Достапни линкови

Бесни пожари и политички суети


Пожар во Кочани. Неколку граѓани побарале помош поради отежнато дишење од чадот. Оштетени се куќи и возила. 02.08.2021.
Пожар во Кочани. Неколку граѓани побарале помош поради отежнато дишење од чадот. Оштетени се куќи и возила. 02.08.2021.

Пожарот во Кочани е ставен под контрола и избегнати се поголеми материјални штети и човечки жртви, но прашањето што се поставува е дали државата навремено и соодветно реагираше

Деветтемина жители на Кочани кои побараа лекарска помош поради вдишување на чад од пожарот кој се закануваше да го зафати градот се во добра здравствена состојба и се пуштени дома, а нема повредени со изгореници, информираат од Министерството за здравство. Пожарот во Кочани е ставен под контрола, a низ земјава активни се и други пожари. Движењето во шумските предели од денеска е забрането, а според најавите од метеролозите топлото време ќе продолжи деновиве.

Од ваквите кратки информации произлегуваат и неколку прашања- зошто од сега се прогласува забрана за движење низ шуми кога времето е топло со денови, а пожари беснеат во соседството, дали се задоцни со реакцијата во Кочани ако се земе предвид дека кочанчани реагираа на социјалните мрежи дека еден период никој не им помагал, дали се доцни со сервисирање и набавка на опрема?


Се создаде паника, а паниката убива и во војна и во мир, рече директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов коментирајќи ги некои од пишувањата на социјалните мрежи додека траеше пожарот во Кочани, а кои алудираа дека состојбата е страшна, а државата не презема ништо.

Кога чадот се крена, се виде дека се изгорени покриви на две куќи, неколку автомобили и едно трло, рече Ангелов, кој долго објаснуваше што се лично преземал. Нагласи и дека засега нема намера да даде оставка бидејќи „Републиката е во пламен“, а затоа ќе размислел по анализата за интервенциите во гаснењето на пожарите.

Дел од причините за начинот на кој се гаснеше пожарот ги лоцираше во системот и опремата, неколкупати споменувајќи дека тоа е така со децении.

„Опремата во противпожатните единици е застарена, делумно на некои места е подновена, но тука има многи работа ,а треба и целосна длабока реформа на целиот систем за управување со кризи“ рече Ангелов.

Дел од прашањата за реакцијата на државата Радио Слободна Европа му ги постави на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Ние сме последната инситутција во синџирот кој требаше да реагира, одговара тој на прашањето дали можеа да реагираат побрзо. И тој рече дека реагирал брзо.

Максути: ние бевме на терен пред да побараат помош од нас
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:41 0:00
Директен линк


„Јас не чекав барање или покана од градоначалникот на Кочани ниту од градоначалничката на Старо Нагоричани туку јас интервенирав и пред тоа да го побараат официјално од мене“, вели Максути.

Тој тврди дека први кои требало да реагираат се Македонски шуми, потоа, против пожарните единици на општините, а трети се тие. И од Пожарна Скопје кои отидоа во Кочани за да помогнат во справување со пожарот се пофалија за својата интервенција на својот профил на Социјалните мрежи, но и наведоа- „нема да коментираме други институции кои потфрлија”.

И додека сите засегнати споменуваат институции кои требало да реагираат критики за неспремност опозицијата упати и поради несервисирани авиони за гаснење на пожари. Таа вест всушност е позната одамна, а Максути во мај за РСЕ рече дека „ се надева дека до критичните месеци, кога има најмногу пожари авионите ќе бидат ставени во функција“. Сега тој вели дека денеска ќе дојдат операторите, а дека тоа нема врска со вчерашниот пожар во Кочани туку дека било планирано од пред еден месец.

„Мислам дека до крајот на неделата ние би имале активен договор“, вели Максути.

Инаку, дирекцијата поседува три против пожарни авиони од фирмата Ер Трактор стари над десет години, а освен овие авиони армијата има три летала оспособени за гаснење пожари. Но тие не можеа да реагираат во кочанскиот пожар затоа што, како што соопшти претседателот Стево Пендаровски не се оспособени за ноќни летања.

Според процедурата, ако пожарникарите не можат да го изгаснат пожарот, се бара помош од Дирекцијата за заштита и спасување, која одлучува дали да се вклучат и противпожарните авиони. Авионите се само за непристапни места или доколку пожарот излезе од контрола и ситуацијата ескалира.

Според ланското истражување на Центарот за граѓански комуникации, пак, во земјава има вкупно 241 противпожарно возило, со просечна старост на возилата од 28 години.

Ова не е првпат државава да реагира неспремно на елементарна непогода, а ветувањата по секоја се дека системот ќе реагира поспремно. Во август 2016 година по силниот дожд во Скопје од поплавите во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново загинаа 22 лица, а критиките беа дека тоа меѓудругото тоа се случува и поради запуштени одводни канали, запуштена атмосферска канализација, неподготвеност за заштита од порои.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG