Помошта за настраданите во земјотресот во Сирија и изолираниот Асад
Дамаск вели дека помошта за бунтовничката енклава на север треба да оди преку Сирија, а не преку турската граница
Во услови на излив на сочувство за Сиријците погодени од земјотресот, Дамаск го искористи моментот за да го повтори своето долгогодишно барање помошта да биде координирана од неговата влада, која Западот ја избегнува од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.
Западните сили не покажаа знаци дека се подготвени да го исполнат тоа барање или повторно да се ангажираат со сирискиот претседател Башар ал Асад, но неговата позиција е зајакната поради тешкотиите со кои се соочува прекуграничниот проток на помош во северозападниот дел на Сирија, контролиран од бунтовниците од Турција.
Протоците на помош, од клучно значење за 4 милиони луѓе во областа, беа привремено запрени по земјотресот, но од Обединетите нации во четвртокот потврдија дека конвој со прва помош пристигнал во северозападна Сирија.
Како што се наведува во соопштението на 9 февруари, на преминот Баб ал Хава влегла помош од Турција. Хуманитарна помош за бунтовничките области во Сирија се испраќа од Турција преку Баб ал Хава, а турските власти најавија дека работат на отворање на уште два гранични премини. Во областа контролирана од сириската влада, авиони со хуманитарна помош слетуваат во Дамаск, Алепо и Латакија.
Трка со времето за да се најдат преживеани од смртоносниот земјотрес во Турција и Сирија
1/15Месут Ханчер ја држи за рака својата почината 15-годишна ќерка Ирмак. Таа беше една од жртвите во земјотресот на 6 февруари во Кахраманмарас, Турција.
Речиси три милиони луѓе живеат во јужните турски градови Кахраманмарас и Газиантеп, епицентарот на земјотресот што опустоши цели населби и урна цели згради.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
2/15Жена плаче додека стои меѓу урнатините во Газиантеп.
Властите во Турција проценуваат дека 13,5 милиони луѓе биле погодени од земјотресот во област широка 450 километри што се протега од Адана на запад до Дијарбекир на исток.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
3/15Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека бројот на загинати во земјата надмина 11.000. Покрај оние кои се уште се заробени под урнатините, расте загриженоста дека многу луѓе ќе измрзнат до смрт.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
4/15Во соседна Сирија, еден маж е виден како седи покрај телата на своето семејство на 7 февруари во градот Џиндерис, провинцијата Алепо.
Сириското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачил над 1.200, додека најмалку 1.400 луѓе загинале во северозападниот дел под контрола на бунтовниците, според волонтерски први одговорни лица познати како Бели шлемови.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
5/15Во сирискиот град Африн, девојче кое се родило под урнатините на петкатна станбена зграда се лекува во детска болница. Локалните жители го откриле новороденчето откако го слушнале нејзиниот плач под урнатините.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
6/15Спасувачките тимови работеа во текот на ноќта во Идлиб, Сирија, извлекувајќи повеќе преживеани и тела од урнатините. Поради уништени многу патишта, лоши временски услови, недостаток на ресурси и тешка опрема, спасувачите се борат да стигнат до најтешко погодените области.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
7/15Во сирискиот град Џандаирис, спасувачи се греат во близина на пожар. Спасувачите предупредија дека бројот на жртвите ќе продолжи да расте бидејќи помошта допрва треба да пристигне во услови на ниски температури.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
8/15Членови на спасувачки тим пребаруваа и во текот на ноќта во Адана, Турција, барајќи преживеани сè уште заробени во урнатините.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
9/15Во раните утрински часови, холандските спасувачки тимови успеале да ја спасат оваа Турчинка во Хатај на 8 февруари.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
10/15Волонтерите беа емотивни додека учествуваа во потрагата и спасувањето во Хатај.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
11/15Оваа жена - сликана како прима кардиопулмонална реанимација откако беше извадена од урнатините - почина подоцна од повредите.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
12/15Со многу уништени домови, многу луѓе беа принудени да спијат на улиците како ова семејство во Дијарбекир.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
13/15Луѓето во спортска сала во Кахраманмарас ги идентификуваат жртвите кои загинаа од земјотресот.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
14/15Жена се расплака пред спортската сала.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
15/15Волонтери дистрибуираат помош во Антакија, јужна Турција.
Шефот на Светската здравствена организација рече дека спасувачките напори се во трка со времето, при што шансите за пронаоѓање преживеани се намалуваат од минута и во минута.
Спасувачите во Турција и Сирија работеа во текот на ноќта меѓу 7 и 8 февруари, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани меѓу урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, убивајќи илјадници луѓе.
Previous slide
Next slide
Дамаск долго време вели дека помошта за бунтовничката енклава на север треба да оди преку Сирија, а не преку турската граница. „Јасно е дека има некаква можност во оваа криза за Асад, тој да покаже „треба да работиш со мене или преку мене“, вели Арон Лунд, експерт за Сирија во Фондацијата Сенчури, додавајќи:
„Доколку е паметен, би ја олеснил помошта во областите надвор од негова контрола и би добил шанса да изгледа како одговорен актер, но режимот е многу тврдоглав“.
Западот долго време го избегнуваше Асад, наведувајќи ја бруталноста на неговата влада за време на повеќе од 11 години граѓанска војна, во која загинаа стотици илјади луѓе, расели повеќе од половина од населението и принуди милиони луѓе во странство како бегалци.
Но, линиите на фронтот се замрзнати со години и Асад, поддржан од Русија и Иран, го контролира најголемиот дел од поделената земја. Американскиот Стејт департмент ја отфрли сугестијата дека земјотресот би можел да биде можност Вашингтон да допре до Дамаск, велејќи дека сепак ќе им пружи помош на Сиријците во областите контролирани од владата преку невладините организации на теренот, а не преку владата.
„Би било доста иронично, ако не дури и контрапродуктивно, да соработуваме со владата која го брутализираше својот народ во текот на десетина години и е одговорна за голем дел од страдањата што ги имаат“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.
Сепак, водачите на некои арапски држави кои се подредени на САД се во контакт со Асад по катастрофата, вклучително и јорданскиот крал и претседателите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет.
Меѓународни спасувачки тимови заминуваат за Турција и Сирија по разорниот земјотрес
1/12Грузиски пожарникари се качуваат во автобус за Турција на 6 февруари. Тбилиси испрати 60 специјалисти за пребарување и спасување, заедно со соодветна опрема, во соседна Турција за да помогнат во масовната спасувачка операција која моментално е во тек.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
2/12Спасувачите ги пребаруваат урнатините додека горат пожари во Искендерун, крајбрежен град во јужна Турција, на 7 февруари.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција и северозападна Сирија рано утрото на 6 февруари. Најмалку 7.800 луѓе загинаа во земјотресот, а илјадници други останаа заробени во урнатините од зградите што се урнаа. Катастрофата предизвика огромен меѓународен одговор, со тимови кои летаат од целиот свет за да помогнат во спасувачките напори.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
3/12Унгарски спасувачи -- дел од 50-члениот тим кој е испратен во Турција -- слушаат обраќање пред да полетаат од Будимпешта на 6 февруари.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
4/12Пожарникари и куче спасител од Србија по пристигнувањето на аеродромот во Адана во јужна Турција. Србија испрати 21 спасувач и тројца „офицери за врска“ во Турција.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
5/12Спасувачки тим од руското Министерство за вонредни состојби на меѓународниот аеродром Жуковски, во близина на Москва, на 6 февруари. Повеќе од 100 руски спасувачки персонал се испратени и во Турција и во Сирија.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
6/12Куче со неговиот дресер во романската 90-та воздушна база, во близина на Букурешт, на 6 февруари. 60 припадници на романски тим за пребарување и спасување и четири кучиња беа испратени во Турција на 6 февруари.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
7/12Руски војници и сириски цивили за време на напорите за пребарување и спасување во сирискиот регион Латакија на слика објавена на 7 февруари. Сирија е заглавена во децениска граѓанска војна, а областите погодени од земјотресот во Сирија, наводно, се поделени меѓу владата - контролирани и поддржани од бунтовниците области на земјата.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
8/12Членови на тим за пребарување и спасување од пакистанската војска се качуваат на авион на воздухопловните сили во Равалпинди рано на 7 февруари. Два лета на спасувачки тимови, како и мобилна болница и друга опрема, беа испратени од Пакистан.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
9/12Спасувачки персонал заминува од Азербејџан на 7 февруари. Баку испрати „стотици“ специјалисти за пребарување и спасување, заедно со опрема, во Турција.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
10/12Авион C-130 на грчките воздухопловни сили со членови на единицата за одговор при катастрофи заминува за Турција од воениот аеродром во Елефсина, Грција. Авионот превезувал 21 пожарникар, две кучиња и тешка опрема за спасување.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
11/12Членови на противпожарната служба на округот Лос Анџелес се подготвуваат за распоредување во Турција. Речиси 100 пожарникари и градежни инженери од Лос Анџелес, заедно со шест кучиња спасувачи, се испратени во Турција.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
12/12Дел од 68-члениот тим за урбано пребарување и спасување на Чешка се подготвува да полета од аеродромот во Острава на 6 февруари.
Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
Previous slide
Next slide
Јордан и ОАЕ, кои некогаш ја поддржуваа сириската опозиција, но ги нормализираа врските со Асад во последните години, испратија помош до Дамаск, објавија сириските државни медиуми. Областите под контрола на владата се тешко погодени од земјотресот.
Вкупниот број на загинати досега пријавени од Сирија - околу 2.500 - е подеднакво поделен помеѓу областите под контрола на владата и бунтовниците.
Клучниот сојузник Русија обезбеди поддршка, испраќајќи спасувачки тимови и распоредувајќи сили веќе во Сирија за да се приклучат на хуманитарната работа. Русија, заглавена во конфликт во Украина и под санкции на САД, брзо и помогна на Сирија. Москва го смета својот сојуз со Дамаск за пазарење со Западот.
Кавги за ресурсите
Москва долго време тврди дека доставувањето помош за северозападна Сирија од Турција го нарушува сирискиот суверенитет. Продолжувањето на мандатот за таа операција за помош предизвика дипломатски расправии меѓу Русија и западните сили во Советот за безбедност.
Сиријците во енклавата се загрижени дека Дамаск ќе ја задуши помошта доколку турската рута биде затворена и владата ги контролира тековите. Во меѓувреме, хуманитарните агенции истражуваат начини да продолжат да тече помош во областа, вклучително и преку областите под контрола на владата.
„ОН и партнерите ќе продолжат да бараат начини да ги прошират точките за пристап и да обезбедат помошта да стигне до најранливите“, рече Ел-Мостафа Бенламлих, највисокиот хуманитарен претставник на ОН за Сирија.
„За да се осигура дека помошта ќе стигне до оние на кои им е најпотребна ќе бара политичка волја од сите актери. Сирискиот амбасадор во ОН Басам Сабаг побара помош од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на состанокот во понеделникот.
Но, тој додаде дека протокот на помош мора да биде координиран со владата и да се достави преку Сирија, а не преку турската граница.
Сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Мекдад оваа недела рече дека владата е подготвена „да дозволи помошта да влезе во сите региони сè додека не стигне до вооружените терористички групи“, мислејќи на бунтовниците.
Мекдад изјави за арапскиот радиодифузер Ал-Мајадин дека санкциите ја „зголемуваат тешкотијата на катастрофата“. Сириската Црвена полумесечина со седиште во Дамаск повика на укинување на санкциите, кои сириската влада долго време ги обвинуваше за зголемени економски тешкотии. Вашингтон ги заостри санкциите во 2020 година.
Западните држави велат дека имаат за цел да го притиснат Асад да ја прекине репресијата и да преговара за политичко решение. Соединетите Држави велат дека санкциите не се насочени кон хуманитарна помош. Џошуа Лендис, раководител на Центарот за блискоисточни студии на Универзитетот во Оклахома, смета дека Дамаск се обидува да ја искористи помошта „за да го легитимира режимот“. „Постои излив на сочувство од сите Арапи и целиот свет за Сиријците кои толку многу страдаа. Асад ќе се обиде да го искористи ова“, вели тој.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.