнат борбената способност (на непријателот) и да го скршат неговиот морал. Секој ден, во секој агол на овој град, тие го прават тоа успешно“, изјави тој за телевизискиот канал 1+1.
4/13 „Крвави битки, без преседан во последните децении, се водат во средината на урбаното подрачје на градот“, изјави Серхи Шеревати, портпарол на источната воена команда на Украина.

„Нашите војници прават сè во крвавите и жестоки борби за да ја урнат борбената способност (на непријателот) и да го скршат неговиот морал. Секој ден, во секој агол на овој град, тие го прават тоа успешно“, изјави тој за телевизискиот канал 1+1.

Се чинеше дека украинските сили ќе го напуштат Бахмут на крајот на февруари, но во март тие најавија дека ќе продолжи да се бори со цел да им нанесе поголема штета на силите на Москва

5/13
Се чинеше дека украинските сили ќе го напуштат Бахмут на крајот на февруари, но во март тие најавија дека ќе продолжи да се бори со цел да им нанесе поголема штета на силите на Москва
Сликата покажува униформа, со главата на рускиот претседател Владимир Путин поставена на украинскиот трозабец, што ја носи војник кој штотуку се вратил од Бахмут
6/13 Сликата покажува униформа, со главата на рускиот претседател Владимир Путин поставена на украинскиот трозабец, што ја носи војник кој штотуку се вратил од Бахмут
Германски овчар по име Бас ја придружува минофрлачката единица „Еделвајс“ по враќањето од тешките борби кај Бахмут. Единицата го спасила кучето за време на мисија во близина на Киев минатото лето и оттогаш тој патува со нив на различни локации долж линијата на фронтот
7/13 Германски овчар по име Бас ја придружува минофрлачката единица „Еделвајс“ по враќањето од тешките борби кај Бахмут. Единицата го спасила кучето за време на мисија во близина на Киев минатото лето и оттогаш тој патува со нив на различни локации долж линијата на фронтот
Украинските власти признаваат дека нивните сили платиле висока цена во сила и ресурси во одбраната на „тврдината Бахмут“, град во кој пред војната имало околу 70.000 луѓе. Бруталниот конфликт е наречен најкрвавата пешадиска битка од Втората светска војна
8/13 Украинските власти признаваат дека нивните сили платиле висока цена во сила и ресурси во одбраната на „тврдината Бахмут“, град во кој пред војната имало околу 70.000 луѓе. Бруталниот конфликт е наречен најкрвавата пешадиска битка од Втората светска војна
Украинските војници почиваат во своето скривалиште, 14 април.

Преземањето на контролата врз „мелницата за месо“, како што се нарекува Бахмут, каде што се проценува дека се убиени илјадници војници од двете страни, би била во голема мера симболична победа за Москва. Ова, сепак, ќе им овозможи на руските сили да се фокусираат на украинските гарнизони околу Хасив Јар и подлабоко во регионот Доњецк, каде што се  Краматорск и Славјанск.
9/13 Украинските војници почиваат во своето скривалиште, 14 април.

Преземањето на контролата врз „мелницата за месо“, како што се нарекува Бахмут, каде што се проценува дека се убиени илјадници војници од двете страни, би била во голема мера симболична победа за Москва. Ова, сепак, ќе им овозможи на руските сили да се фокусираат на украинските гарнизони околу Хасив Јар и подлабоко во регионот Доњецк, каде што се  Краматорск и Славјанск.
Неискористени минофрлачки гранати се гледаат во близина на местото за готвење на украинските сили во близина на Бахмут
10/13 Неискористени минофрлачки гранати се гледаат во близина на местото за готвење на украинските сили во близина на Бахмут
Украински војници подготвуваат јадење во едно од нивните скривалишта во близина на фронтот

11/13 Украински војници подготвуваат јадење во едно од нивните скривалишта во близина на фронтот

Икона на ѕидот во едно од украинските сривалишта во близина на фронтот кај Бахмут
12/13 Икона на ѕидот во едно од украинските сривалишта во близина на фронтот кај Бахмут
Украински војник пуши цигара откако се вратил од тешки борби кај Бахмут, 15 април.

Украина навести дека наскоро ќе започне контраофанзива за да врати повеќе територии. Сепак, стартот беше одложен поради комбинација на фактори, вклучувајќи ги временските услови, бавната испорака на опрема и недоволната муниција, соопшти Киев
13/13 Украински војник пуши цигара откако се вратил од тешки борби кај Бахмут, 15 април.

Украина навести дека наскоро ќе започне контраофанзива за да врати повеќе територии. Сепак, стартот беше одложен поради комбинација на фактори, вклучувајќи ги временските услови, бавната испорака на опрема и недоволната муниција, соопшти Киев
Previous slide
Next slide

Пред состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, која се состои од десетици земји кои обезбедуваат воена помош за Киев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика да се испрати повеќе оружје и муниција во Украина.

„Познато е дека огромно количество оружје и муниција, веќе и се доставени на Украина, но треба да направиме уште повеќе“, изјави Столтенберг за Си-Ен-Ен на 18 април.

Контакт групата треба повторно да се состане на 21 април.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на 18 април ги посети украинските сили во близина на линијата на фронтот во регионот на Доњецк, каде што се водат тешки борби.

Тој ги обиколи напредните позиции на украинската војска во Авдијивка, соопшти претседателската канцеларија на 18 април.

Зеленски во својата вечерна видео порака рече дека ги посетил војниците кои „го ограничуваат и постепено го уништуваат ова руско зло девет години и 419 дена “, мислејќи на борбите што избувнаа во 2014 година меѓу украинските сили и сепаратистите од Русија во Донбас.

Посетата на Зеленски на регионот Доњецк дојде само неколку часа откако Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин направил ретко патување во делумно окупираните украински региони Херсон и Луганск.

Путин го посети рускиот воен штаб и се сретна со командантите во Херсон и Луганск, соопшти Кремљ.

Веста за посетата беше дочекана со гнев во Киев, каде што претседателскиот помошник Михаило Подољак рече дека Путин ги обиколил „окупираните и уништени територии за последен пат да ужива во злосторствата на неговите потчинети“.

XS
SM
MD
LG