Достапни линкови

Родителите може да здивнат од децата, но не и од опасноста


Првиот школски ден во основното училиште Владо Тасевски во Скопје

Почна школската година, овојпат со децата во училишните клупи. Родителите сега може малку да здивнат, зашто минатата година одеа на работа, истовремено чуваа деца, се нервираа за стабилноста на интернетот и беа дополнителни наставници. Сепак, останува загриженоста за здравјето на децата.

По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, учениците вчера повторно ги наполнија сите основни и средни училишта. Учениците цел ден треба да носат заштитни маски и има протоколи против ширењето на болеста, но сликите од пред училиштата покажуваат дека децата едвај чекале да видат и да се изгушкаат со другарите.

Првачињата, пак, со збунето-среќни лица за првпат седнаа во училишните клупи.

Родителите сега може малку да здивнат, зашто минатата година одеа на работа, истовремено чуваа деца, се нервираа за стабилноста на интернетот и беа дополнителни наставници.

Сепак, остануваат грижите за здравјето на децата кои на училиште тргнаа во ек на четвртиот бран на коронавирусот, но и на родителите и бабите и дедовците кои ги чекаат дома.

Други велат дека не можеме децата до недоглед да ги чуваме дома и препорачуваат поефикасни мерки за заштита.

Трети се жалат дека децата не можат да издржат со маски цел ден и оти тоа не е здраво.

Четврти, пак, велат дека опасноста и не е толку голема.

Некои иронично забележуваат дека кога власта организира настани, тогаш не треба ни сертификат за вакцинација ни маска, а кога децата треба да одат на училиште, тогаш мора да се почитуваат сите мерки.

Првиот школски ден беше повод и за повозрасните да се потсетат на нивниот прв ден на училиште.

Минатата година наставата се одржуваше онлајн, освен за учениците до трето одделение, кои посетуваа настава со физичко присуство. Комисијата за заразни болести оцени дека ланското искуство покажало дека немало трансмисија на болеста во училиштата.

Школската година за средношколците од Тетово, Гостивар и Кичево почна онлајн, зашто болниците во овие градови се преполни со ковид-пациенти.

Македонија е една од петте земји со највисока стапка на смртност од ковид-19 во светот.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG