Достапни линкови

Гробот на Гоце Делчев, Скопје, црква Свети Спас, 04.02.2023
Гробот на Гоце Делчев, Скопје, црква Свети Спас, 04.02.2023

Напнато, но мирно одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

Со блокирана улица и многу полиција околу местото каде е погребан револуционерот Гоце Делчев, одбележана годишнината од неговото раѓање. Гробот во црквата Свети Спас во Скопје го посетија делегации од Македонија и од Бугарија.

  • Македонски државни и партиски делегации му оддадоа почит на Гоце Делчев
  • Панихида одржа поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан
  • Полицијата пропушташе и граѓани во помали групи
  • Гробот на Гоце Делчев го посети и бугарска државна делегација
  • Бугарски државјани кои сакаа да дојдат во Македонија имаа проблеми на границата
  • На некои не им беше дозволен влез во Македонија
  • МВР претходно соопшти дека нема да дозволи никакви инциденти и провокации
09:17 4.2.2023

Хеликоптери од рани зори

09:31 4.2.2023

Делегации од Македонија на гробот на Гоце Делчев

Држави и партиски делегации од Македонија веќе почнаа да му оддаваат почит на Гоце Делчев по повод неговото раѓање пред 151 година. Се се одвива според утврден протокол.

Почна чествувањето на роденденот на Гоце Делчев
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00

10:09 4.2.2023

На граничниот премин Деве Баир засега нема раздвиженост

Бугарските делегации, кои се најавени дека ќе дојдат во Скопје, на роденденот на Гоце Делчев, сеуште не се пристигнати. На граничниот премин Деве Баир, заега нема поголема раздвиженост.

На граничниот премин Деве Баир засега нема раздвиженост
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

10:10 4.2.2023

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG