За најдобро користење на нашиот веб, препорачуваме да ја надградите најновата верзија или да пробате со друг пребарувач. Следи листата на пребарувачи
Кликнете на иконата за да ја симнете страницата
Илустрација.
Продажбата на станови во Охрид е катастрофална и никогаш не била полоша, велат од Агенциите за недвижности.
Падот на еврото во однос на доларот може да влијае позитивно на фирмите што извезуваат во доларски подрачја, но нема да влијае на извозот во евро-зоната, велат експертите.
Во Македонија има незначителен процент странски инвестиции од Кина. Македонската делегација ја промовира земјава пред кинеските бизнисмени.
Во последните четири години Македонија се задолжи за дополнителни 900 милиони евра. Опозицијата обвинува дека со трошење на непродуктивни работи владата ја презадолжила државата и оти, ако продолжи вака, може да станеме, должни како Грција. Власта, пак, вели дека опозицијата го користи задолжувањето за политички маркетинг и оти Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа.
Позајмените пари треба да се вложат во нешто што ќе ги враќа парите, а не во споменици, велат експертите. За нив објаснувањето на власта дека се задолжуваме оти сме малку задолжена земја, не држат.
Поради економската криза, Грците помалку трошат, а тоа негативно влијае на фирмите што извезуваат кај нашиот јужен сосед.
Пензиите мора да се зголемуваат, ама од каде да се најдат пари. Пари има, само нека се скрати од непродуктивните трошења, вели опозицијата.
Извозот во првите три месеци од годинава е намален за речиси девет насто во однос на истиот период минатата година.
Граѓаните велат дека поскапувањата се неиздржливи за нивниот стандард и дека се потешко се живее.
Во ред е задожување за нови хидроцентрали, автопатишта или за енергетски објекти, а не за жални врби, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Судбината на ребалансираниот буџет за 2012 година најмногу ќе зависи од движењата во европската економија, која во најголем степен го диктира и темпото на работа на домашното стопанство, велат економистите.
СДСМ денеска поднесе интерпелација за работата на вицепремиерот Зоран Ставрески. Тензична комисиска расправа за ребалансот на буџетот.