Достапни линкови

Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021
Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021

Избори за локална власт 2021

ВМРО ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори

СДСМ смета дека ке победат во вториот круг поради подобриот коалициски капацитет.

Гласањето беше продолжено поради успорувањето предизвикано од машините за отпечаток од прст.

Сите гласачки места беа отворени навреме.

Право на глас имаа над 1,8 милиони граѓани (1.824.864 лица )

Не беа забележани поголеми проблеми или нерегуларности.

09:51 17.10.2021

ДИК: Како ќе се користи читачот на отпечаток од прст на Локалните избори 2021

Како ќе се користи читачот на отпечаток од прст на Локалните избори 2021
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:35 0:00

10:00 17.10.2021

Проблеми со машините за отпечатоци

Гласењето започна во 7 часот, сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непрчено.

Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии и околу ракувањето со уредите, дел од нив се веќе надминати а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места заради лоши отпечатоци не можат да се препознаат гласачите, гласањето тече со оставање на отпечаток во харитениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес конференција на ДИК.

Александар Даштевски, претседател на ДИК
Александар Даштевски, претседател на ДИК

Од ДИК е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори. Меилот јавно на денешната прва прес конференција го прочита Даштевски:

„Почитувани,

ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

10:01 17.10.2021


10:13 17.10.2021

ВИДЕО: Почеток на гласањето - ситни потешкотии со читачот на отпечатоци

Гласање - мали потешкотии со „фингерпринтот“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG