Достапни линкови

Кој ќе победи на претседателските избори во Бугарија?


Румен Радев, Анастас Герџиков, Лозан Панов - кандидати за претседател на Бугарија

До пред неколку дена во Бугарија се чинеше дека кандидатурата на актуелниот претседател Румен Радев нема алтернатива, а исходот од претседателските избори се чинеше предодреден. Меѓутоа, со објавувањето на две нови номинации, работите се сменија. Дамјана Велева

Во минатиот петок, иницијативен комитет го номинираше ректорот на Софискиот универзитет, проф. Анастас Герџиков. Претседател на комитетот е поранешниот пратеник на ГЕРБ Радомир Чолаков.

Во иницијативата учествуваа и други членови на ГЕРБ, како што се градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова и градоначалникот на Бургас Димитар Николов.

На изборите во Бугарија ќе учествуваат 22 партии и седум коалиции

Истиот ден, водачот на ГЕРБ, Бојко Борисов, потврди дека неговата партија ќе ја поддржи номинацијата на Герџиков за претседателските избори што треба да се одржат на 14 ноември.

Ден потоа граѓанската иницијатива „Правда за секого“ го предложи претседателот на Врховниот апелациски суд Лозан Панов за шеф на државата.

Двете нови кандидатури ја направија претседателската трка поинтересна, коментираат за Радио Слободна Европа социологот Геновева Петрова од Агенцијата за истражување Алфа и политикологот Евгениј Дајнов од Новиот бугарски универзитет.

Според Петрова, вториот круг се чини се поверојатен, а Дајнов верува дека ќе има интересни дебати на теми за правдата и корупцијата.

Геновева Петрова вели дека двајцата нови кандидати дефинитивно носат повеќе интриги на претседателските избори, кои „досега изгледаа релативно здодевно“.

Румен Радев
Румен Радев

Според неа, тие сигурно ќе го попречат претседателот Радев на пат кон втор мандат. „Но, дали ќе успеат да го победат, ќе стане јасно за време на кампањата. Во секој случај, неговата ситуација не е толку лесна како што изгледаше пред една или две недели“, изјави Петрова за Радио Слободна Европа.

Радев ги распиша парламентарните избори за 14 ноември

Таа додава дека се уште е рано да се предвидува кој ќе стигне до евентуален втор круг, но во оваа фаза вториот круг „се чини поверојатен“.

Политикологот Евгениј Дајнов, исто така, смета дека последните денови внесоа возбуда во претседателската трка.

Анастас Герџиков
Анастас Герџиков

Според него, сепак, тоа се должи само на вклучувањето на Лозан Панов, а не на номинацијата на Анастас Герџиков.

„Работите се сменија не толку со појавата на Герџиков, зад кого е номенклатурата на ГЕРБ и соработничките кругови. Работите се сменија со појавувањето на Лозан Панов, кој, прво, темата за правда и корупција ја одржува многу силна и остра, и второ, има несогласувања со некои од работите што ги направи Радев“, вели Дајнов за Радио Слободна Европа, додавајќи дека Радев и Панов не се согласуваат за некои клучни теми, како на пример: „што значи правда, што значи владеење на правото и што значи судска реформа“.

Дајнов се надева дека во текот на кампањата, гласачите ќе бидат сведоци на значајни дебати. „Не очекувам ништо од Герџиков, но очекувам судир на идеи од Радев и Панов“, рече Дајнов.

Лозан Панов
Лозан Панов

„Панов ќе претставува многу широк круг демократски размислувачки луѓе и очигледно ќе го критикува Румен Радев за неговите пропусти. Ова ќе биде интересно “, коментира политикологот, додавајќи: „Ова може да биде нормализација на бугарската политика доколку не почнат да викаат едни на други. Да се расправате - да, но да викате - не, забрането е“.

Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември

Геновева Петрова од Алфа Истражување, исто така, очекува разговори за идеи за време на претседателската кампања, главно поради фактот што ќе се одвива паралелно со кампањата за парламентарните избори. Станува збор за терти парламентарни избори во Бугарија во оваа година.

„Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно и неизбежно ќе влијаат едни на други. Наивно е да се мисли дека претседателската кампања ќе се одвива само на претседателските избори, а парламентарната кампања од друга страна. Верувам дека и двете кампањи нема да молчат за прашања како што се инфлацијата, економската криза, здравствената криза, планот за опоравување, иднината на кампањите за јаглен“.

Другото големо прашање што произлегува по објавувањето на кандидатурите се однесува на потенцијалните гласачи што тројцата ќе можат да ги привлечат.

Дајнов смета дека Лозан Панов ќе ги собере десноцентристичките гласови и оти „левоцентристите ќе се соберат околу Румен Радев“. Според него, Анастас Герџиков ќе се потпре врз тврдото гласачко тело на ГЕРБ.

„ГЕРБ има половина милион клиентела во земјата. Мислам дека половина милион гласови му се гарантирани“, вели Дајнов.

Според Геновева Петрова, тројцата кандидати добиваат многу јасна поддршка од одделни партии, иако се предложени од иницијативни комитети.

Нејзиното предвидување е дека кандидатурата на Румен Радев ќе привлече во многу голема мера левичарски поддржувачи и гласачи на БСП. Кандидатурата на Герџиков во голема мера ќе привлече десничарски поддржувачи и оние кои традиционално се со ГЕРБ.

Според неа, главно поддржувачите на Демократска Бугарија ќе гласаат за Лозан Панов.

„Она што е интересно овде, како и за парламентарното гласање, е да се види дали поддршката особено за Лозан Панов и делумно за Румен Радев на крајот ќе формира поголема заедница отколку гласањето против ГЕРБ или гласањето против ГЕРБ ќе се подели меѓу овие двајца кандидати“, коментира Петрова.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG