недела, мај 20, 2012 Скопје 21:14

Македонија

Се отвора Театар Комедија во Скопје

Големина на буквите - +
31.01.2012
Со идеја за жанровско профилирање на театрите во Македонија, во Скопје, како седми по ред професионален ансамбл, промовиран е новосоздадениот ТЕАТАР КОМЕДИЈА. Во оваа нова национална установа ќе работат девет актери, а во 2012 година ќе бидат подготвени три проекти кои ќе се играат на сцената на Драмски театар.
јануари 2012
31 јануари 2012

За три месеци 30 милиони евра потрошени без тендер

Секој четврти тендер од анализираните бил поништен во третото тримесечие од минатата година, а аукцијата е користена во помалку од половина од постапките, што е помалку од законски предвиденото, покажуваат резултатите од мониторингот на јавните набавки кои го спроведе Центарот за граѓански комуникации.

Пластични шишиња за парче леб

Семејството на 32-годишниот Далибор Димитиревски од Куманово едвај преживува со парите што ги заработува од собирање пластичен отпад. Тој вели дека не бара милостина, туку работа за да може да си ги прехрани децата.

Фалангата ги замени југословенските партизани во Битола

Комисијата за комунални дејности на општина Битола поведе иницијати за преименување на 60 улици во градот.

Струга зоврива од увезени инциденти

Полицијата го истражува случајот со опожарувањето на црквата Свети Никола во Лабуништа. Увидот ќе биде долг и темелен, велат од СВР Охрид. Градоначалникот на Струга повика на смирување.

Поевтини лекови од утре

Од утре околу 1.200 лекови треба да се продаваат по пониски цени. Граѓаните се плашат дека ветувањата нема да се исполнат. Експертите предупредуваат на можност да се затворат дел од аптеките и веледрогериите поради новите намалени цени.

Смирете ги меѓуетничките страсти, повикаа странците

Странските амбасадори, ОБСЕ и Канцеларијата на ЕУ повикаа властите да ги смират меѓуетничките превирања.

30 јануари 2012

Пратениците „го оправаа“ здравството

Народните избраници дебатираа за проблемите во здравството. Кој кому оставил поголем долг, кој има кредибилитет да зборува, кој во колапс, здравството или опозицијата?

Сите патишта водат кон Попова Шапка

Прекрасните скијачките патеки, чистиот воздух и убавината на планината се причините зошто овие зимски месеци сите патишта, за љубителите на снегот и ски-спортовите водат кон Попова Шапка.

Кармен Ризо првпат пред македонска публика

Американскиот електронски артист и продуцент Кармен Ризо, на два пати номиниран за наградата „Греми“, в среда ќе има свој диџеј сет во скопскиот клуб „Кензо Танге“. На ова случување ќе му претходи негово прогласување за почесен професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА.

Инспекциите - страв за бизнисмените

Стопанствениците се плашат јавно да зборуваат за проблемите. Анонимно се жалат на висината на казните и ригидниот однос на инспекторите.

Ново роуд шоу - успех или глума?

По Јапонија, Сингапур, САД и западна Европа, владин тим овојпат во Турција. За опозицијата и ова роуд шоу на владата е само глума, бидејќи засега нема резултати.

Мултиетничка Македонија на тест

Надлежните мора да работат на зголемување на меѓуетничката доверба, па дури и преку пропагирање на идеологијата „се е подобро од конфликт“, порачуваат експертите.

Политика и ракомет - најкоментирани теми

Колумните на подмладокот на двете најголеми партии во земјата посветени на ракометот, се најкоменитираните текстови изминатата недела.

29 јануари 2012

Неделници - ракомет, национализам и Скопје 2014

Шовинистичките навивања од страна на македонските ракометни фанови и колку чини Скопје 2014 - дел од темите на кои се осврнуваат неделниците.

Расте бројот на алкохоличари

Медицинските стручњаци посочуваат дека постојано расте бројот на алкохоличари. Особено се забележува зголемување на бројот на жени кои имаат проблеми со алкохолот.

Универзитетите остануваат автономни

Уставниот суд оспори повеќе одредби од Законот за високо образование со кои се задира во автономијата на универзитетите.

Албум на Синтезис и Наум Петрески

Македонскиот етно-состав СИНТЕЗИС деновиве го сними материјалот за својот нов албум на кој како гостин се јавува пејачот Наум Петрески.

Странците нема да ви го решат спорот за името

Спорот за името е тешко прашање и покрај тоа што не изгледа така, многумина не го разбираат тоа, но е длабоко вкоренет проблем меѓу двете земји. Како историчар, можам да кажам дека сум речиси убедена дека решение ќе се најде, вели германската амбасадорка Гудрун Штајнекер, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

28 јануари 2012

Изгубени во лустрацијата

Лустрацијата на пауза. Пропуштена шанса за прочистување или спречување на прогонот на неистомисленици?

27 јануари 2012

Македонија ќе се бори за Олимпијада

Со победата против Словенија, Македонија го освои 5 место на ЕП во Србија и го оствари најдобриот резултат во историјата.

Аџиев - Уставен ја кочи лустрацијата

Процесот е влезен во фаза каде што почнаа да излегуваат соработниците и веќе стана проблем за некого, па почнуваат со вакви иницијативи пред Уставниот суд, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.

Арифи - Средбата во Атина беше за отворање на патот кон ЕУ

На средбата со Пангалос не било разговарано за името, но според Арифи, тоа било можност за создавање позитивна атмосфера.

Со победа против Словенија до квалификации за Олимпијада

Со победа против Словенија, Македонија се пласира на квалификацискиот турнир за Олимпијадата. Во спротивно, треба да навива, Србија да стане европски шампион.

Лустрацијата на пауза

Лустраторите ќе може да здивнат, работата со проверка на изјави за соработка со тајните служби во наредниве два месеци ќе им се намали за двојно. Тие ќе ја почитуваат одлуката на Уставен суд за времено запирање на дел од лустрацијата.

Додик во посета на Македонија

Претседателот на Република Српска се сретна со претседателот Ѓорге Иванов со кого разменија мислења за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа.

26 јануари 2012

Дневен печат - Лустрација и слобода на медиуми

Делумното стопирање на лустрацијата, намалувањето на слободата на медиумите и ракометот се дел од темите за кои пишуваат дневните весници.

Изложба - Белешки од киоскот за цигари и весници 4

Белешки од киоскот за цигари и весници 4 е насловена изложбата на цртежи на уметникот Миле Ничевски што ќе биде отворена утревечер, во 20 часот и 30 минути, во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје. Се работи за продолжување на започнатиот циклус, овојпат со акцент на македонската стварност.

Лустриран законот за лустрација

Невладините ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд, засега да бидат изземени од процесот на лустрација. Новинарите ќе ја почитуваат одлуката.

Фотогалерија Се распаѓа салата Младост, расадникот на ракометари

Во салата каде некогаш тренирале Стевче Алушовски, Кире Лазаров, Борко Ристовски, Петар Ангелов и тенерот Ѕвонко Шундовски денеска течат бојлерите и славините, паѓаат ѕидови, а нема седишта.

Поделеност во општеството, поделеност и во училиштата

Малку треба во оваа земја, па да се поделат луѓето на ваши и наши. Палење на знамиња, извикување на националистички пароли на спортски натпревари и веднаш се палат страстите. Училиштата се најдоброто место да се намали поделбата по национална основа.

Неслободни медиуми

Во извештајот на Репортери без граници, Македонија се најде на 94 место од 179 земји, по слободата на медиумите во земјата. Нашето рангирање за жал е одраз на реалната состојба, велат експертите.

Што му кажал Расмусен на Груевски?

Ниту НАТО, ни македонската влада не соопштија што му кажал генералниот секретар на Алијансата Расмусен на премиерот Груевски на вчерашната средба во Брисел. По средбата немаше официјална изјава или соопштение за јавност од НАТО.

25 јануари 2012

Бојкот на наставата додека не се направи училиштето

Жителите на Горно Строгомиште од Општина Зајас неколку дена не ги пуштаат децата на настава во знак на протест, бидејќи и по 7 години не е изградена новата училишна зграда.

Монодрама „Јас, Љубам, Бог“

„Јас, Љубам, Бог“ е насловена четвртата претстава на Буден театар. Монодрамата е авторски проект на Милиана Ленак базиран на збирките „Хенри и Џун“ и „Инцест“ од едицијата нецензурирани дневници на писателката Анаис Нин - „Дневник на љубовта“.

Лустрација само за државни функционери

Уставниот суд донесе времена мерка за стопирање на 12 члена од Законот за лустрација. Лустрацијата се стопира за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.

Школскиот превоз во Битола навистина бесплатен

Школскиот превоз во Битола навистина е бесплатен, никој не го плаќа. Државата им должи на превозниците над еден милион евра за превозот на учениците во изминатите две години.

Победата над Србија, шанса за полуфинале?

Ако ракометарите ја совладаат реперезентацијата на Србија и притоа се склопат сите коцки, Македонија може да се пласира во полуфиналето на Европското првенство, но и да не се случи тоа, останува шансата за настап на квалификацискиот олимписки турнир.

Арифи - Пангалос за регионална соработка

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска во Атина се сретна со грчкиот вицепремир Теодорос Пангалос. Таа на грчкиот премеир Пападимос му однесе писмо од премирот Груевски со барање за средба.

„Фалангата“ пред врата

Македонската фаланга се подготвува за инвазија е најчестата најава на српските медиуми за македонските навивачи пред вечерашниот меч меѓу ракометарите на Македонија и на Србија на Европското првенство. Притоа се оценува дека на нивните пулени ќе им треба вистинско чудо за да се пласираат во полуфиналето.

24 јануари 2012

Во Прилеп нема вода ни за лек

Се усмрдевме неизбањати, се жалат прилепчани кои со денови немаат вода. Се жалат дека немаат ни за пиење, а камо ли за лична хигиена.

Нема зима за земјоделците во полошко

Снегот нема да им наштети на земјоделските посеви во полошко, напротив, ќе има благопријатно дејство врз она што земјоделците го посеале на есен, велат експертите.

Народните избраници не се по мерка на граѓаните

Граѓаните се незадоволни од работата на народните избраници. Немањето кворум, неодговорноста, тоа што си ја покачија платата во време на криза, се само дел од забелешките.

Изложба Акварели во чест на Љубомир Белогаски

Со последната, седма по ред, изложба АКВАРЕЛИ ВО ЧЕСТ НА ЉУБОМИР БЕЛОГАСКИ на авторот Војко Јаневски од Велес, што ќе биде отворена утревечер во Музеј на град Скопје, завршува циклусот посветен на 100 годишнината од раѓањето на големиот македонски мајстор на акварелот и хуманист и 20 годишнината од формирањето на Галеријата „Љубомир Белогаски“.

Почнува акцијата „Купи куќа, купи стан“

Владата ја промовираше акцијата „Купи куќа, купи стан“ преку која им нуди помош на потенцијалните купувачи. Дел од експертите се сомневаат во искрените намери на Владата да им помогне на социјалните слоеви. Владата најавува рамноправна селекција.

Земјоделците добиваат пари само преку протести

Протести, преговарања, па решенија. Ова е модел според кој земјоделците си ги остваруваат своите права. Државата треба да определи што и е стратешка цел во земјоделството, порачуваат експертите.

ЕУ смислува начини за соработка со Македонија

Со пристапниот дијалог, ЕУ бара нови начини за соработка со Македонија. За власта тоа е утеха за стагнацијата на полето на интеграции, за аналитичарите немоќ Брисел да се справи со македонските власти.

„Купи куќа, купи стан“ за партиски поени

Акцијата „Купи куќа, купи стан“ отвора можности за малверзации, велат дел од економистите. Владата не треба да чести станови, туку да создаде услови луѓето да си заработат за стан, велат тие.

По поразот од Македонија, Полјаците депримирани

По поразот од Македонија на Европското првенство во ракомет, полските медиуми малку веруваат во пласманот на нивните репрезентативци во полуфиналето.

23 јануари 2012

Македонија не дозволи пресврт од Полска

Голманот Борко Ристовски го затвори голот за Полјаците и со 19 одбрани беше можеби најзаслужен за победата од 27-25.

Сите се гласни, а никој не ја решава аферата Телеком

Аферата Телеком да се расветли. Наместо жестока полемика меѓу партиите, за случајот да се заангажираат надлежните и да се најдат виновниците, советуваат аналитичарите.

Ќе има ли ноќни дежурства на матичните лекари во Куманово?

Проблемот со ноќните дежурства на приватните матични лекари во Куманово никако да се надмине. Лекарите најавуваат прекин на дежурствата, пациентите остануваат на цедило. И додека чекаат решение, лекарите се жалат дека никој не им плаќа за дополнителните дежурства.

Семејното насилство на театарска сцена

„Мојот човек“ е театарска претстава што ја потпишуваат актерките Катерина Коцевска и Јасмина Поповска. Со овој проект Македонскиот народен театар во Скопје се вклучува во кампањата за борба против семејното насилство.

Спортска еуфорија ДА, национализам НЕ

Национализмот е вообичаена појава за навивачките групи и скандирања, но експертите повикуваат на смиреност и спортско навивање.

Сиромашни луѓе, богата власт

Државните функционери се држат до принципот - Сега ти се пружила прилика, зграпчи што е можно повеќе, велат експертите. Претераниот популизам води кон елитизам, додаваат тие.

Видео Темите за името ги собираат коментарите на читателите

Платите и социјалата, прилозите за името и „заедничкиот“ јазик со Грција, пораките на Рикер до државниот врв, национализмот на спортските натпревари, најкометирани теми изминатата недела.

22 јануари 2012

Неделен печат - Се тресеше шумата, се роди глувче

Македонско -грчките преговори за името, пораките од Рикер и Вевчанскиот карневаал по мерка на власта, теми за анализа во неделниците.

Шест години без струја во 21 век

Од една страна сиромаштија, од друга страна болести. Семејството Петрушевски од Куманово едвај преживува. Веќе шест години, седумчленото семејство нема струја.

Видео Димитров - Се уште владее религиозниот фундаментализам

Живееме во заедница која е ултра конзервативна, во која имате силно оживување на национализмите. Од друга страна, имаме систем во кој религиозниот фундаментализам се уште силно владее. И на крај имаме една силна политичка струја која е на власт, која експлицитно има една демохристијанска и конзервативна идеологија и хомосексуалците се надвор од нивната агенда, вели извршниот директор на на Коалицијата „Сексуални и здраствени права на маргинализираните заедници“, Славчо Димитров во интервју за Радио Слободна Европа.

Видео Мемети - Најсурова е политичката дискриминација

Народниот правобранител во 2011 година констатирал за 10 отсто повеќе повреди на човековите права во однос на 2010. Нашата институција во 15 случаи има констатирано дискриминација по разни основи. Најголемиот дел е по политичка основа, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Сободна Европа.

21 јануари 2012

Несреќен пораз од Данска

Македонија изгуби од Данска со гол од контра-напад во последните секунди од натпреварот.

20 јануари 2012

Судството ги става граѓаните на маки

Народниот правобранител констатирал повеќе случаи на повреда на човековите права во 2011 во однос на 2010 година. Граѓаните најмногу се жалат на судството.

Функционерите сакаат повисоки плати

Во услови на економска криза, платите на шефот на државата, претсетдателот на Собранието, пратениците, министрите и градоначалниците ќе бидат зголемени за 5 насто.

Чешките ракометари разочарани и тажни

Чешките ракометари крахираа и по поразот од Македонците ги пакуваат куферите. Големите планови се погребани. Ова се дел од насловите на чешките медиуми отткако синоќа на Европското првенство во Ниш чешката репрезентација загуби од македонската со 27 спрема 21 гол.

19 јануари 2012

Мултимедиа Македонија оди во Белград, Чесите се враќаат дома

Македонските ракометари изборија пасман во наредната фаза од ЕП во ракомет што се игра во Србија.

Шара ќе стане Национален парк до крајот на годинава?

Од Министерството за животна средина ветуваат дека се очекува Шар Планина да биде прогласена за национален парк кон крајот на 2012 година.

Преглед на печат - ракомет, парно и името

Настапот на ракометарите во Ниш, обновените преговори за името, високите сметки за парно, изградбата на плоштад Скендербег, дел од топ темите во весниците.

Прилеп во потрага по нови извори на вода

Студенчица останува незаменлив извор на водоснабдување во Прилеп, но долгорочно мора да се бараат дополнителни извори на вода за да се спречат кризите во водоснабдувањето.

Без огрев на температури под нулата

Берка Селим од Дебар, зимата ја поминува без огрев, често нема ни струја. Прима социјална помош од 500 денари кои не и стасуваат ниту за лекови.

Ќе остане ли власта глува за пораките на Рикер?

Прво името, па НАТО, порача Филип Рикер, по кој знае кој пат искажувајќи го ставот на меѓународната заедница. Власта не ги слуша меѓународните пораки и си тера по свое, велат експертите.

Семејство или кариера!?

Вработените идни мајки стравуваат да не останат без работа ако се одлучат да родат дете. Дискриминацијата на жените по овој основ и кршењето на работничките права е честа појава во приватните фирми, но жените ретко се осмелуваат за ова да говорат јавно, велат од секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија.

Одлуката за преглед 50 денари в сабота, граѓаните очајни

Матичните лекари бараат плус 50 денари од преглед поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат и нередовната исплата на средства од Фондот. Граѓаните и експертите велат дека тој износ е превисок.

18 јануари 2012

Турканици за вадење лични карти во Куманово

Кумановци ги користат последните денови за да извадат нови лични карти. Пред одделението за патни изправи е вистински хаос. Луѓето се жалат дека техничките услови се далеку од сите стандарди, не само за граѓаните, туку и за вработените во Одделението.

Рикер - Нема во НАТО, без решение на спорот за името

Хашката одлука, но и главниот услов Макеоднија да стане дел од Алијансата, а тоа е решение за спорот за името, биле главните теми на средби на Филип Рикер со македонскиот државен врв.

Уште три дена распуст, ама не за сите

Студеното време го продолжи зимскиот распуст, барем во некои градови. МОН даде препорака второто полугодие наместо в петок, да почне в понеделник. На општините останува да решат дали ќе има продолжен распуст.

САД ја поддржуваат Македонија за решавање на спорот за името

САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската интеграција на земјава, а двете страни во спорот за името ги охрабруваат да изнајдат взаемно прифатливо решение што ќе го деблокира интегрирањето во Алијансата, се соопштува по средбата меѓу Рикер и Иванов.

Битолчани ќе чекаат топловод уште 2 години

Битола уште две години ќе чека топлификација од РЕК. Во 2014-та треба да заврши проектот според кој граѓаните ќе се греат преку топловод од РЕК Битола. Проектот ќе чини околу 35 милиони евра.

Рикер во посета на Македонија

Последните домашни и меѓународни случувања, билатералните односи меѓу САД и Македонија, регионалната стабилност и процесот на евроатлантска интеграција на земјава се најавуваат како фокус на средбите што ќе ги оствари американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Филип Рикер којшто се наоѓа во дводневна посета на Македонија.

Нимиц оптимист, а процесот се враќа назад

По дводневните преговори во Њујорк, медијаторот Нимиц излезе со соопштение дека средбите биле корисни и фокусирани на оптимална можност за придвижување на процесот напред. Од македонското МНР, пак, изразија жалење што немало конкретно придвижување.

Каратистите во нов поход

Златното време за македонското карате продолжува и во 2012-та. Каратистот Жарко Арсовски на Париз Опен освои златен медел.

17 јануари 2012

Пораз од Германија, шанса во натпреварот против Чешка

Шансата за влез во наредната фаза, меѓу 12 најдобри репрезентации на стариот континент, македонските ракометари ќе ја бараат в четврток на мечот со Чешка.

Македонија не е приоритет за Данска

Македонија не е во приоритетите на данското претседателство со ЕУ. Власта бара Данска да се води според својата максима за проширувањето „секому според заслугите“. Опозицијата, пак, побара ЕУ да не крева раце од Македонија. Данскиот амбасадор Торбен Брил ги претстави приоритетите на данското претседателство пред собраниската комисија за европски прашања.

Богата годишна изложба на ДЛУМ

120 творци, со дела работени во сите категории и техники, се претставени на годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, што ќе биде отворена вечерва во Музеј на Град Скопје.

Доцни исплатата за прилепските социјалци

Корисниците на социјална помош од Прилеп неколку месеци не примиле пари. Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа потврдуваат дека паричниот надоместок за социјална помош доцни, зашто во октомври се обновувала евиденцијата.

Поларна зима во Битола

Жителите на Битола и околните села едвај преживуваат на ниските температури. Ем е студено, па снемува и струја. Од честите прекини на електричната енергија сите имаат штети.

Скендербег за „мир во куќа“

Плоштадот Скендербег е пандан на Скопје 2014 или понижување за Албанците? Експертите велат дека Скендербег дополнително ќе ги заостри меѓуетничките односи, а граѓаните велат дека спомениците се одвишни.

Ќе падне ли Германија на Чаир во Ниш?

Ракометарите денеска ќе си ги одмерат силите со Германија. Навивачите очекуваат победа. Се бара карта повеќе. Кој не си купил на време, ќе одвои и повеќе од 50 евра за да си набави карта на црно.

Средбите во Њујорк корисни, разговорите продолжуваат

Средбите во Њујорк корисни, разговорите продолжуваат, наведува преговарачот на ОН Метју Нимиц во писмено соопштение по разговорите со амбасадорите Јолевски и Василакис во Њујорк.

16 јануари 2012

Штуловиот Универзитет доби „штедлива“ зграда

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово неодамна доби „интелегентна“ зграда. Со новата зграда ќе се штеди енергија и ќе се заштитува животната средина.

Арифи - ЕУ да биде креативна за Македонија

Вицепремиерката Теута Арифи очекува креативност од ЕУ за членство на Македонија во Унијата. ЕУ, пак, очекува да се заврши што е можно повеќе работа за да може поскоро Македонија да се интегрира.

Подмладокот на партиите ги собра коментарите

Најмногу коментри оваа недела привлекоа он-лајн колумните на претседателите на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Кога зградите стануваат скулптури

Архискулптура е насловена третата самостојна изложба на младиот уметник Андреа Шимбов, што ќе биде отворена на 18 јануари во МКЦ. Ќе бидат изложени една инсталација и десетина објекти, а поставката е дел од второто одбележување на глобалниот настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА.

Видео Тигарот Спасов осуден на 14 години затвор

Игор Спaсов доби 14 години затвор за убиство со умисла. Семејството Нешкоски е незадоволно и од пресудата и од Обвинителството. Бара и командна одговорност.

Нимиц ќе го опипува пулсот

Домашните аналитичари не очекуваат конкретни резултати од средбите на посредникот Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач, Јолевски и Василакис. Нимиц ќе го испитува пулсот на двете страни.

Центарот е Лојане, се шетаат и во Ваксинце

Имигрантите во Ваксинце се задржуваат само ден-два, за нив „поатрактивно“ е Лојане, велат жителите на кумановското село Ваксинце.

15 јануари 2012

Фаворизираната Шведска извлече нерешено со Македонија

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено со фаворизираната Шведска 26:26 во првиот натпревар од ЕП во Србија. Салата Чаир во Ниш беше обоена во црвено-жолта боја. Натпреварот го следеа повеќе од 4.000 македонски навивачи.

Четири минути и 33 секунди на Македонската филхармонија

Со премиерни изведби на дела на славниот американски авангарден композитор Џон Кејџ, нашиот Александар Пејовски и Бразилецот Неи Росарио, во вторник на 17 јануари, Македонската филхармонија ја започнува годинашната серија на перформанси од циклусот Кирилица.

Во Ниш, како на домашен терен, против Шведска

Во Ниш има околу 3.000 македонски навивачи во очекување на дуелот со Шведска на ЕП во ракомет. Ќа помогнат ли бројните навивачи за победа против фаворизираните Швеѓани?

Ватерполистите сонуваат за Олимпијада

Ватерполистите се надеваат дека ќе обезбедат пласман на Олимписките игри. Утре во Ајндховен започнува Европското првенство. Прв противник на нашата репрезентација е тимот на Турција.

Неделен печат - мизерија, триумф и непотизам

Оценката на Економист за прво место на Македонија по беда во светот, непотизмот во судството и „триумфот“ на Скопје 2014 - дел од темите во последните изданија на неделниците.

Видео Скопје 2014 речиси се изгради, препукувањата продолжуваат

Еден ревизорски извештај - две различни толкувања. За СДСМ, Извештајот за Министерството за култура е доказ за криминал во проектот Скопје 2014, додека за Министерството, тоа е доказ за чесно работење.

Филип Втори ги подели битолските советници на антички и словенски

Споменикот на Филип Втори се уште го бранува битолскиот гратски совет. Советниците овој пат се поделија на словенски и антички при дискусијата дали треба да се слави и празник за основачот на Хераклеја.

14 јануари 2012

Видео Бесими - Реален оптимизам за членство во НАТО

Ние работиме активно на интеграциите, но реално, членството во НАТО не зависи само од Македонија. Продолжуваме со реформите без разлика дали Македонија ќе стане членка на Алијансата на престојниот Самит во Чикаго, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Сите патишта водат кон Ниш

Три патни ленти за во Србија – две за во Македонија, само со нови лични карти. Ракометарите ве чекаат во Ниш.

Видео Патот за Европа води преку Лојане

Имигрантите од Азија и Африка кои на македонска територија влегуваат преку Грција, во кумановското село Лојане ја чекаат својата шанса илегално да ја преминат границата кон Србија, па од таму да стигнат до некоја од западноевропските земји. Локалните власти апелираат да се најде решение за овој проблем. Полицијата, пак, вели дека ги презема сите мерки кои се во нивна моќ, но оти немаат соодветна помош од грчките колеги.

13 јануари 2012

Дали кај Ахмети е клучот за НАТО и ЕУ?

Дел од домашните аналитичари велат дека меѓународната заедница гледа во лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како на единствен партнер кој се обидува да ги одблокира закочените евроинтеграции.

Шанси за НАТО без договор за името

Македонското лоби е доволно цврсто за да изврши притисок. Сега ја имаме пресудата од Хаг и мислам дека ќе добиеме многу повеќе поддршка за прием во НАТО, но треба активно лобирање, вели Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

12 јануари 2012

Зголемен бројот на наркозависници во Тетово

Зголемување на бројот на корисници на услугите, бележи Центарот за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово. Во пораст е и давањето на медицински и социјални услуги кои центарот бесплатно им ги обезбедува на корисниците на дрога.

Преглед на печат - Корупција, мизерија и НАТО

Корупцијата со Маѓар телеком, првото место на Македонија по индексот на мизерија, како и македонските напори за интегрирање во НАТО - топ теми во весниците оваа недела.

Роденеден на уметноста во МКЦ

Со ревија на филмови, театарски претстави, изложби и концерти Младинскиот културен центар од Скопје, во среда на 18 јануари, по втор пат, ќе го одбележи меѓународниот настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА.

Четири години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Семејствата на загинатите војници во хеликоптерската несреќа пред 4 години бараат правдата да излезе на виделина. Најавуваат дека сакаат случајот повторно да го постават пред институциите.

Видео Трст виа Лојане

Кумановското село Лојане е нова транзитна дестинација за мигрантите, кои од Азија и Африка преку Балканот сакаат да стигнат до европските земји. Лојане има проблем со нив, велат локалните власти и апелираат да се изнајде решение.

11 јануари 2012

Поезија на Етернијан објавена во Непал

Песни на поетот Јовица Тасевски Етернијан деновиве се објавени во новиот број на непалското списание за литература, култура и уметност Апликант, а нешто пред тоа и на страниците на романскиот книжевен портал Уметничка република.

Кумановци добија лизгалиште

Изнајмување на лизгалки и лизгање за час и половина е 120 денари, а за организирано рекреаирање на учениците од училиштата обезбедено е бесплатно лизгање секој работен ден по два часа.

Сиромаштија - Спие и се моли да не замрзне

Без струја и огрев, гладниот 35-годишен Расим Мустафоски од кичевското село Челопек смрзнува во својата куќа без прозорци. Се жали дека му ја укинале и социјалната помош.

Декриминализација на клеветата на почек

Собранието го оцени како неприфатлив Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, во прво читање, поднесен од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија, со кој се предвидуваше декриминализација на кривичните дела клевета и навреда. Владејачкото мнозинство ги оцени измените како малку избрзани и предложи да се почека исходот од преговорите меѓу ЗНМ и Владата.

Власидис - Грција нема да го решава спорот за името годинава

Грција ги фокусира сите сили на решавање на внатрешните проблеми, останатите работи се помалку битни, вели грчкиот професор Власис Власидис.

Ракометарите со оптимизам на ЕП во Србија

Доколку ни се укаже шанса секако дека ќе се обидеме да ја искористиме, иако сме најголеми аутсајдери и според обложувалниците и според рејтингот на ЕХФ, вели капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров.

10 јануари 2012

Притворот станува казна, а не мерка

Во Македонија се злоупотребува мерката притвор, велат упатените во оваа проблематика. Меѓународните организации кои се занимават со превенција од тортура, укажуваат на тоа дека недоволно се наведуваат прични зошто судиите се одлучуваа на мерка притвор.

Фотогалерија Улиците во Битола како лизгалиште

Снегот во јануари ги изненади службите во Битола. Главните улици се расчистени, а споредните и помалите се затрупани со снег.

Вива Верди за Василица во МОБ

ВИВА ВЕРДИ е насловен оперскиот концерт што овој четврток и петок, со почеток во 20 часот, ќе се одржи на сцената на Македонската опера и балет, во чест на празникот Василица.

Попис под меѓународен мониторинг?

Ако државата не може да го спроведе пописот, тогаш можеби решението треба да се бара во мониторинг мисија или поголемо вклучување на граѓанскиот сектор, сугерираат дел од екпертите.

Нов сопственик, нова уредувачка политика

Орка Холдинг ги презеде уделите на ВАЦ во Дневник, Утрински и Вест. Комуниколозите очекуваат промени во уредувачката политика и стравуваат дека тоа ќе се одрази врз професионалните стандарди.

Обама да ја отстрани грчката блокада за НАТО

Да се обезбеди Македонија да влезе во НАТО годинава ќе биде знак дека претседателот Барак Обама навистина ја разбира американската примарна улога во креирање и одржување демократски поредок во светот. Ова го оценува Сали Мекнамара, виш политички аналитичар за европски прашања во Херитиџ Фондацијата, во коментарот објавен во Фокс њуз, а во врска со претстојниот самит на НАТО во Чикаго.

09 јануари 2012

Кучиња скитници го окупираа Тетово

Тетовци мака мачат да се справат со кучињата скитници, за кои велат дека од други градови се истовараат со камиони во Тетово.

Пелистер не заработи од снегот

Снегот наместо да донесе економски препород за угостителските објекти на Пелистер, ја завеа зимската туристичка сезона.

Васко Дуковски со кларинет по цел свет

Македонскиот кларинетист Васко Дуковски, кој на крајот на минатата година со неколкумина врвни музичари од светот го потпиша албумот Critical Models со нова серија концертни настапи ја продолжува својата успешна музичка кариера во САД.

Спасов се колне дека не го убил Нешкоски

Специјалецот Игор Спасов обвинет за убиство на Мартин Нешкоски вели дека може слободно во очи да го погледне семејството на Мартин зашто не го убил нивниот син. „Кажи кој го уби ако не си ти ?“ - праша мајката на Мартин.

На тигарот Спасов да му се суди за убиство

На денешното последно рочиште за случајот Нешкоски, Обвинителството побара Спасов да биде осуден за убиство на Мартин Нешковски.

Со скепса во разговорите со Нимиц

Опозицијата не ги коментира позициите на државниот врв пред претстојната рунда разговори со медијаторот Нимиц. Дел од експертите се сомневаат дека средбата би дала некакви резултати, а дел се оптимисти дека процесот ќе биде одмрзнат.

Ваши коментари - Најинтересен случајот Мартин Нешкоски

Најголемо внимание кај нашите читатели изминатава недела предизвика колумната „Мартин Нешкоски - убиство или несреќен случај?“ на Воислав Стојановски од Движењето Стоп за полициската бруталност.

08 јануари 2012

Пораки пред новите преговори за името

Скопје стравува дека Атина не е сериозна. Грција пак порачува дека спорот за името е во рацете на македонскиот премиер.

Пациeнтите да не бидат товар, туку корисници на услуги

На здравството му се потребни промени, но не само краткорочни, туку определена стратегија, инвестирање во здравствени програми со кои на луѓето ќе им се овозможи добра и евтина здравствена заштита, вели доктор Владимир Лазаревик.

Прилеп - регионален лидер по криминал, ама безбеден

Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски вели дека во Прилеп можеби има повеќе криминал од Битола, Ресен и Демир Хисар заедно.

Повеќе вработувања - новогодишна желба на битолчани

Во Битола има околу 16 илјади невработени. Сите погледи годинава се вперени во индустриската зона Жабени - ќе успее ли да го заврти зарѓаното тркало на битолското стопанство?

Груевски и Керим во фокусот на неделниците

Фокус смета дека привршува американското трпение за „преродбениците“, а Глобус објавува дека директорот на МПМ Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк за 1,5 милиони долари.

07 јануари 2012

Белопета - На Македонија и се потребни уште 7-8 џез-фестивали

Она што јас натаму го посакувам на Скопскиот џез-фестивал и го имам како неотсонуван сон е конечно ние како главен град да добиеме една нормална инфраструктура за вакви настани, вели директорот на Скопскиот џез-фестивал Оливер Белопета во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Видео Економија и евроинтеграции - задача и за годинава

Што очекуваме од 2012?! Ништо спектакуларно... барем така велат политичарите и експертите. И за оваа година, велат дека ќе жнееме тоа што сме сееле минатите години.

06 јануари 2012

Видео Нова година, стара сиромаштија

Најавите за поскапување на струјата дополнително ќе го погодат буџетот на и онака сиромашните граѓани.

Видео Хуманост само за празници

Во истражувањата на Македонскиот центар за меѓународна соработка е утврдено дека е опаднат бројот на граѓаните кои даруваат од 71 процент во 2009-та година на 65 отсто во 2010-та. Според „Светскиот индекс на дарежливост“ за 2011 година Македонија го дели 132 место со Нигерија од 153 земји.

05 јануари 2012

Дневен печат - Глигоров се вгради во македонската државност

Човекот што се вгради во македонската државност, Глигоров беше архитект на независна Република Македонија - дел од насловите во весниците.

Македонскиот човек на мирот

Балканот не е љубезен со своите политичари. Ќе треба време додека да бидат признаени сите достигнувања на Киро Глигоров во неговата земја, пишува поранешниот американски амбасадор во Македонија и поранешен американски помошник државен секретар Кристофер Хил за првиот претседател на независна Македонија.

Портпароли кои немаат што да кажат

Во последно време стана модерна праксата портпаролите да одговараат само на смс пораки. И пратениците понекогаш се тешко достапни да одговорат и на техничко прашање.

Офанзива само до НАТО, а ЕУ ќе почека

Владата ќе се обиде да ја искористи хашката пресуда на Самитот на НАТО во Чикаго. Дел од познавачите велат дека ЕУ не е на владината агенда.

04 јануари 2012

Тајланѓанка по љубов дојде во Куманово

Ниен од Тајланд шест години живее во Куманово, знае само неколку зборови на македонски, а со луѓето се разбира преку насмевката.

Фотогалерија Спортистите очекуваат трофејна година

Олимпискиите игри во Лондон се топ спортски настан за кој многу македонски спортисти полагаат надежи. Останува да видиме дали и годинава спортистите ќе се водат по онаа „важно е да се учествува“.

Македонија без идеја за средбата со Нимиц?

На 16 и 17 месецов медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите во спорот за името Јолевски и Василакис. Од канцеларијата на Нимиц соопштуваат дека средбите се за да се поттикне продолжувањето на преговорите.

Европа дава, ние не трошиме

Македонија може да ги изгуби европските пари од ИПА фондовите. Поради нестратешко планирање на проектите, голем дел од парите за изминатите години не се потрошени.

03 јануари 2012

Снегот го отсече Мариово од светот

Две недели 200 жители од мариовско се отсечени од светот. До селата одвај стигнуваат комбињата со прехранбени продукти и лековите. Теренот е недостапен за други посетители.

Мултимедиа Последна почит за првиот претседател

Првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров беше погребан во кругот на потесното семејство. Во Собранието и во седиштето на СДСМ се одржаа Комеморативни седници. Државниот врв и граѓаните му оддадоа последна почит на Глигоров.

Македонија го испраќа Глигоров

Првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров ќе биде погребан денеска во Алејата на Великаните на градските гробишта во Бутел во 13 часот.

Замолкната јавност

Граѓаните се плашат јавно да зборуваат. Замолкнуваат и интелектуалците, новинарите се самоцензурираат, кој од страв да не го изгуби работното место, кој од страв да не добие казна за клевета или да не биде уапсен.

02 јануари 2012

Македонија тагува по Глигоров

По веста за смртта на првиот претседател Киро Глигоров, државнот врв и лидерите на партиите упатуваат писма со сочуство до неговото семејство. Првиот претседател ќе остане запаметен како творец на самостојна Македонија по мирен пат.

Замина таткото на независна Македонија

Киро Глигоров ќе биде запаметен како прв претседател на самостојна Македонија, кој успеа да ја изгради државата по мирен пат. Тоа е неговото најголемо достигнување согласни се и граѓаните и политичарите.

Ваши коментари - Секој со желби за новата година

Прилозите за повисоките сметки за струја и парно и прилозите посветени на решавањето на спорот за името со Грција, се најкоментирани неделава.

Почина Киро Глигоров

Синоќа во својот дом во Скопје, на 95 години, почина првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

01 јануари 2012

Македонија ја прослави Нова година понемирно од лани

Во Ургентниот центар во Скопје биле примиле 54 пациенти за Нова година. На Токсикологија дошле 52 пациенти, од кои 28 пијани и еден прејаден.

јануари 2012

Календар

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Видео

Видео Мендух Тачи

Интервју со лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи.
Повеќе
test

Нови документи за случјот на Трејвон Мартин

Повеќе

Холандија ќе бара во Чикаго да се спомене хашката пресуда

Повеќе