Русите доаѓаат - Западот алармира, Украина смирува
Иако владата во Киев ги повика луѓето да не паничат додека руските трупи се собираат на границите на Украина, националната валута падна на најниско ниво во последните четири години. (фотографија од датотека)
Во Вашингтон, пораката е: Инвазијата е неизбежна. Во Киев, пораката е: Ве молиме, не паничете. Разликата во јавните изјави за намерите на Русија се чини дека се помалку раздор, а повеќе пресметана стратегија. Мајк Екел
Пораката од Вашингтон и другите западни влади за зголемената закана од Русија е: Инвазијата е неизбежна. Украинските фицијални лица, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, имаат поинаква порака: Не паничете, не претерувајте.
Има малку несогласувања околу тоа што се случува на границите на Украина: најмалку 60 руски баталјони и тактички единици, повеќе од 100.000 војници и дел од најнапредното руско оружје се распоредени застрашувачки блиску.
Всушност, Москва јасно се определи нјзината акција да не биде тајна во, како што велат многу експерти, свесна одлука да испрати сигнали до Украина, НАТО и САД.
Молитви и оружје: Украина се подготвува, светот страхува
1/12Свештениците во киевската катедрала на Воскресението Христово одржуваат богослужба на 26 јануари, откако папата Фрациск повика на „молитва за мир“ во услови на тековните тензии поради масивното воено натрупање на Русија околу границите на Украина.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
2/12Палета со воени материјали на аеродромот Бориспил во Киев на 25 јануари. Стотици тони муниција и оружје се пренесени во Украина од САД.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
3/12Фрегатата на руската морнарица „Адмирал Есен“ учествува во вежби на Црното Море во близина на руското копно на 26 јануари.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
4/12Украински војник носи огревно дрво на позицијата на фронтот во близина на селото Авдијивка на 25 јануари.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
5/12Борец на сепаратистичката група поддржана од Кремљ се движи во ровот свртен кон украинските позиции во селото Жолобок во областа Луганск.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
6/12Украински војник во селото Песли, оштетено од војната, блиску до линијата на фронтот со сепаратистите во источна Украина.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
7/12Луѓето шетаат под знакот на кој пишува „Доњецк херој град“ во градот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
8/12Човек ракува со пиштол за време на воена обука за работниците во близина на западниот украински град Лавов на 25 јануари.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
9/12Припадник на таканаречената Луганска народна милиција ја набљудува линијата на фронтот во близина на Славјаносербск на 25 јануари.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
10/12Висок украински воен функционер држи едно од противтенковските оружја доставени од Британија за време на обука на украинските војници во Лавов.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
11/12Белоруски воени возила пред заедничките воени вежби со руските сили во Белорусија на 25 јануари. Русија испрати неодреден број војници од далечниот исток на земјата во сојузничката Белорусија, која ја дели границата со Украина, за големи воени игри планирани во февруари.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
12/12Украински војник на позиција на фронтот во близина на Авдијивка на 25 јануари.
Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
Previous slide
Next slide
Меѓутоа, има несогласување за тоа што всушност значи и каква може да биде намерата. Во врска со ова украинските и западните официјални лица имаат значително различни јавни пораки.
„Тоа е политичка одлука во кабинетот на претседателот: „Не паничете“, вели Андриј Риженко, пензиониран поморски капетан и поранешен заменик началник на Генералштабот во морнарицата на Украина, додавајќи:
„Која е причината за ова? Ако украинските политичари признаат дека оваа ескалација и оваа закана постои, економските инвеститори ќе ги повлечат своите средства. Ние веќе го гледаме ова, парите се повлекуваат од Украина“.
„Украина ги има истите разузнавачки информации, како и Американците, како и Западот. Сѐ е до толкувањето. Нашето раководство не сака луѓето да паничат“, вели поранешен украински воен разузнавач кој побара да биде идентификуван со псевдонимот Виктор.
Една од главните причини зошто руското трупање е јавна тајна е полесното и побрзо ширење на фотографии, видеа, распореди на возови - кои во минатото беа повеќе ограничени на доверливи или строго доверливи разузнавачки информации.
Нови фотографии за руските сили во близина на Украина
1/9Сателитска снимка покажува руски воени возила паркирани во Јелња, Русија, на 19 јануари. Јелња е во северозападната руска Смоленска област, на околу 120 километри од границата со Белорусија и 260 километри од Украина.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
2/9Оклопни транспортери и камиони во Климово на 19 јануари. Военото складиште Климово се наоѓа на само 35 километри од украинската граница.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
3/9Шатори и домови за руските војници во Јелња на 19 јануари.Истиот ден кога беше направена оваа фотографија, американскиот претседател Џо Бајден предизвика широки критики поради тоа што се чини дека прави разлика помеѓу потенцијалниот „мал упад“ на Украина од страна на руските сили и сеопфатната инвазија.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
4/9Руски тенкови и опрема за артилериска поддршка, од кои некои очигледно биле користени неодамна, во Јелња на 19 јануари. Белата куќа подоцна се обиде да ги разјасни коментарите на американскиот претседател од 19 јануари, велејќи: „Ако некои руски воени сили ја преминат украинскиот граница, тоа е обновена инвазија и ќе биде дочекана со брз, остар и обединет одговор од Соединетите Држави и нашите сојузници“.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
5/9Воена опрема во складиштето Климово на 19 јануари. Постарите снимки од Google Maps на истата локација покажуваат дел од воените возила.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
6/9Воена опрема во железничкиот двор во Климово на 19 јануари. Неодамнешните видеа прикажуваат огромни количества воена опрема која се транспортира со железница во западна Русија.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
7/9Руски разузнавачки хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ кој лета на неодредена локација во Ростовската област во Русија на 19 јануари. Овие фотографии се направени од хонорарен фотограф кому очигледно му бил дозволен пристап до руската воена база, а подоцна ги дистрибуирал до Ројтерс.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
8/9Истиот фотограф направи слики од руски војници на полигонот во Каменск-Шахтински на 19 јануари.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
9/9Пилот седи во пилотската кабина за време на тестирањето на летот на хеликоптерот Ка-52 на 19 јануари.
Москва негираше какви било планови за напад на Украина и го обвини НАТО дека планира да ја прими земјата како членка на Алијансата, како и да распореди офанзивно оружје таму.
Сателитски фотографии направени на 19 јануари покажуваат огромно засилување на руската војска и вежби кои се одвиваат во близина на границата со Украина, при што многумина стравуваат дека тоа е вовед во инвазија.
Previous slide
Next slide
Снимки од комерцијални сателитски компании обезбедуваат фотографии со висока резолуција кои лесно може да бидат анализирани од милиони аматери.
И Соединетите Држави, кои се најголемиот снабдувач на Украина со оружје и воена опрема, беа невообичаено услужливи во споделувањето на сопствените софистицирани разузнавачки информации: не само со Киев, туку и со европските и НАТО сојузниците.
Тоа е промена од она што се случи по преземањето на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија во 2014 година и избувнувањето на војната во источна Украина, каде што Москва ги поддржува сепаратистичките сили.
„Без розови очила“
Но, со недели, во голема мера Вашингтон беше тој што ги огласуваше најгласните аларми за распоредувањето на руските војници - нешто што портпаролката на Белата куќа Џен Псаки го направи повторно на 25 јануари.
„Мислам дека кога рековме дека е неизбежно, тоа останува неизбежно“, им рече Псаки на новинарите на прашањето за американските предупредувањата, додавајќи: „Но, повторно, не можеме да предвидиме каква одлука ќе донесе претседателот Путин. Сè уште сме ангажирани во дипломатски дискусии и преговори“.
Од друга страна украинскиот претседател Зеленски во своите јавни изјави ја покажа украинската верзија на „бидете смирени и продолжете“. „Нема розови очила, нема детски илузии, ништо не е едноставно. Но, има надеж. Заштитете го вашето тело од вируси, вашиот мозок од лаги, вашето срце од паника“, рече Зеленски во видео обраќањето објавено на 25 јануари.
украинаскиот претседател Володимир Зеленски
Таа изјава, пак, се чини дека е одговор на соопштението два дена претходно од американскиот Стејт департмент, во кое се вели дека дел од американскиот дипломатски персонал ќе биде евакуиран од Киев и ги повика американските граѓани да размислат за напуштање на Украина што е моќно побрзо.
Ваквата објава која ја следеа и Британија, Германија, Канада, Австралија, го привлече вниманието на некои Украинци кои претходно беа помалку загрижени за изгледите за неизбежна руска инвазија.
Се чини дека Зеленски го охрабрува таквиот недостиг на силна загриженост. „Што има ново? Зарем ова не е реалност веќе осум години? Зарем инвазијата не започна во 2014 година? Сè е под контрола. Нема причина за паника“, рече тој.
На состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Зеленски, исто така, изрази јавно несогласување со проценките на САД.
„Мислам дека генерално ја имаме истата агенда, но сепак сакаме да разговараме за некои работи детално, бидејќи вашето разузнавање е одлично, но вие сте далеку во странство, а ние сме тука, и мислам дека знаеме некои работи малку подлабоко“, изјави украинскиот лидер, според транскриптот на Стејт департментот.
Во интервју за Би-Би-Си, Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, даде навестување за стратегијата:
„Го нагласуваме ова сега и им кажуваме на нашите партнери дека не можеме да си дозволиме нашата економија да падне. И за ова ни треба помош. На крајот на краиштата, ако луѓето влезат во состојба на паника – тоа ќе биде многу опасна ситуација за земјата“, рече Данилов.
Пресметана стратегија
Не е јасно колку тие изјави функционираат. Украинската валута падна за повеќе од 5 насто во последните три месеци и на 26 јануари го достигна новото најниско ниво во последните четири години. Сепак, нема извештаи за панично купување во намирници во Киев или други продавници.
Цените на горивата се покачија за скоро 10 проценти од декември - иако тоа може да се должи на валутните флуктуации. Украина увезува голем дел од својот бензин и транспортно гориво од Русија.
Разликата во јавните изјави меѓу Киев и Запад може делумно да се објасни и со пософистицираното американско разузнавање: американските сателити, наводно, имаат резолуција што може да фати до помалку од 10 сантиметри на земјата, нешто што потенцијално му дозволува на аналитичарот потенцијално да прочита дури име на џебот на градите на војникот.
За споредба, најновиот сателит за надзор на Украина, лансиран пред само неколку недели, наводно има резолуција од околу 8 метри.
Предупредувањата од Соединетите држави, исто така, се чини дека се пресметана стратегија, вели Виктор Андрусив, директор на Киевската школа за јавна администрација.
„Со создавање на оваа хистерија и велејќи „ќе има војна, ќе има војна, ќе има војна“, тие не им даваат причина на Русите да направат провокација за војната. Бидејќи што и да направат, Русија ќе биде препознаена како агресор, тоа е еден вид стратегија. Ова го поткопува почетокот на војната, на добар начин“.
Негативната страна, рече Андрусив, е што тоа „ја погодува украинската економија“, предизвикувајќи „економска хистерија“. „И тогаш Русите нема да мора да ја нападнат Украина, бидејќи економијата ќе пропадне и ќе имаме големи немири“, заклучува Андрусив.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.