Достапни линкови

Пакистанците протестираат пред парламентот


Пакистанците протестираат пред парламентот
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

Лидерот на протестот пред парламентот на Пакистан, Тахир Ал Кадри ги повика демонстрантите да ја блокираат заградата во која пратениците расправаат за политичката криза со премиерот Наваз Шариф. До седницата на парламентот доаѓа ден по демонстрациите во Исламабад за оставка на премиерот Шариф.Опозициониот политичар Имран Кан, лидер на друг протест, ги повика следбениците да не го напаѓаат парламентот, но предупреди дека доколку премиерот Шариф до вечер не поднесе оставка, ќе ги води демонстрантите кон канцеларијата на премиерот. Полициски и армиски сили се распоредени пред канцелариите на премиерот, а портпарол на армијата повика на смиреност. (RFE/RL's Radio Mashaal)

Категории

XS
SM
MD
LG