Достапни линкови

Алиса во земјата на предизборните ветувања


Илустрација

Ако се следат предизборните ветувања на партиите, Македонија во наредните четири години ќе стане како Данска, изминатите три децении биле само загревање. Не е ветена уште општинска вселенска програма. Сè уште. Дел од граѓаните велат дека очекуваат да сретнат Бел Зајак додека ги слушаат предизборните ветувања.

Пловен Вардар во Скопје, бесплатен јавен превоз за сите, борба против урбаната мафија, повеќе зеленило. До крајот на кампањата партиите ќе ветат и вселенска програма, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Според ветувањата, Македонија во наредните четири години ќе стане како Данска, изминатите три децении биле само загревање.

Сите кандидати се сликаат на точак, ветуваат повеќе зеленило и решавање на урбанистичкиот хаос.

Други, пак, уживаат.

А трети очекуваат да сретнат Бел Зајак со елек и часовник додека ги слушаат предизборните ветувања.

Некогаш во партијата има толку многу способни кадри, што нема место за сите, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Други, пак, посочуваат дека за да станеш градоначалник треба да знаеш што да ветиш.

За трети секогаш има фајде од предизборните програми на партиите.

Хит на вчерашната дебата на кандидатите за градоначалник на Охрид беше Гоце Цветковски од ТМРО. Тој ги посоли своите противкандидати со вегета „да ги замезеле парите што ги украле“. На дебатата тој беше со знамето со сонцето од Вергина и носеше маичка на која пишува „Северна на мајка ти“. Нудеше снимка од забите и резултати од анализа на крвта за неговите противкандидати – лекар и стоматолог да ги проверат, оти тоа им е работа.

Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска рече дека бесплатен јавен превоз има во 67 држави во Европа. Проблем е што во Европа има 51 држави.

Александар Тортевски, кој е кандидат за градоначалник на Скопје од партијата Твоја, прашува дали треба да го зголеми влогот.

Други, пак, велат дека работата е дојдена до таму да нема поправање.

Затворениот базен во Битола го ветуваат веќе 20 години. На претходните локални избори кандидатите ветуваа Аква парк во Новаци, кино во Струмица, младински центри во речиси секоја поголема општина, театар и кино во Ѓорче Петров, парк во ботаничка градина во Карпош, голф терени... Дел од овие ветувања повторно се дел од предизборните програми.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG