Достапни линкови

Скопје, Локални избори 2021
Скопје, Локални избори 2021

БЛОГ: ВМРО-ДПМНЕ победи - Заев поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори, а премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев поднесе оставка на двете функции. На вториот круг од локалните избори кој се одржа во 44 општини, во поголемиот дел од општините победи опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

  • ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е победник на локалните избори, со освоени најмногу градоначалнички места.
  • Во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ
  • Зоран Заев го призна поразот и си поднесе оставка и од премиерската функција и од лидерската во СДСМ
  • ДУИ загуби во Тетово и Гостивар, но победи во Кичево и во Чаир
  • ДИК гласањето во вториот круг од локалните избори го оцени како фер и демократски и без поголеми проблеми.
11:31 31.10.2021

ЦИВИЛ: Мирен почеток на гласањето на избирачките места

претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала
претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала

Мирен почеток на гласањето на избирачките места, од една страна и кршење на изборниот молк, говор на омраза и црна кампања на социјалните мрежи, од друга страна, го одбележа почетокот на вториот круг на локалните избори 2021, изјави претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала.

11:34 31.10.2021

Локални избори, втор круг: Изборно претпладне низ фотографии

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.
1/9 Јавното обвинителство на Република Северна Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.
Од 7 до 19 часот полнолетните жители во 44 општини може да го дадат својот глас во вториот круг на локалните избори. Право на глас во општините во кои не беше избран градоначалник во првиот круг имаат 1 353 990 избирачи.
2/9 Од 7 до 19 часот полнолетните жители во 44 општини може да го дадат својот глас во вториот круг на локалните избори. Право на глас во општините во кои не беше избран градоначалник во првиот круг имаат 1 353 990 избирачи.
Денеска втор круг од локалните избори се одржува во 44 општини, а во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари. Овие се седми локални избори од независноста на Македонија и втори, по ланските парламентарни, кои се одржуваат во време на пандмијата со коронавирусот.
3/9 Денеска втор круг од локалните избори се одржува во 44 општини, а во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари. Овие се седми локални избори од независноста на Македонија и втори, по ланските парламентарни, кои се одржуваат во време на пандмијата со коронавирусот.
Гласањето почна вчера со изјаснувањето на болните и немоќните, лицата заразени со Ковид-19 и во самоизолација и затворениците. Според податоците на ДИК се работи за вкупно 7465 гласачи. Од нив 1409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови, шест внатрешно раселени лица, 5588 болни и немоќни лица или лица во куќен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии, како и 376 лица со Ковид-19 или во изолација.
4/9 Гласањето почна вчера со изјаснувањето на болните и немоќните, лицата заразени со Ковид-19 и во самоизолација и затворениците. Според податоците на ДИК се работи за вкупно 7465 гласачи. Од нив 1409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови, шест внатрешно раселени лица, 5588 болни и немоќни лица или лица во куќен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии, како и 376 лица со Ковид-19 или во изолација.
Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезеноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.
5/9 Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезеноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.
За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251.
6/9 За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251.
По првиот изборен круг кој се одржа на 17 октомври во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР меѓународната организација наведе дека изборниот ден поминал мирно, а изборите биле конкурентни.
7/9 По првиот изборен круг кој се одржа на 17 октомври во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР меѓународната организација наведе дека изборниот ден поминал мирно, а изборите биле конкурентни.
Денешното гласање е второ на кое ќе се применат терминали за биометриска идентификација на гласачите. Првпат апартчињата беа применети во првиот круг од изборите што предизвика поголеми задржувања на избирачките места во услови на пандемија со ковид-19.
8/9 Денешното гласање е второ на кое ќе се применат терминали за биометриска идентификација на гласачите. Првпат апартчињата беа применети во првиот круг од изборите што предизвика поголеми задржувања на избирачките места во услови на пандемија со ковид-19.
На ДИК на располагање и се 400 технички лица кои би помогнале за надминување на евентуални проблеми при денешното гласање.
9/9 На ДИК на располагање и се 400 технички лица кои би помогнале за надминување на евентуални проблеми при денешното гласање.
Previous slide
Next slide

11:54 31.10.2021

12:02 31.10.2021

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG