Достапни линкови

Во Фондот за иновации стасале над 500 решенија за полесно справување со кризата од Ковид-19


Фонд за иновации и технолошки развој
Фонд за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) соопшти дека во рамки на јавниот повик „Креатон“, наменет за креирање дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19, до нив пристигнале вкупно 546 инцијативи.

Од ФИТР наведоа дека иницијалните бројки покажуваат дека 57 отсто од иницијативите се поднесени од компании, здруженија или организации, а околу 43 проценти се поднесени од физички лица.

„Пристигнатите проекти нудат решенија во седум области – во најголем дел се наменети за образование и едукација, здравство и медицина, ИТ платформи и апликации, но и во доменот на медиуми и информирање, култура, маркетинг, трговија и финансии, како и забава и рекреација. Иницијативите, меѓу другото, опфаќаат решенија за справување со лажни вести, за полесно следење и ажурирање на официјални информациите поврзани со коронавирусот и превентивните мерки, како и следење на состојбата со лицата во самоизолација, дигитални платформи и училници, решенија за квалитетно искористување на слободното време во домот, дигитални книжарници, квизови и игри, како и решенија за поефикасно работење онлајн и слично“, информираа од Фондот.

По првата фаза, како што наведоа од ФИТР, за сите предселектирани иницијативи ќе се определат 48 часа за изработка на детален план на активности и предлог буџет. Апликантите чии предлог проекти ќе бидат избрани во фазата на финална селекција ќе имаат обврска да подготват јавна презентација на предлогот пред Комисијата. Јавната презентација на решенијата и евалуацијата ќе се врши онлајн преку видео – конференциска врска. Предлозите ќе се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

„Предлог решенијата треба да се имплементираат во кус рок, и да бидат применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со Ковид-19, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството. Вкупниот буџет е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност“, соопштија од ФИТР.

XS
SM
MD
LG