Достапни линкови

Дали Украина ја губи војната? Зависи како се гледа на тоа


Украински војници во американска самоодна хаубица М109 од 155 мм, среде рускиот напад врз Украина, во регионот Доњецк, 13 јуни 2022 година
Украински војници во американска самоодна хаубица М109 од 155 мм, среде рускиот напад врз Украина, во регионот Доњецк, 13 јуни 2022 година

Руските сили напредуваат. Секој ден умираат околу 100-200 украински војници. Бранот на војната се врти против Украина. Киев вели дека единствениот начин да се врати назад е што побрзо да добие повеќе западно оружје. Мајк Екел

Последните мостови на реката Сиверски Донецк се разнесени во Северодоњецк, отсекувајќи го градот Донбас од десниот брег и заробувајќи стотици украински цивили и војници. Русија е на работ да го заземе градот, а секој ден умираат меѓу 100-200 украински војници.

Во јужниот регион Херсон, Украина постигна само мал напредок во контраофанзивата против руските позиции. Руските трупи, наводно, повторно почнале да се движат кон Харкив.

ОН: Илјадници цивили во Доњецк се заробени - недостатокот на вода и санитарни услови е загрижувачки

Поради засилениот ракетен оган и промената во руската тактика и команда, бранот на војната се врти против Украина, а Киев вели дека единствениот начин да се врати назад е побрзо да се добие повеќе западно оружје.


Дали Украина ја губи војната? Не е така лесно да се одговори

„Ако со „губење“ мислите дека Украина не изгледа дека може да ја врати својата територија и да ја избрка Русија од сопствената територија, тогаш да, тоа е фер проценка“, вели Скот Бостон, поранешен екс американски полковник кој ја проучува војната во Украина.

Други експерти, исто така, велат дека зависи од тоа како го дефинирате „губењето“.

„Можеби изгледа песимистички, но во реалноста, ако ја погледнете мапата, погледнете во Донбас, не можете да најдете многу промени, и покрај огромната концентрација на руските сили“, вели Михајло Самус, заменик директор на Центарот за армиски студии и разоружување во Киев, додавајќи: „Украинските сили имаат многу ефикасна одбрана. Она што можеме да го кажеме е дека Русија не успеа.“

Според него, Русија во стратешка смисла веќе ја загубила војната, бидејќи почнала со големи очекувања на 24 февруари.

„Планираа да го добијат Киев за неколку дена, тоа беше катастрофален процес, тие донесоа многу лоши одлуки за нивните операции. Дефинитивно можеме да кажеме дека Русија, стратешки, не успеа“, рече тој.

„Ни треба помош и тоа брзо“

За време на првата фаза од војната, по започнувањето на голема инвазија на 24 февруари, Русија не успеа во нејзините главни приоритети да го заземе украинскиот главен град Киев и потенцијално да ја собори тамошната влада.

Повеќето западни експерти беа изненадени и од длабоките проблеми во руската војска што ги разоткри офанзивата, но и од цврстата и ефикасна одбрана што ја поставија украинските трупи.

Цивили убиени во бомбардирани куќи и училишта во Славјанск
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Русија на крајот повлече многу од своите единици северно од Киев и ги префрли своите ресурси за да се фокусира врз заземање на пристанишниот град Мариупол, кој беше претворен во урнатини слични на Сталинград пред битката за градот да заврши на 22 мај.

Русија, исто така, ја преуреди својата команда – назначи единствен генерал – и фокусира ресурси на заземање повеќе терени во источна и североисточна Украина. Сега се чини дека Русија на бојното поле делува - полека, постепено, стабилно.

Во секој момент, во секој случај

Неколкунеделните брутални борби од куќа до куќа, од улица до улица резултираа Северодоњецк, град со население од околу 100.000 пред војната, да биде речиси целосно контролиран од руските трупи, вклучително и центарот на градот.

Остин - Мораме да ја зајакнеме нашата заедничка посветеност на самоодбраната на Украина

Воениот гувернер на Луганск, Серхи Хејдеј, на 14 јуни изјави дека последните мостови преку реката Сиверски Донецк, кои водат до помалото предградие Лисичанск се уништени, што значи отсекување на патиштата за евакуација и снабдување за последните војници и цивили кои останале во Северодоњецк.

Многу од преостанатите се заробени во една хемиска фабрика, што ги зголемува стравувањата од опсада слична на она што се случи во Мариупол, во последните денови пред градот да падне под контрола на Русија.

Уништена руска воена опрема во украински музеј
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Највисоките украински функционери имаат сè пострашни предупредувања во последниве недели за темпото на борбите и за жртвите. Украинските власти, исто така, се погласни во нивните молби за повеќе западно вооружување и тоа што е можно побрзо.

„Да бидеме јасни: за да се стави крај на војната ни треба паритет во тешко оружје“, вели Михајло Подољак, помошник на претседателот Володимир Зеленски. „Ни треба брзо помош“, рече министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, во интервју оваа недела за „Економист“, „бидејќи цената на секое одложување се мери со украинска крв“.

Фронтална линија долга 2.400 километри

Во изјава за Телеграм на 12 јуни, генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, исто така повика на повеќе западно вооружување, велејќи дека линијата на фронтот каде што се соочуваат украинските и руските сили се протега на повеќе од 2.400 километри.

„Тие масовно користат артилерија и, за жал, имаат десеткратна предност. И покрај се, ние продолжуваме да ги држиме нашите позиции. Секој метар украинска земја таму е пролеан со крв, не само наша, туку и на окупаторот. Ситуацијата е тешка, особено во градот Северодоњецк“, изјави Залужни.

Русија со ултиматум до украинските борци во фабриката Азот денеска да се предадат

Од првата недела на април, кога се оддалечија од областите северно од Киев, руските сили постепено напредуваа во источните региони Доњецк и Луганск, двете главни области кои го сочинуваат Донбас.

Украинските сили очајнички се обидуваат да ги спречат руските сили да го освојат автопатот што се протега од југозапад кон североисток, од Бахмут до Лисичанск.

Затворањето на тој пат што украинските власти го нарекоа „пат на животот“ целосно ќе им овозможи на руските сили да го затворат кругот чиј клучна точка е кај Северодоњецк.

Понатаму на север, руските трупи сега зазедоа одредени места откако беа потиснати од Харкив, вториот по големина град во Украина, на почетокот на мај.

И на југ, во регионот Херсон северно од окупираниот Крим, има мешани извештаи за тоа дали украинската контраофанзива постигнала нешто значајно. Украинските сили беа вклучени во тешки борби со руските сили на 13 јуни, северозападно од Херсон.

„Непријателот продолжува да се бори, но нашите единици постепено го принудуваат да ги ослободи позициите и да ја тестира силата на втората и третата линија на одбраната, а во некои случаи дополнително да се повлече“, беше наведено во соопштението на јужната украинска команда.

Со сегашното темпо на операции, украинските власти се обидуваат едноставно да најдат куршуми и гранати за да ги наполнат нивните оружја. Поголемиот дел од муницијата е за оружја од советската ера, која Западот не ја произведува - за разлика од Русија.

„Соединетите држави буквално го пребаруваа светот за да најдат муниција според советските стандарди за да им ја дадат на Украинците“, велат некои експерти.

Украина, исто така, моли за повеќе западно оружје надвор од она што се влеа во Украина, дури и пред инвазијата на 24 февруари. Единствениот најголем снабдувач се Соединетите држави, кои велат дека обезбедиле околу 4,6 милијарди долари, вклучувајќи илјадници противтенковски и противвоздушни ракети, беспилотни летала и муниција.

„Заемна исцрпеност“

Во поново време, вооружувањето стана потешко, помоќно и поспособно да погодува руски цели од подолги растојанија, вклучувајќи ги и НАТО-стандардните артилериски системи од 155 милиметри, како што се францускиот CAESAR и полските самоодни хаубици KRAB, како и тенкови Т-72 од советско производство.

Соединетите држави и Британија во моментов испорачуваат неколку типови на повеќекратни ракетни системи за лансирање, вклучително и со муниција со висока прецизност. Но, во моментов, Вашингтон испраќа само четири артилериски ракетни системи, познати како ХИМАРС, што значи дека нивната способност значително да го помести бранот на битката може да биде ограничена.


Сепак, тие допрва треба да пристигнат. Бостон вели дека рускиот напредок е бавен и дека руската брзина на истрелани артилериски гранати и ракети не е одржлива.

„Има тактички победи за Русија на хоризонтот, но јас не гледам пат до севкупна стратешка победа“, вели Бостон, сега аналитичар во Ранд Корпорацијата, влијателен американски тинк-тенк финансиран делумно од војската на САД.

„Мислам дека она кон што се движиме е взаемно исцрпување. Сè што Русија ќе се обиде да направи, нанесувајќи им повеќе загуби на украинските сили, тоа ќе биде многу скап потфат“, смета тој.

„Генерално кажано, Украина има шанса, но оваа шанса е поврзана со оружје од Запад“, изјави Самус за РСЕ, додавајќи: „Ако имаме оружје, ќе имаме шанса да „деокупираме“ некои од териториите што ги држи Русија. А ако тоа се случи, тоа значи дека Путин ќе има проблеми. Големи проблеми“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG