Достапни линкови

Идејата на Макрон за Западен Балкан надвор од ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон

Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за обединување на земјите кои не се членки на ЕУ во нова политичка организација е всушност обид да се спречи проширувањето на ЕУ, велат експертите Тоби Фогел и Бодо Вебер. Шкелќим Хисенај

Тоби Фогел, експерт за прашања на ЕУ и Западен Балкан од Брисел, смета дека европскиот блок нема да ја поддржи оваа идеја на претседателот Макрон. Тој наведува и дека предлогот е „многу нејасен“ и оти францускиот претседател на тој начин го изразува своето противење за прием на нови земји-членки.

„Јасно е дека проширувањето ЕУ не оди никаде, секако не за Западен Балкан, а една од причините за тоа е претседателот Макрон. Тој беше оној кој го блокираше, на пример, отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија“, изјави Тоби Фогел за Радио Слободна Европа.

Франција се спротивстави на отворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија во 2019 година, кога Макрон оцени дека овие две земји мора да направат поголем напредок.

Говорејќи во Стразбур на 9 мај, Денот на Европа, Макрон, коментирајќи го барањето на Украина за влез во ЕУ по забрзана процедура, рече дека може да поминат децении за да се случи такво нешто.

Од друга страна, претходно претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека во јуни ќе даде оценка за апликацијата на Украина за членство во ЕУ.

Сепак, Макрон е категоричен дека стандардите мора да се почитуваат и дека не треба да се забрза постапката за Украина или друга земја.

За возврат, тој предложи формирање „европска политичка заедница“ која ќе ги обедини земјите кои не се членки на ЕУ, како што е Британија, која го напушти европскиот блок.

Фогел: Јасно е дека проширувањето на ЕУ не оди никаде, секако не за Западен Балкан (фотоархива)
Фогел: Јасно е дека проширувањето на ЕУ не оди никаде, секако не за Западен Балкан (фотоархива)

Фогел оценува дека Макрон со овој предлог сакал да се претстави како пријател на Украина, Грузија, Молдавија и земјите од Западен Балкан, но сепак не го поддржал нивното членство во ЕУ.

„Навистина се сомневам дека зад идејата на Макрон стои идејата како да се комуницира: ќе ви дадеме кандидатски статус, но потоа ќе ве фрлиме во заборав, не да бидете членка, но не и целосно надвор од ЕУ. Тоа е начин да ја држи ЕУ подалеку од Западен“, оценува Фогел.

Макрон бара институцинална реформа во ЕУ

Францускиот претседател Макрон, како и генерално француските претставници, се против проширувањето на ЕУ. Франција со години го блокира процесот на визна либерализација за граѓаните на Косово, иако сите критериуми поставени од ЕУ се исполнети.

Вебер: Предлогот на Макрон е алтернатива на проширувањето

Бодо Вебер, експерт за Балканот од Берлин, исто така, го гледа предлогот на Макрон за формирање нова „европска политичка заедница“ како тенденција за задушување на процесот на проширување.

„Мислам дека она што Макрон го предлага овде е во суштина алтернатива на процесот на проширување на ЕУ, иако избегнува да го каже тоа. Тој е подготвен да најде формат како да го спречи проширувањето на ЕУ“, вели Вебер, кој забележува и дека во ЕУ има големи несогласувања кога станува збор за проширувањето.

Вебер: Макрон е подготвен да најде формат како да го спречи проширувањето на ЕУ (2015)
Вебер: Макрон е подготвен да најде формат како да го спречи проширувањето на ЕУ (2015)

Идејата на Макрон беше поздравена од германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја опиша како „многу интересен предлог за соочување со најголемиот предизвик“.

Сепак, специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин, во интервју за белградската новинска агенција Танјуг на 10 мај изјави дека „Германија сака сите земји од Западен Балкан да имаат иднина во ЕУ“.

Лирман- Билатералните прашања меѓу Софија и Скопје треба билатерално да се решат

Посочувајќи на изјавата на Саразин, Вебер наведува дека германската влада е против членство од втора категорија, особено за земјите од Западен Балкан.

„Значи, германската влада доста добро разбра кон што цели господинот Макрон, а меѓу Франција и Германија има несогласувања во однос на проширувањето на ЕУ, бидејќи Германија продолжува да ги поддржува перспективите за членство во ЕУ, почнувајќи од Западен Балкан“, рече Вебер.

Саразин: Германија сака Западен Балкан да има иднина во ЕУ (фотоархива)
Саразин: Германија сака Западен Балкан да има иднина во ЕУ (фотоархива)

Тој, исто така, смета дека ЕУ треба да го преиспита процесот на проширување, а друг механизам е непотребен, особено за земјите од Западен Балкан, имајќи предвид дека веќе има различни иницијативи кои не се покажале ефикасни, меѓу кои и Берлинскиот процес и Регионалната иницијатива Отворен Балкан.

„Берлинскиот процес“ е иницијатива на неколку земји-членки на ЕУ предводени од Германија, чија цел е зголемување на соработката со земјите од Западен Балкан, унапредување на регионалната соработка и европската перспектива на регионот.

„Отворен Балкан“ е иницијатива покрената од Србија, Албанија и Северна Македонија, со цел создавање заеднички политички и економски простор. Оваа иницијатива не е поддржана ниту од Косово, ниту од Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Како се коментира предлогот на Макрон во регионот?

Владите на Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина не го коментираа предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, додека Србија и Северна Македонија го изразија својот став.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 10 мај изјави дека нема да се меша во процесите на одлучување во Европската унија. „Би сакал да слушнам кој е неговиот конечен план за да можам да се изјаснам“, рече Вучиќ.

Од друга страна, предлогот на Макрон беше поздравен од Северна Македонија. На 11 мај, портпаролот на македонската влада Душко Арсовски рече дека предлогот е „одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале, со оглед на новата геополитичка ситуација“.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, оцени дека предлогот на Макрон се однесува повеќе на Украина, Грузија и Молдавија, но не и на Западен Балкан.

Каде е регионот во процесот на членство?

Северна Македонија аплицираше за членство во ЕУ во 2004 година. Доби кандидатски статус, но сè уште не ги отвори преговорите за членство.

Албанија аплицираше за членство во 2009 година, земја кандидат, но сè уште не ги отвори преговорите за членство.

Шолц-Северна Македонија направи храбри чекори за отпочнување преговори, не треба да ги обесхрабриме

Црна Гора е земја кандидат и ја поднесе својата апликација за пристапување во ЕУ во 2008 година. Србија е исто така земја-кандидат и ја поднесе својата апликација за пристапување во ЕУ во 2009 година.

Косово и Босна и Херцеговина имаат само статус на потенцијална земја кандидат.

Кандидатскиот статус го доделува Европскиот совет врз основа на мислењето на Европската комисија, кое е изготвено по апликацијата за членство во ЕУ.

Потенцијални кандидати се оние земји кои потенцијално би можеле да аплицираат за членство во ЕУ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG