Достапни линкови

Инстаграм воведува пријавување лажни вести


U.S. -- A journalist makes a video of the Instagram logo - generic
U.S. -- A journalist makes a video of the Instagram logo - generic

Социјалната мрежа Инстаграм воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. Корисниците, кои сакаат да пријават дека некоја содржина е лажна вест, ќе треба да кликнат на трите точки (менито) во горниот десен агол и да обележат „несоодветно“ или „лажно“, што се однесува на објавата.

Меѓутоа, таа содржина нема веднаш да биде оквалификувана како лажна вест, туку ќе биде откако посебен тим на Инстаграм ќе ја провери содржината.

Тоа значи дека корисниот на Инстаграм само обележува, односно само пријавува некоја содржина за која мисли дека е лажна, а не ја оквалификува директно како лажна вест.

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј, изјави дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, на пример со хаштагови, ќе биде минимализирано.

XS
SM
MD
LG