Достапни линкови

Будење на говор на омраза меѓу младите во време на пандемија


Илустрација.Говор на омраза.

Младите активно употребуваат говор на омраза врз етничка основа, покажуваат истражувањата. За упатените тоа е само еден од показателите дека младата генерација има потреба од дополнително внимание. Тие алармираат дека етничкиот  дискурс  оди рака под рака со криминално дејствување и корупцијата.

Во време на пандемија кога комјутеризацијата навлезе во секоја сфера на животот дојде до пораст на рaзвојот на негативни последици кои најдоа плодна почва токму на интернет. Станува збор за говорот на омраза меѓу младите, што кај нас за жал не е нова појава, но навредите кои имаат потенцијал да ја поларизираат јавноста дополнително се зголемија и се прилагодија на новиот начин на живот на интернет каде секој може да комуницира со секого речиси не стравувајќи од последици.

Националистички пораки речиси секојдневно може да се прочитаат на социјаланите мрежи, а ги пласираат и претставници на политики партии, вели Борјан Ефтимов, претседателот на универзитетското Собрание на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Студентскиот претставник вели дека најголем причинител за будење на национализмот кај младите се партиите и присуството на популистичка реторика која се користи за дневно политички цели, потенцирајќи дека фактор за зголемување на етничката нетрпеливсот е и проблемот на злоупотребата на меѓуетничките теми за дефокусирање на вниманието на јавноста од криминалот и корупцијата.

"Неспокојниот национализам во Maкедонија повторно се буди во изминатиот период, иако не во рамки на фукултетите, сепак етничката нетрпеливост e во пораст изминатата година и тоа најмногу се гледа на социјалните мрежи. Тоа не е случајно. Ефтиниот национализам се користи од политичките партии како параван за да се задскрие криминогената суштина. Веење на знаме и етнички дискурс оди рака под рака со криминално дејствување и корупција, па затоа и не е изненадување порастот на национализмот. Национализмот се користи од политичките елити з а да ја задскријат вистинска суштина", вели Ефтимов.

Според Борјан Ефтимов, национализмот кај младите почнал да зема замав во периодот околу изборите кои се одржаа во јули. Очекувањата тогаш беа дека главни теми ќе бидат аферата „Рекет“ и справувањето со епидемијата, но на политичката сцена се вратија меѓуетничките теми. Инаку, повод за предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 15 јули, беше недобивањето на датум за преговори за зачленување во Европската унија лани есента и покрај промената на името

Во меѓувреме, и податоците на невладините организации покажуваат дека во последно време има пораста на навредите кои се упатуваат најчесто на етничка основа. Деновиве во анализата на податоците од интернет комуникацијата на младите, Хелсиншкиот комитет предупреди дека се забележува пораст на говорот на омраза на социјалните мрежи, особено кон етничките заедници. Оваа организација објави дека регистрирала 112 пријави за говор на омраза во ноември годинава, што е зголемување за 10 проценти од претходниот месец.

Податоците за зголемување на говор на омраза врз етничка основа кај младите за Ефтимов се повик за будење на опшеството. Тој нагласува дека чувството на национализам се зголемува кога расте корумпираноста во едно општество.

"Ние живееме како млади во трул систем во кој корумпираните елити профитираат на системот раздели па владеј. И додека младите Македонци и Албанци се мразат меѓу себе овие политички елити не с е чувствуаат загрозени" вели Ефтимов кој дополнува дека младите треба да соработуваат во решавање на проблемите наместо да се поларизираат за случувања кои ги наметнуваат партиите.

"Додека вие го мразите Албанецот и го обвинувате за својата лоша ситуација и обратно додека Албанецот мисли дека Македонците се виновни за неговата лоша ситуација, никогаш нема да го посочат вистинскиот виновник, а тоа се политичките елити. Апелираме, немаме голема моќ за ова прашање, но сите млади мора да сфатат дека за подобра иднина може да се избориме само доколку ги совладаме и надминеме овие разлики и солидарно, другарски се спротивставиме на неправдите со кои се соочувме. Се додека ние се мразиме политичките елити ќе владеат и профитираат на наш грб" вели тој.

Фејсбук објава на Бленди Ходаи за пораки со говор на омраза
Фејсбук објава на Бленди Ходаи за пораки со говор на омраза

Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци вели дека имал искуство на интернет лично да добива навредливи коментари, потсетувајќи дека тоа се случувало во време кога тие се бавеа со предизвиците во образованието и протестираа против одлуката за целосна онлајн настава. Тој забележува дека општо во интернет комуникацијата има зголемена ативност на учесници кои користат погрдни изрази, теории на завера и навреди, посочувајќи дека таквиот дискурс полека треба да се повлекува од јавниот живот како непосакуван во демократски дијалог.

"Во август имаше говор на омраза за тоа како може средношколски лидер да биде некој кој доаѓа од етничка заедница која претставува 20 проценти од вкупното население. Има проблеми и на социјалните мрежи со говор на омраза и мислам дека треба да има санкции и едукација за да не се промовира говор на омраза . Како средношколци сакаме да креираме нов дух и да кажеме дека сите треба да се обидиниме ако сакаме да смениме некоја политика" вели Ходаи.

Дел од младите во Скопје се согласуваат дека стеротипите на етничка основа не се надминати и во време на глобализација. Во разговорот со нашиот новинар Емил Златков во емисијата "Слободоумни" некои кажаа дека e потребно тие да се надминат, преку наоѓање повеќе теми за зедничка соработка.

Нови сили против старите стереотипи меѓу Македонците и Албанците
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:36 0:00

"Виновни се и двете страни што немаат изнајдено повиски цели. Не не сме нашле начин да сфтиме дека треба да се стремиме да се однесуваме пријателски кон етникумите", ни изјави Павле Петровски студент

"Политичките партии се тие кои преку кампања создаваат етнички поделби и со тоа се соочуваме со криза на социјалниот легимитет", наведе Блерина Положани, активистка.

Главниот проблем со кој се сретнуваме денес е и тенката линија која го раздвојува говорот на омраза од слободата на изразување.

Но, упатените велат дека во Македонија говорот на омраза е чувствително прашање затоа што тука живеат повеќе етнички заедници и навредливиот речник претставува потенцијал кој може да предизвика и нестабилност.

Тие наведуваат дека говорот на омраза е особено загрижувачка појава поради фактот дека младите кои речиси постојанио се онлајн се лесно подложни на влијанија, а оти одделни политички опции и нивните неодговори политичари го користат говорот на омраза како средство за хомогенизација на гласачкото тело, не водејќи сметка за последиците од таквото делување.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG