Достапни линкови

Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021
Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021

Избори за локална власт 2021

ВМРО ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори

СДСМ смета дека ке победат во вториот круг поради подобриот коалициски капацитет.

Гласањето беше продолжено поради успорувањето предизвикано од машините за отпечаток од прст.

Сите гласачки места беа отворени навреме.

Право на глас имаа над 1,8 милиони граѓани (1.824.864 лица )

Не беа забележани поголеми проблеми или нерегуларности.

01:22 18.10.2021

Заев – На крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев
Зоран Заев

СДСМ победува или има предност пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјава во првиот круг од локалните избори, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека СДСМ победи во Струмица, Крива Паланка, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Демир Капија, Маврово-Ростуше, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Арачиново, Дебарца, Куманово и се разбира Скопје.

Заев тврди дека ако се пресметаат гласовите на СДСМ и нивните коалициски партнери во централната власт, кои сега настапија самостојно, ќе се види дека „прогресивната коалиција“ има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

01:06 18.10.2021

Даштевски – Изборниот ден заврши успешно

Александар Даштевски, претседател на ДИК
Александар Даштевски, претседател на ДИК

Генерално изборниот ден заврши успешно, без никакви проблеми и се гласаше законски и регуларно, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Даштевски најави поконкретни резултати за утрешниот ден.

00:36 18.10.2021

Шанса за Центар освои тројца советници во Општина Центар

Кандидатите на граѓанската иницијатива Шанса за Центар
Кандидатите на граѓанската иницијатива Шанса за Центар

Независната иницијатива Шанса за Центар вечерва објави дека освоиле три советнички места во Советот на Општина Центар.

„Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму“, објави иницијативата на Фејсбук.

00:09 18.10.2021

Мицкоски прогласи победа на изборите, 20 градоначалници уште во прв круг

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа уште во првиот круг во Штип, Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Виница, Зрновци, Петровец, Илинден, Карбинци, Свети Николе, Јегуновце, Градско, Босилово, Могила и Новаци, а очекуваат во прв круг да победи и кандидатот за градоначалник на Аеродром и Битола, а убедливо водат и во Ѓорче Петров.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на прес-конференција пред полноќ, рече дека победуваат во советите во повеќе од 50 општини. Во првиот круг, вели тој, победуваат во 20 општини и за уште две очекуваат конечни резултати.

Мицкоски рече дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да има 50 илјади гласови повеќе на советничките листи од СДСМ.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG