Достапни линкови

Минималната плата во сенка на војната во Украина - вие коментирате


Уништени објекти во Киев

Најмногу коментари од нашите читатели на социјалните мрежи има за војната во Украина. Домашните теми, како барањето за повисоки плати или економската состојба, како да паднаа во втор план.

Можеби не е доволна помошта од по 1000 денари за месеците март, април и мај за примателите на гарантирана минимална помош, но намерата на Владата е во период на ковид криза, во период на економска криза да покрие што поголем број граѓани, вели покрај другото министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска во неделното интервју за РСЕ. Само минатата година, на пример, имало дополнителни илјада семејства што примаат минимална помош. Ја цитираме само објавата на Зоран Трајановски кој смета дека „Преживуваме во светот каде што богатите се сè повеќе богати, а сиромашните сè повеќе сиромашни. Глобализацијата беше брутализација во суштина.“

Тренчевска - Ќе има интензивни контроли за исплата на минимална плата
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:17 0:00

По информацијата на РСЕ за протестот на независните синдикати на полицијата и на просветните работници пред Владата кои побараа усогласување на платите со минималната плата нема ниеден коментар. Зачудува затоа што обично социјалните теми се предизвик за посетителите на нашата ФБ страница.
Има малку повеќе коментари во врска со меѓупартиските обвинувања на опозицијата и власта за тоа кој повеќе троши. Христијан Мицкоски вели државата била последна во регионот според растот на БДП, а од СДСМ му порачуваат да ги повика своите градоначалници да го запрат нивното недомаќинско трошење. Ицко Мрша напишал: „Само нови избори ништо друго, не ја бива оваа власт“, но Анна Јакимова со забелешка: „Освен предвремени избори некоја друга идеја има?!“

Украинци повторно на протести против руските војници
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00

На ФБ страницата на РСЕ најмногу постови за војната во Украина, но загриженоста ја комбинираат со негативни коментари за САД и ЕУ, величајќи го рускиот претседател Владимир Путин, а напаѓајќи го американскиот претседател Џо Бајден.

Нашата денешна најнова информација дека претседателот Џо Бајден ќе ја посети Европа, но дека посета на Украина не е планирана - со коментари кој од кој со поголеми лични навреди на претседателот на САД, исто како и по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е подготвен да разговара со Путин. „Мислам дека не можеме да ја завршиме оваа војна без преговори“, изјави Зеленски. А руските напади и бомбардирања на неколку украински градови и на главниот град Киев – продолжуваат. Јелисавета Гончаренко напишала: „Чекаше да се разруши Украина и да има жртви, па ти паметниот да разговараш. Треба да размисли Путин дали ќе разговара со тебе“. Билјана Апостолова вели: „Конечно ти текна“, а Никола Сарајлија Македонски извикува: „Може и без преговори, со капитулација побрзо ќе заврши!“ Редовниот Лута Ахмети вели дека „Крајот на Путин се гледа од неговите сограѓани, веќе и негови блиски му вртат грб и милијардерите, жално народот ќе му гладува до кога ќе трае војната.“ Роберт Ангеловски го напаѓа Лута Ахмети дека гледал многу западни пропаганди и објавите на ФБ продолжуваат сè во овој стил по сите информации за случувањата во Украина.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG