Достапни линкови

Зошто Европа се соочува со зголемени сметки за струја?


Носењето дебела облека дома во текот на зимската сезона може да донесе уште 4 насто заштеда на побарувачката на домаќинствата
Носењето дебела облека дома во текот на зимската сезона може да донесе уште 4 насто заштеда на побарувачката на домаќинствата

Глобалниот пораст на големопродажните цени на струјата и бензинот значи дека домаќинствата ширум Европа се соочуваат со многу повисоки сметки за енергија оваа година, при што најранливите во регионот се изложени на сиромаштија, велат групите на потрошувачи.

Зошто цените се високи?

Енергетските компании плаќаат големопродажна цена за да ги купат гасот и струјата што им ја продаваат на потрошувачите. Како и на секој пазар, ова може да оди нагоре или надолу, водено од понудата и побарувачката. Вообичаено, цените растат како одговор на поголемата побарувачка за греење и осветлување во зима, а паѓаат во лето.

Цените почнаа да растат над историски нормалните нивоа во минатиот септември и дополнително пораснаа по прекинот на снабдувањето поврзан со руската инвазија врз Украина која започна на 24 февруари.

Зимава ќе штедат само богатите, а другите ќе мрзнат во „шупливи“ објекти

Непосредно пред почетокот на војната, германската влада го стопираше гасоводот „Северен тек 2“, кој би го удвоил количеството на руски гас испорачано во Европа и Русија во јули, ги намали количините испумпувани преку Северен тек 1 до 20% од капацитетот, наведувајќи проблеми со одржувањето. Германската влада соопшти дека ова е изговор што го користи Москва за да возврати на западните санкции наметнати поради војната во Украина.

Прекините на работата на француските нуклеарки и топлотниот бран низ Европа ова лето, исто така, ја зголемија побарувачката. Референтните цени на европскиот бензин во холандскиот центар ТТФ се зголемија за речиси 350 насто на годишно ниво, додека германските и француските договори за електрична енергија во првата година пораснаа за 540, односно 790 насто, соодветно.

Колку може да трае ова?

Многу аналитичари на пазарот на гас очекуваат цените да останат високи во следните две или повеќе години. Глобалната конкуренција за гас и јаглен оваа зима се очекува да го спречи падот на цените.

Секое дополнително нарушување на снабдувањето со руски гас, како што е целосно прекинување преку Северен тек 1, ќе ги зголеми цените.

Иако европските земји се на пат да ги надополнат местата за складирање гас на минимално ниво од 80 проценти до 1 октомври, дополнителна студена зима може брзо да ги исцрпи тие резерви.

Зошто се зголемуваат цените?

Многу добавувачи на енергија пренесуваат повисоки трошоци од големопродажбата врз потрошувачите преку нивните малопродажни тарифи. Во Британија, на пример, на сметка за двојно гориво (електрична енергија и гас), трошокот за големопродажба може да изнесува 40 насто од вкупниот износ.

Добавувачите можат да купат енергија на пазарот на големо на денот на испораката, но и неколку месеци или сезони однапред, обидувајќи се да предвидат кога цените ќе бидат пониски и колку да купат за да ги покријат потребите на нивните клиенти.

Ако добавувачите не купуваат доволно енергија, можеби ќе треба да купат повеќе по цена што може да биде повисока, во зависност од движењата на пазарот.

Владини мерки

Европската унија во јули побара од своите земји-членки доброволно да ја намалат побарувачката на гас за 15 проценти оваа зима со можното воведување задолжителни кратења.

Неколку европски влади веќе презедоа мерки за намалување на потрошувачката пред објавувањето, како што се нивоата на климатизација и греење во јавните и комерцијалните згради.

Германија премина во втората фаза од тристепениот план за итен гас. Третата фаза предвидува намалување на понудата за индустријата.

Дрва за огрев по солени цени, пелети „ни за лек“

Исто така, ќе воведе и давачка за гас за распределба на високите трошоци за замена на рускиот гас меѓу сите крајни потрошувачи од октомври, но тоа би можело да доведе до зголемување на германските сметки за енергија за уште 480 евра годишно.

Владите, исто така, најавија мерки како што се субвенции, отстранување на еколошките давачки или ДДВ од сметките и ограничувањата на цените.

Британија, која во голема мера се потпира врз гас за греење, воведе ограничување на цените на најшироко користените енергетски тарифи во 2019 година што поставува максимални трошоци по единица енергија и го ограничува профитот на добавувачите на 1,9 насто.

Сепак, се проценува дека ограничувањето ќе се зголеми на над 5.075,28 долари годишно во јануари, што е за 230 проценти повеќе во однос на претходната година.

Што може да прават потрошувачите?

Домаќинствата сочинуваат 30-40 проценти од побарувачката на гас во Европа. Околу 80 насто од побарувачката на гас за домаќинствата е за греење, додека остатокот е за топла вода и готвење. Обично побарувачката е поголема во зимската сезона, која трае од октомври до март.

Според аналитичарите, одредени мерки на домаќинствата би можеле да ја намалат побарувачката на гас за домаќинствата за една третина. Намалувањето на термостатот за 1 степен на 19 од 20 Целзиусови степени може да ја намали побарувачката на гас за домаќинствата за околу 7 насто.

Бум до уништување: Путин го жртвува профитабилниот европски пазар на Гаспром

Намалувањето на температурата за уште еден степен може да ја намали побарувачката на гас за домаќинствата за дополнителни 7 проценти.

Носењето дебела облека дома во текот на зимската сезона може да донесе уште 4 насто заштеда на побарувачката на домаќинствата.

Одложување на греењето за ноември од октомври и прекин на греењето во февруари наместо март може да заштеди 3 до 6 проценти. Исклучувањето на радијаторите во просториите што не се користат и туширањето наместо лежењето во када можат да заштедат дополнителни 7 проценти струја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG