Достапни линкови

Пандемијата го забрза дигитализирањето на бизнисите


smart speaker Yandex Station
smart speaker Yandex Station

На почеткот на пандемијата класичната продажба се намали а се зголеми побарувачката на производи на интернет. Искуствата покажуваат дека во изолациите подобро поминале некои компании кои услугите ги понудиле онлајн, но има и сфери каде дигитализацијата на продажбата, не е спас за бизнисите.

Првите денови од почетокот на пандемијата која донесе органичувања на движењата и затворања на продавници вработените во мало продажбата ги дочекаа со истата загриженост како и многу други работници зашто граѓаните чувствуваа психолошки притисок и не одеа во продавници.

Но, потоа некои претприемачи продажбата ја префрлија на интернет и тоа им донесе неочекуван раст на бизнисот.

Македонците, според официјалните податоци достапни од Народната Банка, во првите шест месеци од 2020 година направиле 4,3 милијарди денари со платежни картички во домашните интернет продавници што е раст од 113% споредбено со првите шест месеци од 2019 година.

Според официјалните податоци, во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба, односно е-продавници, што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година.

Намалениот промет мотив за набавка на софтвер за дигитализација

Иван Калинов директор на компанијата за мало продажба на електро материјали со 12 класични продавници, за Радио Слободна Европа вели дека тие размислувале и се подготвувале за дигитализација на продажбата и без корона вирусот, но оти пандемијата таа одлука само ја потврдила и забрзала.

“Пандемијата не натера да го забрзаме процесот зашто во периодот кога се беше затворено многу од клиентите се јавуваа и бараа дел од производите да им ги доставуваме до дома. Но, немавме платформа за онлајн купување и решивме да го забрзаме тој процес и годинава тоа да го стартуваме како проект. Нашиот бизнис план беше во 2021 да се развиваме кон онлајн купување, но пандемијата и настанатиот проблем со намалување на прометот не натера забрзано да размислуваме и да го дигитализираме нашиот дел за продажба”

Калинов вели дека се распрашале како да ја подобрат продажбата и виделе дека со корона вирусот за време на изолацијата подобро се избориле некои од компаниите кои услугите на купувачите им ги понудиле преку интернет страница.

“Направивме анкета за да водиме какво е исксуството и прометот. Да кажам, дека на пример за еден наш соработник, една интернет страница заменува промет на маркет од 1000 квадрати. Тоа кажува дека е развиена свеста кај купувачите и доста купувачи се определуваат да пазарат онлајн”

Раст на онлајн продажба на храна и секојдневите производи

Во Македонија поради пандемијата зголемена онлајн продажбата има на прехранбените и секојдневните производи, покажуваат податоците на Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија .

Виктор Стојковски генерален секретар на Асоцијацијата за е трговија ни кажа дека овие податоци се добиени од анализата на напредокот на предусловите за развој на е–трговијата, како и на растот на направените онлајн трансакции од 2017-2019 со посебен осврт на влијанието на ковид 19

Бил направен прашалник со е-купувачите за да се согледаат онлајн потрошувачките навики во услови на ковид -19. Тој покажал дека има и намалување на продажбата преку интернет во сфери кои беа најмногу погодени од пандемијата, а дека македонските е-купувачи како и европските најмногу купуваат облека и спортска опрема.

“За време на Ковид кризата и натаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика. Значително намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги”, вели Виктор Стојковски генерален секретар на Асоцијацијата за е трговија

ИТ секторот и Пандемијата

Програмерите но и сите вработени во ИТ секторот официјално најмалку ги почувствуваа последиците од пандемијата со вирусот. Тоа се квалификувни работници на кои не им влијае воопшто дали ќе работат од дома или од канцеларија

Сепак Влора Адеми, заменик претседател на Стопанската комора од северозападна Македонија и сопственик на бизнис од ИТ сферата, вели дека дигиталниот секторт доживува експанзија и без корона вирусот, но укажува дека ако пандемијата потрае и овој сектор нема да остане незагрозен поради влијанието на погодените гранки. Компанијата на Адеми од почетокот на пандемијата во март има раст на бројот на вработени, но ,од друга страна, бележи намалување на побарувачака за пообемни софтвери.

“Ние во работата немавме прекин и условно бевме во подобра ситуација. Но долгорочно и ИТ секторот ќе биде засегнат ако пандемијата потрае. Вие може да развивате дигитален продукт или да направите сајт. Но, другата страна тука е и купувачот кој треба да размисли дали би инвестирал во софтвер. Не зборувам за креирање на сајт или онлајн продавници, кои не чинат многу, туку за пообемни софтвери кои дигитализираат процеси и чинат над 100 илјади евра”вели Флора Адеми.

Но, Виктор Стојковски од Асоцијацијата за е трговија размислува поинаку. Тој вели дека поради пандемијата може да има намалување на работата во ИТ компании кои имаат клиенти од индустриите погодени од пандемијата, додавајќи дека во некои сфери на бизнисот и дигитализирањето не од помош.

“На пример ако ИТ компанија работи софтвери за хотелиерство или туризам и угостителство, нормално ќе биде погодени, вели Виктор додавајќи дека исто така и компании кои организираат настани, концерти и слични манифестации не ги спасува ништо во услови на пандемија , па ни е -трговија зашто економски се многу погодени од пандемијата која ги сведе на минимум движењата на лужето.”

Пораст на користењето платежни картички

Според официјалните податоци достапни од Народната Банка, во првите шест месеци од 2020 година се бележи раст и во издадени платежни картички кој во јуни изнесува 2.124.359. Во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба, односно е-продавници, што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година.

Како најголем предизвик за е-трговците во истражувзњето на Асоцијацијата пак, се истакнува ниското ниво на дигитални вештини кај населението.

Сепак, 76% од испитаниците се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн и по завршување на кризата со пандемијата. Како предности на е трговијата испитаниците ги навеле пониската цена и бесплатна достава, заштедата на време, флексибилноста да купуваат било кога, било од каде.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG