Достапни линкови

Берзите „заразени“ од коронавирусот


Американската централна банка позната како Федерални резерви презеде мерки за задржување на падот на светските берзи кои панично реагираат на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Експертите се сомничави дека тие ќе успеат.

Берзите белажат пад, а доларот се лизна денеска откако Федералните резерви ги намалија каматните стапки на САД.

Драстичниот маневар на Федралните резерви е насочен кон ублажување на влијанието на мерките што државите ги преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, но имаа ограничен успех во смирување на паничните инвеститори.

Европа, која стана епицентарот на епидемијата, денеска претпладне на нејзините главни берзи забележа пад од скоро 8% во трговијата.

Претходно, падна и индексот на Вол стрит.

„Постои големо чувство дека централните банки ќе се справат со тешкотиите на пазарот... Но, овој макро проблем со здравјето на луѓето покажува дека тие нема ништо што можат да сторат за тоа“, вели стратегот на Сосиете Генерал Кит Џакс.

Намалувањето на стапката од страна на американските Федерални резерви, во неделата, беше проследено со натамошно олеснување на политиката од Централната Банка на Јапонија во форма на залог за зајакнување на набавките на средствата што се тргуваа со размена и на други ризични средства.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе најави дека водачите на Г7 ќе одржат телеконференција за да разговараат за кризата.

Берзите стагнираат, бидејќи банкарите, вложуваат во безбедни зделки додека продаваат профитабилни позиции за да соберат пари за да ги покријат загубите.

За да се олесни дислокацијата, Федералните резерви во неделата ги намали каматните стапки за целосен процентен поен на 0,25%, што е нејзино второ намалување овој месец и вети дека ќе ги прошири своите биланси за најмалку 700 милијарди долари во наредните недели.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, овој потег го оцени како „многу добра вест“.

Кери Крег, стратег за глобален пазар во JP Morgan за потегот на Федералните резерви вели: „Навистина треба да ја видиме и фискалната страна ... за да го спречиме економското забавување подолго од потребното“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG