среда, февруари 08, 2012 Скопје 03:27

Македонија

Ласт експедишн се враќа на сцена

Архивска фотографија: Концерт на Ласт експедишн.

Големина на буквите - +
07.02.2012
Ласт експедишн, една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол, по долга пауза се враќа на сцената. Нивното реобединување формално ќе се случи на вториот по ред „Скрим мјузик фестивал“ закажан за 11 февруари во арената „Метрополис“ во Скопје.
февруари 2012
07 февруари 2012

Машиновозачите штрајкуваат со 40 километри на час

Синдикатот на машинците во Македонски железници штрајкува зашто не е вклучен во преговорите за новиот колективен договор. Машиновозачите нема да ги возат локомотивите што се технички неисправни, а со исправните ќе возат 40 километри на час.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинуваат, МВР молчи

Кој треба да ги каже поттикнувачите на тензиите во Македонија, партиите или институциите?

Дуќан на Широк Сокак, како на Шанзелизе

Месечниот наем за дуќан на Широк Сокак во центарот на Битола се движи од 2.000 до 3.500 евра. Може да се споредуваме со Шанзелизе во Париз, се жалат дуќанџиите.

Од најдобар работник до социјален случај

Нина Диму некогаш била најдобар работник во Медицинска пластика во Тетово, а сега бара храна по кантите за отпадоци. Нема струја, а живее со социјална помош од 1.000 денари.

Патот до НАТО води преку Атина

Ќе влезе ли или не, Македонија во НАТО на следниот Самит во Чикаго? Оптимизам постои, но експертите посочуваат дека Македонија нема да се најде на дневен ред.

Корупција само кај поранешни функционери

Антикорупциската комисија досега немала предмет за актуелен функционер. Ловењето на поранешни функционери остава впечаток дека комисијата работи селективно, велат експертите.

06 февруари 2012

Болните од хепатит Ц во Битола чекаат ред за лекување

Терапијата за лекување на хепатит Ц бара големи средства и затоа постои листа на чекање каде пацинетот од дијагностицирањето до почетокот со терапијата чека шест до осум месеци, велат од Инфективното одделение при битолската болница.

Човекови вредности во делата на Валентина Илијевска

„Човекови вредности“ е насловена првата самостојна изложба на младата уметница Валентина Илијевска. Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, до 18 февруари ќе бидат изложени 20-тина дела, главно графики и цртежи и една инсталација.

Кодекс за дисциплинирање на пратениците

Не е лошо да се има кодекс за однесување на пратениците, но наместа кодексот се претерал, па има одредници кои дури се навредливи за самите пратеници, сметаат дел од народните избраници.

Надеж дека во Чикаго ќе се разговара и за Македонија

Власта се надева дека Грција нема да се противи прашањето за Македонија да биде ставено на дневен ред на Самитот на НАТО во Чикаго.

Груевски обвинува наместо да презема мерки

Опозициските партии сметаат дека премиерот залудно ја бара вината во опозицијата за меѓуетничките тензии. Тие порачуваат сторителите да се најдат и да бидат казнети. Полицијата се уште работи на расветлување на настаните.

Поделбата на Косово, најлоша варијанта за Балканот

Отворањето на Пандорината кутија може да биде опасно за регионот и за Македонија. Тоа би значело зголемување на апетитите.

Видео Георгиевски и меѓуетничките односи најкоментирани

Прилозите за меѓуетничките односи и за Љубчо Георгиевски и случувањата во ВМРО-НП, најкоментирани теми изминатата недела.

05 февруари 2012

Неделен печат - Меѓуетнички тензии за одвлекување од проблемите

Дали радикализацијата на меѓуетничките односи е резултат на несреќни околности или во прашање е коалициски договор, за по којзнае кој пат да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми - тема за анализа во неделниците.

Фестивал на чајот и читањето

Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје се одржува книжевната манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, чија цел е популаризација на книгата, особено кај младите.

Во борба против семејното насилство

Жртвите на семејно насилствo се почесто го пријавуваат истото и бараат помош, велат од СОЖМ. Од таму додаваат дека институциите во државата заеднички треба да се договораат како најлесно, наједноставно, најбрзо да се реши проблемот на семејното насилство.

Кичевско Речани без вода

Жителите на Речани не паметат кога последен пат убаво се избањале и кога протекла вода низ славините од чешмите. Иако водоводот е изграден пред 10-години, тие вода имаат многу ретко.

Видео Георгиев - Не правете поделби на народот

Меѓуетничките инциденти многу удираат на емоциите на граѓаните на двете страни, на религиозните и етничките чуства. Играњето со шкорчиња и играњето со меѓуетничките односи во Македонија на кое било ниво е премногу опасно за да може да биде интерпретирано дека е некаков вовед во локални избори, вели потпретседателот на СДСМ, Гордан Гeоргиев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

04 февруари 2012

Видео Соживот со краток фитил

Меѓуетничките односи се кревки, а со тоа и лесен плен за манипулација во рацете на поединци, велат познавачите на оваа проблематика. Граѓаните како виновници ги посочуваат политичарите, a тие, пак, апелираат за смирување на страстите.

03 февруари 2012

Кривична за Петров, прекршочна за Црвенковски

Претседателот на Антикорупциска комисија Воислав Зафировски најави прекршочна пријава за Црвенковски за непријавен имот и кривични пријави за генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, за управителот на А1 телевизија, Славко Нинов и за управителот на „Плус продукција“, која ги издаваше згаснатите весници Шпиц, Време и *** е ре, за незаконско финансирање на предизборната кампања на СДСМ.

Меѓуетнички тензии и на социјалните мрежи

МВР побарало од Фејсбук да ги укине групите што користат говор на омраза и повикуваат на меѓуетничка и меѓуверска нетрпеливост.

Црвенковски и СДСМ на мета на Антикорупциска

Антикорупциска донесе одлука за непријавениот имот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на Корчула и во Белград. Ќе следуваат и пријави за неправилно финансирање на изборната кампања на СДСМ.

02 февруари 2012

Дневен печат - Меѓуетничките односи ја засенија економијата

Вестите од економијата се губат во морето информации за меѓуетничките тензии во струшко.

Расте бројот на пријави на семејно насилство во Тетово

„Не премолчувај го семејното насилство, туку пријавете го", порачуваат членките од Здружението Женски форум - Тетово. Минатата година имале пријавено околу 80 жртви на семејно насилство.

Монодрама на 85-годишна актерка во МНТ

„Методот на Мис Маргарида“ е насловена монодрамата со која доајенката, 85-годишната актерка Добрила Чабриќ, по цели 55 години се враќа во МНТ. Режисерка е Виолета Џолева, а премиерата на проектот е закажана за сабота, на 4 февруари на Малата сцена на МНТ.

Етничките лидери бегаат од граѓанско општество

Се запоставува граѓанското општество на сметка на поделеноста. Политичките елити се затвораат околу своите интереси запоставувајќи ги состојбите меѓу граѓаните, коментираат аналитичарите.

Синдикатот ќе гледа како го поскапуваат парното

Синдикатот ќе учествува на седниците на Регулаторната комисија, каде ќе се носат одлуките за новите цени на парното, струјата и горивата, но без право на одлучување.

Колку е Георгиевски поголем од Додовски?

Марјан Додовски не може да му зададе посериозен удар на Љубчо Георгиевски, но дискутабилно е колкава е реалната политичка моќ на Георгиевски, велат аналитичарите.

01 февруари 2012

Георгиевски - Режимот сака да ја уништи опозицијата

Овој режим, после растурањето на медиумскиот простор, сега прави обид и за растурање на опозициските партии во Македонија, изјави Љубчо Георгиевски.

„Без прозор“ на Баце квартет

„Без прозор“ е насловен вториот албум на интернационалниот БАЦЕ КВАРТЕТ чија концертна промоција ќе се случи утревечер во скопскиот клуб „Хавана“.

Науката да се стави во функција на стопанството

Инвестициите наменети за истражување и развој, не се на завидно ниво. Треба да се стимулираат за да се подобри конкурентската позиција на македонското стопанство, препорачуваат експертите.

Меѓуетнички тензии или свртување на вниманието?

Комитетот за односи меѓу заедниците расправаше за подгревањето на меѓуетничките тензии и инцидентите во струшко.

Студот ги испука водомерите во Битола

Во вакви услови нема друг спас освен да се покриваат цевководите или да се остави водата да тече, советуваат надлежните. Повисоките сметки, се разбира, ќе си ги платат граѓаните.

Прво смирување на тензиите, потоа одговорност

Можеби никогаш нема да се докаже кој ги пали меѓуетничките односи во Македонија, но јасно е дека одговорноста за состојбите во државата е во рацете на власта. Истрагата е во тек, а засега од власта апели за смирување на ситуацијата. И додека од СДСМ денеска се недостапни за коментар, од ДПА тврдат дека зад ова стојат структури на власта за покривање на неуспеите на меѓунроден план.

Фондот за здравство повторно удри по невработените

Намален годишниот лимит на приходи со кој невработените добиваат право на бесплатна здравствена заштита. Оние што имаат месечен приход над 8.050 денари ќе плаќаат по 1.100 денари за сини картони, а тие што од некаде добиваат хонорар над 15.300 денари, за здравство ќе плаќаат 2.200 денари месечно. Кратења и за болните - луѓето што се на боледување подолго од три недели, наместо 85 отсто од платата, како досега, ќе добиваат само 70 отсто од платата.

Кире Лазаров - Можеме на Олимпијада

Ако успееме да одиграме на ова ниво и малку да се поправиме, имаме добри шанси да се пласираме на Олимписките игри, вели капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров.

февруари 2012

Календар

Хајд Парк

Кои се причините за меѓуетничката нетрпеливост по Вевчанскиот карневал и дали апелите на политичарите помагаат?

Кои се причините за меѓуетничката нетрпеливост по Вевчанскиот карневал и дали апелите на политичарите помагаат?

Погледни го видеото

Анкета