Достапни линкови

Запорожје - обид за спречување нова нуклеарна катастрофа


Нуклеарната централа Запорожје, 22 август 2022 година

Мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе ја посети нуклеарната централа Запорожје во Украина, објави денеска на Твитер шефот на агенцијата Рафаел Гроси. Тимот експерти би требало да пристигне во најголемата атомска централа во Европа „подоцна неделава“.

„Мораме да ја заштитиме безбедноста на најголемиот нуклеарен капацитет на Украина и Европа“, напиша Гроси, додавајќи дека тој ќе ја води мисијата. Заробена од руските војници во март, но управувана од украински персонал. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека нема да го коментира патувањето со мисијата на МААЕ „од безбедносни причини“.

Стравувањата за безбедноста во објектот ескалираа во последните недели бидејќи Киев и Москва ја разменија вината за ракетни напади околу објектот во јужниот украински град Енерходар.

Приведени двајца работници од централата Запорожје за пренесување информации на Украина

МААЕ на 28 август објави дека нивоата на радијација се нормални, дека работат два од шесте реактори на централата во Запорожје и дека иако сè уште не е направена целосна проценка, неодамнешните борби оштетиле водовод, откако е поправен. апорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, беше главното жариште во шестмесечниот конфликт при што двете страни ја разменуваат вината за неодамнешните гранатирања во близина на централата.

Последниот од четирите редовни далноводи што ја снабдуваат руската нуклеарна централа во Запорожје во Украина беше накратко прекинат во минатиот четврток, што значи дека централата мораше да прибегне кон резервна енергија за прв пат, намалувајќи ја својата одбрана од топење.

Во сите нуклеарни централи, фисијата на нуклеарното гориво испушта топлина за потоа да произведе пареа што ги движи турбините за да генерираат електрична енергија. Тој процес мора да се контролира за да се спречи верижна реакција која ќе се прегрее и во најлош случај ќе предизвика топење како оние во Чорнобил или Фукушима.

Запорожје, во јужна Украина, окупирана од Русија, во близина на линиите на фронтот долж главната река Дњепар, е најголемата нуклеарна централа во Европа и нејзината област постојано е цел на гранатирање во изминатите неколку недели.

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарката Запорожје

Реакторите како шесте во Запорожје, од кои два се во функција, имаат основно коло за ладење во кое електричните пумпи туркаат вода низ јадрото на реакторот. Одржувањето на напојување е од клучно значење за таа работа.

„Ако ладењето е прекинато, горивото може да се загрее во рок од неколку часа до температура на која може да се оштети и да почне да ослободува високо радиоактивни производи за фисија“, вели Едвин Лајман, директор за безбедност на нуклеарната енергија во Унијата на Загрижените научници со седиште во САД.

Нуклеарка во опасност, Украина се подготвува за најлошото
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

„Доколку на крајот не се обнови соодветното ладење, горивото може да се стопи низ челичниот сад на реакторот и - во најтешката ситуација - конструкцијата за задржување може да истече или да пукне, ослободувајќи производи од фисија во околината. Ако реакторот се исклучи, горивото, како и она потрошеното, и не може да остане без ладење подолго време.

„Тие мора да имаат струја за централата. Тие мора да го одржуваат нуклеарното гориво ладно во реакторот“, вели Марк Хибс, виш соработник во Програмата за нуклеарна политика во Карнеги фондацијата за меѓународен мир. Со оглед на важноста на напојувањето, вградени се и резервни.

Постојат четири редовни далноводи од 750 киловолти дизајнирани да ја снабдуваат нуклеарката Запорожје, но три од нив „се изгубија порано за време на конфликтот“, се вели во соопштението на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Украина ја информираше агенцијата дека четвртата линија била прекината најмалку двапати во четвртокот, но подоцна била обновена. Тоа беше првпат сите четири редовни линии да се прекинат. Причината не е веднаш јасна, соопшти МААЕ.

Покрај редовните линии, Запорожје има резервна линија од 330 киловолти до блиската електрана на јаглен. Доколку пропаднат сите тие линии, централата е опремена со дизел генератори кои можат накратко да ја одржуваат. Изворите варираат за тоа колку гориво имаат - некаде помеѓу 72 часа и 10 дена. „Тоа е вонредно напојување“, вели Хибс.

Русија би можело да ја затвори нуклеарната централа Запорожје

Ниту еден независен инспектор немаше пристап до Запорожје откако руските сили го зазедоа во март. „Безбедното снабдување со електрична енергија надвор од локацијата од мрежата е од суштинско значење за обезбедување нуклеарна безбедност“, соопшти МААЕ.

Лајман е подециден: „Ситуацијата станува многу пострашна, бидејќи надворешното напојување станува покревко. Треба да имате повеќекратни, доверливи извори на напојување надвор од локацијата и според сите пресметки тие висат на конец“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG