Достапни линкови

Големи грижи на Кремљ - раст на цените на храната во изборна година


И покрај воведувањето ограничувања на цените, трошоците за храна се зголемуваат во Русија, што го вознемирува Кремљ.
И покрај воведувањето ограничувања на цените, трошоците за храна се зголемуваат во Русија, што го вознемирува Кремљ.

Деновиве можеби не се ендемичната корупција или протестите за Алексеј Навални, па дури и пандемијата на ковид-19 она што најмногу го загрижува Кремљ. Тоа е големиот забрзан пораст на цените на храната. Текст на Мајк Екел

Од минатата година, Ирина Лихтенштеин, 73-годишна пензионирана преведувачка и уредничка во рускиот град Казан, постојано гледа како се качуваат нејзините сметки за храна. Компири? Нивната цена се зголеми за 40 проценти, иако таа не ги јаде многу. Морковите се поскапи за 30 проценти.

Генерално, нејзината месечна сметка за храна е околу 15 проценти поголема. Нејзината државна пензија е околу 17.000 рубли (230 УСД) месечно.

„Никогаш не беше доволно; сега е уште помалку. Се разбира, луѓето се загрижени, завршувате во пензија и немате дополнителни приходи. Цените продолжуваат да растат и растат“, вели Ирина.

Според податоците на државната агенција за статистика Ростат, цени за основните прехранбени производи се зголемија за 8,2 проценти; на зеленчукот 17,5 проценти; на овошјето 13,5 проценти.

И тоа и покрај тоа што со владини наредби кон крајот на минатата година беше воведено ограничување на цените на одредени стоки. Овие ограничувања сега треба да бидат укинати од 31 март, што значи дека цените може да скокнат уште повисоко.

„Јас навистина не разбирам зошто владата го прави ова, бидејќи не е можно да се спречи зголемувањето на цените“, изјави Владислав Иноземцев, економист и директор на Московскиот центар за истражување на пост- Индустриски друштва, додавајќи: „Цените ќе растат. Ова е факт во кој никој не се сомнева“.

Инфлацијата е глобална?

Причините за зголемувањето на цените на храната се чини дека се различни. Неодамнешниот извештај на Организацијата на ОН за храна и земјоделство укажува на пораст на глобалните цени на суровините.

Жени во продавница за храна во Москва
Жени во продавница за храна во Москва

Земјоделската индустрија во Русија напредуваше во изминатите две децении, бидејќи се влеваа странски инвестиции, подобрувајќи го приносот на земјоделските култури и поттикнувајќи го технолошкиот развој. Меѓу другото, тоа помогна Русија да стане најголемиот извозник на пченица во светот.

За време на првите два претседателски мандата на Путин, во 2000-08 година, релативниот просперитет што помогна многу Руси да се искачат на средната класа беше во голема мера поттикнат од високите цени во светот.

Русија изрази разочарување од одлуката на ЕУ да воведе нови санкции

Но, економијата се соочува со пошироки структурни и општествени проблеми, вклучително корупција, слаби стандарди за владеење на правото и транспортна инфраструктура.

Западните економски санкции воведени во 2014 година откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, исто така, го наруши економскиот раст.

Од тоа време, просечните приходи стагнираат и опаѓаат реално во изминатите осум години; приходите сега се 10 проценти под нивото од 2013 година. Минатата година, според Росстат, реалните приходи паднале за 3,5 проценти.

Владините статистики покажуваат дека уште 1 милион Руси минатата година се лизнале под границата на сиромаштијата, со што вкупната бројка достигнала скоро 20 милиони. Анкета на независната истражувачка организација Левада во ноември покажа дека кај Русите со пониски примања, само третина имаат некакви заштеди.

Навални vs. приходите

Сето ова делумно се рефлектираше врз широкиот национален одзив на протестите во јануари за поддршка на Навални, чии антикорупциски кампањи го опфатија таквото незадоволство.

Протестите беа предизвикани од апсењето на Навални по враќањето во Русија во јануари, откако се опорави во Германија скоро пет месеци од труење со нервен отров, за кое тој ги обвини агентите на руската разузнавачка служба.

Уапсени на протестите за Навални во Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Но, социолозите кои анкетираа некои од демонстрантите откриле дека значителен број не биле нужно за поддршка на Навални, туку затоа што тие не биле задоволни од економската состојба во земјата.

Кремљ, од своја страна, се обиде да ги совлада проблемите со цените на храната во Русија, но тие постојано растеа. На почетокот на декември, Путин објави ограничувања на цените, со владини директиви насочени кон производителите на шеќер и сончогледово масло, заедно со големите трговски ланци.


Зошто Македонија не се приклучи кон ЕУ санкциите кон Русија поради Крим?

Според мерките, кои треба да траат до 1 април, производителите и продавачите се согласуваат да ги намалат своите цени и да ги одржат стабилни.

Другите мерки вклучуваат заеми со ниски камати за производителите на шеќер за откуп на шеќерна репка и субвенции за производителите на брашно за набавка на пченица.

„Системски ризици“

Кон крајот на јануари, Ревизорската комора, официјалното владино надзорно тело, предупреди дека постојните политики, вклучително и ограничувањата на цените, претставуваат потенцијални големи ризици за снабдувањето со храна во земјата, а да не ја спомнуваме инфлацијата.

Комората, предводена од почитуван поранешен министер за финансии Алескеј Кудрин, предупреди дека производителите на храна, па дури и земјоделците може да ги чуваат резервите во склад или да ги продаваат на други пазари, што може да доведе до недостаток на полиците на супермаркетите. „Таквиот чекор носи системски ризици“, се вели во извештајот од 25 јануари.

Рускиот претседател Владимир Путин зборува за време на состанокот со учесниците на националната волонтерска кампања „Ние сме заедно“ во Кремљ, Москва, 4 март 2021 година
Рускиот претседател Владимир Путин зборува за време на состанокот со учесниците на националната волонтерска кампања „Ние сме заедно“ во Кремљ, Москва, 4 март 2021 година

На 4 февруари, само неколку дена по два последователни викенда на протести на национално ниво, Путин се појави на државната телевизија со министерот за економија Максим Решетников за да разговара за цените на храната.

„Ситуацијата на светскиот пазар на храна, за жал, се влошува“, рече Путин. Дополнителна главоболка за Кремљ беше извештајот на Блумберг објавен околу три недели подоцна, на 28 февруари, во кој се тврди дека зголемувањето на цените на храната во Русија ја прави ранлива на политички немири.

Тоа го привлече вниманието на Министерството за економски развој, кое даде изјава истиот ден - недела, ден кога повеќето руски владини агенции молчат.

„Таквите анализи се од шпекулативна природа. Владата е фокусирана генерално на економски инструменти за да се намали влијанието на зголемувањето на светските цени врз домашните цени, како и на насочените мерки за поддршка на производителите во регионите“, наведе ова Министерство.

Наглиот пораст на цените на храната ги нагласија и другите економски проблеми на многу Руси, како стагнација на платите, зголемена невработеност и зголемена инфлација.
Наглиот пораст на цените на храната ги нагласија и другите економски проблеми на многу Руси, како стагнација на платите, зголемена невработеност и зголемена инфлација.

На 1 март, јавната агенција за анкети Нилсен објави истражување кое покажа дека скоро 70 проценти од Русите биле принудени внимателно да ги следат трошоците за домаќинството, главно заради пандемијата, а повеќе од половина од Русите изјавија дека ситуацијата им е се полоша.

Кремљ: Коментарите на Бајден за Русија се агресивни

Во брифинг со новинарите истиот ден, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека официјалните лица не се согласуваат со заклучоците на извештаите за економските проблеми на земјата.


„Имаме различни податоци. Сметаме дека заклучоците до кои авторите дошле се неточни. Фактот дека многумина почувствуваа промена на своите приходи на полошо, дека нивните приходи се намалија, е очигледен. Ова се случи низ целиот свет. Но, ние не се согласуваме со фактот дека ова е наводно поакутен проблем во Русија отколку во другите земји “, рече тој.

„Нема причина да се надевам дека наскоро ќе заврши“

Владимир Тихомиров, главен економист на Глобал Маркетс во Москва, изјави за РСЕ дека отстранувањето на ограничувањата на цените на 1 април може да поттикне дополнително покачување.

Но, тој рече дека тоа може да биде неутрализирано со пад на инфлацијата, на која рече дека Централната банка и владата сметаат кога руската и глобалната економија се опоравуваат од пандемските блокади. Тоа исто така може да предизвика апрецијација на рубата, што ќе помогне да се ублажат бранувањата на цените, рече тој.

бездомник на улиците на Москва
бездомник на улиците на Москва

Економската слабост се рефлектира и во постојаната голема побарувачка за народни кујни и засолништа за бездомници управувани од Ночлежка, една од најстарите и најпознати добротворни организации во Русија.

Григори Свердлин, кој е на чело на организацијата 11 години, вели дека тие служат топли оброци дневно на околу 150 луѓе - многу од нив бездомници - и во Санкт Петербург и во Москва. Тој рече дека тие исто така почесто обезбедуваат правна помош за луѓе кои завршија бездомници поради вртоглаво зголемување на цените на недвижностите или корумпираната бирократија.

Во интервју за РСЕ, тој направи споредба со 2014 година, кога Русија претрпе големо забавување поради падот на цената на нафтата и западните санкции. „Мислам дека оваа криза не само што е посериозна, туку и подлабока отколку порано. Јас не сум економист ... но без оглед на тоа дали тие ги креваат границите на цените, сигурен сум дека инфлацијата и зголемувањето на цените ќе продолжат“, вели Свердлин, додавајќи:

„Се разбира на глобално ниво, но особено во Русија, бидејќи оваа земја се наоѓа во прилично сериозна економска состојба и нема причина да се надеваме дека ќе заврши наскоро“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG