Достапни линкови

Најмногу интернет користат Швеѓаните, а најмалку Бугарите


Илустрација
Илустрација

Користењето интернет во Европската унија забрзано расте од 2007 година, кога корисници биле 57 проценти од граѓаните, наспроти денешните 87 проценти.

Во 2019 година, 87 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле интернет, со тоа што најмногу го користеле граѓаните во Шведска, односно 98 проценти, а најмалку, 68 проценти, во Бугарија.
Граѓаните на ЕУ најчесто ги користеле услугите за електронска пошта, проследени со информациите за стоки и услуги, испраќање кратки пораки, читање интернет-весници и списанија, а секој петти корисник продава стоки и услуги преку интернет, објави Евростат.

Околу 57 отсто од граѓаните на ЕУ користат интернет за да бидат активни на социјалните мрежи, за да бараат здравствени информации, за да слушаат музика и за да остварат телефонски или видеоповици.

Истражувањето на Евростат покажало дека за онлајн-учење е заинтересиран секој четврти корисник на интернет во ЕУ, додека 30 отсто од корисниците преземаат и споделуваат содржини што сами ги создале.

Користењето интернет во Европската Унија забрзано расте од 2007 година, кога корисници биле 57 проценти од граѓаните.

XS
SM
MD
LG