Достапни линкови

Пародија на демократијата


Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.
Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.

Во држава [речиси] без проверки и контроли, изборната конкуренција без ограничувања, за разлика од економската конкуренција која обезбедува преживување на способните, создава нови услови на политичка конкуренција каде клиентелизмот обезбедува преживување на корумпираните, пишува Новица Наков во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

@Parmakovski на твитер напиша: „Се моли Тери Гилијам да престане со режирање на македонската политика.“
Пол Колиер во „Милијардата од дното“ ја опишува „пародијата на демократија“ во која може да заглават државите. „Изборната конкуренција може брзо да се воведе и во условите кои ветуваат најмалку“ - вели тој. Но, истовремено предупредува дека изборната конкуренција не е доволна бидејќи може да ги направи работите полоши со тоа што клиентелизмот ќе ја победи чесната политика во борбата за гласови.

Но, поентата на Пармаковски [за жал] не е само хумористична.

Пол Колиер во „Милијардата од дното“ ја опишува „пародијата на демократија“ во која може да заглават државите. „Изборната конкуренција може брзо да се воведе и во условите кои ветуваат најмалку“ - вели тој. Но, истовремено предупредува дека изборната конкуренција не е доволна бидејќи може да ги направи работите полоши со тоа што клиентелизмот ќе ја победи чесната политика во борбата за гласови. „Изборите одредуваат кој ја има моќта, но не и како таа моќ се користи“ - нѐ потсетува Колиер. Оттука, прашањето што треба да се одговори, е дали епизодата на избори без проверки и контроли ќе биде само минлива фаза или ќе се претвори во главна одлика на општеството.

И токму тоа е прашањето на кое треба да го бараме одговорот за Република Македонија по тромесечната политичка криза [по 24 декември 2012 г.].

Колиер предлага дека бранот на избори треба да биде следен од ентзузијазам за политички ограничувања. Инстументите што можат да помогнат за ова се два. Првиот е минимум стандард за слобода на медиумите кои сѐ уште фигурираат како ефикасна алатка за детаљна инспекција на политичарите и политиката. Вториот е начинот на прибирање и трошење пари во изборната конкуренција со цел да се обезбедат избори во кои гласачите нема да бидат потплатувани.

Мислам дека овие две се соодветни за да се одреди позицијата на Македонија во пародијата на демократијта. На рангирањето на Репортери без граници, државата паѓа во континуитет веќе 4 години. Исто така, финансиите на партиите остануваат темна тема во Македонија.

Ова се „помалку видливите аспекти на демократијата“ кои недостасуваат во Македонија. Во држава [речиси] без проверки и контроли, изборната конкуренција без ограничувања, за разлика од економската конкуренција која обезбедува преживување на способните, создава нови услови на политичка конкуренција каде клиентелизмот обезбедува преживување на корумпираните.

Со Тери Гилијам барем можеме да се насмееме.
XS
SM
MD
LG