Достапни линкови

Можни сценарија по одлуката на Собранието на Република Српска


Специјалната седница на Народното собрание на Република Српска, Бања Лука, 10 декември 2021 година.
Специјалната седница на Народното собрание на Република Српска, Бања Лука, 10 декември 2021 година.

Неколку денови откако Собранието на Република Српска гласаше за заклучоците за „пренесување на надлежностите од БиХ на ниво на РС“, високиот претставник на Меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит ги осуди „радикалните политички активности и реторика“. Горан Катиќ

Во изјавата Кристијан Шмит наведува дека таквите активности во изминатите неколку дена биле закана за стабилноста во Босна и Херцеговина и ги поткопале изгледите на сите граѓани, вклучително и граѓаните на Република Српска.

Осудувајќи ги актите усвоени од Собранието на ентитетот Република Српска во врска со „преносот на надлежностите“ во областа на индиректното оданочување, правдата, одбраната и безбедноста, Шмит не споменува санкции или употреба на овластувањата од Бон, според кои тој може да наметнува или менува закони, да отстранува избрани и да именува политички и други функционери.

Високиот претставник во БиХ ја предупреди Република Српска дека го прекршува Дејтонскиот договор

Наместо тоа, Шмит повикува на дијалог. „Подготвен сум да придонесам за оваа цел на решителен и одговорен начин. Дијалогот има предност пред секоја друга форма на дејствување. Тоа е суштината на демократијата и тоа е она што е потребно за дејтонските институции да функционираат во интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението Високиот претставник.

Што беше решено во Бања Лука?

Според заклучоците од седницата на 10 декември, Националното собрание ја задолжи Владата на РС да ги испрати во парламентот во рок од шест месеци законот за данокот на додадена вредност, законот за акцизи, законот за Високиот судски и обвинителски совет на РС, како и законите од областа на одбраната и безбедноста.

Со стапувањето во сила на овие закони, во РС ќе престанат да важат законските решенија кои ги третираат овие области на територијата на цела БиХ.

Претходно, на 20 октомври Собранието на РС донесе закон за лекови и медицински помагала со кој се предвидува формирање на ентитетска агенција за лекови, наместо она на државно ниво која работи од 2009 година.

На седницата на Собранието беше усвоена и Декларацијата за уставните принципи на РС, во која се прецизира дека „сите закони наметнати од високиот претставник се противуставни“.

Тука пред сѐ станува збор за законот донесен од поранешниот висок претставник на БиХ Валентин Инцко на крајот од јули, со кој се забранува негирање на геноцид и воени злосторства.

Што преземаат во Обвинителството на БиХ?

Обвинителството на Босна и Херцеговина за РСЕ наведува дека „ги следи активностите и случувањата во предметите од негова надлежност и презема мерки доколку се појави потреба од активности на Обвинителството на БиХ“.

Токму овластувањата на оваа судска институција, заедно со Судот на БиХ, Собранието на Република Српска сака да ги пренесе од државата на ентитетот РС.

Жељко Комшиќ
Жељко Комшиќ

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ побара од Обвинителството да поведе постапка против лицата кои ги донеле заклучоците по итна постапка.

Додик повика и на референдум и на преговори за војската

Тој изјави дека тие „директно го поткопуваат уставниот поредок на државата Босна и Херцеговина и го нарушуваат мирот и стабилноста во државата“.

Кои можат да бидат правните последици?

Касим Трнка, професор по уставно право, за Радио Слободна Европа изјави дека државните институции ќе мора да реагираат доколку парламентот на РС усвои законски обврзувачки акти кои го доведуваат во прашање уставниот поредок на БиХ.

Тој потсетува дека лавината веќе започнала кога се донесе Законот за Агенцијата за лекови на Република Српска. Но, тој посочува дека се уште формално не се донесени прописи, туку само заклучоци.

„Доколку се направат конкретни потези во однос на заклучоците, а Обвинителството оцени дека се работи за напад на уставниот поредок, тогаш суштината на кривичното дело е исполнета“, вели Трнка.

Тој потсетува дека во Уставот стои дека сѐ што не е експлицитно наведено каква е надлежност на субјектите, но и дека веднаш потоа е наведено дека субјектите се обврзани да почнат преговори за префрлање на надлежностите на БиХ.

Трнка објаснува дека БиХ има право да воспостави надлежности доколку е потребно за зачувување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност.

„Значи, сѐ е определено со закони на ниво на БиХ. И не е доволно само да се повлече политичката согласност, туку треба да бараме промена на законот на државно ниво“, нагласува Трнка, потсетувајќи дека, доколку има законска обврска, постојат механизми да се спречи донесувањето на такви закони, како што е Советот на народите на РС или Уставниот суд на БиХ.

Кои се економските последици?

Економската аналитичарка Светлана Цениќ за РСЕ оценува дека новите потези ќе бидат катастрофални за економијата, особено ако дојде до повлекување од системот на индиректно оданочување.

Ескобар- Во БиХ нема да има војна

„Повлекувањето од Управата ќе значи драстичен пад на приходите, тоа ќе значи и двојно оданочување“, рече Цениќ. Таа додава дека тоа ќе влијае и врз заминувањето на населението, бидејќи уште повеќе луѓе ќе ја напуштат државата, бидејќи не можат да ја издржат неизвесноста во која живеат.

Иако Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ и де факто лидер на Србите во БиХ, најави дека во случај на санкции ќе се сврти кон Кина и Русија, таа објаснува дека тоа е далеку од идеално решение.

„Кина навистина не дава грантови. Кина ви дава заеми, како и на Србија, а потоа се разбира тука се и цените на тие заеми. Ние дури и не видовме заеми од Русија, бидејќи тие никогаш не стигнаа, мали, големи, вакви или онакви“, истакнува Цениќ.

Таа оценува дека куповната моќ на граѓаните ќе падне, дека производите ќе поскапат, а производите од Република Српска ќе бидат уште помалку конкурентни. Цениќ очекува санкции за претставниците на РС, иако „неофицијални“.

„Ги знаете оние тивки санкции кои понекогаш се многу полоши од гласно објавените. Тие почнуваат да ве избегнуваат како да сте заразни, не ве канат на состаноци, немате пари, не ви даваат или ако ви даваат тие се прескапи, бидејќи светските брокери профитираат од такви ситуации и во такви земји“, вели Цениќ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG