За најдобро користење на нашиот веб, препорачуваме да ја надградите најновата верзија или да пробате со друг пребарувач. Следи листата на пребарувачи
Кликнете на иконата за да ја симнете страницата
Архивска фотографија: Илустрација.
Странските амбасадори, ОБСЕ и Канцеларијата на ЕУ повикаа властите да ги смират меѓуетничките превирања.
Надлежните мора да работат на зголемување на меѓуетничката доверба, па дури и преку пропагирање на идеологијата „се е подобро од конфликт“, порачуваат експертите.
Колумните на подмладокот на двете најголеми партии во земјата посветени на ракометот, се најкоменитираните текстови изминатата недела.
Уставниот суд оспори повеќе одредби од Законот за високо образование со кои се задира во автономијата на универзитетите.
Спорот за името е тешко прашање и покрај тоа што не изгледа така, многумина не го разбираат тоа, но е длабоко вкоренет проблем меѓу двете земји. Како историчар, можам да кажам дека сум речиси убедена дека решение ќе се најде, вели германската амбасадорка Гудрун Штајнекер, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Лустрацијата на пауза. Пропуштена шанса за прочистување или спречување на прогонот на неистомисленици?
Бев еден од „армијата“ фанови кои тргнаа да ги бодрат нашите ракометари, опремен со знамиња, маици, шалови, пишува за РСЕ Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Во Македонија деца пеат за бела раса, бело море. А на трибини некој користи еуфорија за да пушта пораки кои што сепак не го претставуваат националното, колективното чувство за оваа нова енергија, промена на нашата патека, пишува за РСЕ Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
Процесот е влезен во фаза каде што почнаа да излегуваат соработниците и веќе стана проблем за некого, па почнуваат со вакви иницијативи пред Уставниот суд, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.
На средбата со Пангалос не било разговарано за името, но според Арифи, тоа било можност за создавање позитивна атмосфера.
Лустраторите ќе може да здивнат, работата со проверка на изјави за соработка со тајните служби во наредниве два месеци ќе им се намали за двојно. Тие ќе ја почитуваат одлуката на Уставен суд за времено запирање на дел од лустрацијата.
Претседателот на Република Српска се сретна со претседателот Ѓорге Иванов со кого разменија мислења за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа.
Невладините ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд, засега да бидат изземени од процесот на лустрација. Новинарите ќе ја почитуваат одлуката.
Во извештајот на Репортери без граници, Македонија се најде на 94 место од 179 земји, по слободата на медиумите во земјата. Нашето рангирање за жал е одраз на реалната состојба, велат експертите.
Ниту НАТО, ни македонската влада не соопштија што му кажал генералниот секретар на Алијансата Расмусен на премиерот Груевски на вчерашната средба во Брисел. По средбата немаше официјална изјава или соопштение за јавност од НАТО.
Уставниот суд донесе времена мерка за стопирање на 12 члена од Законот за лустрација. Лустрацијата се стопира за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска во Атина се сретна со грчкиот вицепремир Теодорос Пангалос. Таа на грчкиот премеир Пападимос му однесе писмо од премирот Груевски со барање за средба.
Граѓаните се незадоволни од работата на народните избраници. Немањето кворум, неодговорноста, тоа што си ја покачија платата во време на криза, се само дел од забелешките.
Со пристапниот дијалог, ЕУ бара нови начини за соработка со Македонија. За власта тоа е утеха за стагнацијата на полето на интеграции, за аналитичарите немоќ Брисел да се справи со македонските власти.
Акцијата „Купи куќа, купи стан“ отвора можности за малверзации, велат дел од економистите. Владата не треба да чести станови, туку да создаде услови луѓето да си заработат за стан, велат тие.
Аферата Телеком да се расветли. Наместо жестока полемика меѓу партиите, за случајот да се заангажираат надлежните и да се најдат виновниците, советуваат аналитичарите.
Национализмот е вообичаена појава за навивачките групи и скандирања, но експертите повикуваат на смиреност и спортско навивање.
Државните функционери се држат до принципот - Сега ти се пружила прилика, зграпчи што е можно повеќе, велат експертите. Претераниот популизам води кон елитизам, додаваат тие.
Важно е на нашите политички избраници да им укажуваме на пропустите кои ги прават во својата работа, и да бараме промени, пишува Тамара Атанасоска, граѓански активист и блогер за РСЕ
"Молкот е вина, и од вината злато не бидува", пишува за РСЕ Кренар Лога од младински форум - ДПА
Прво името, па НАТО, порача Филип Рикер, по кој знае кој пат искажувајќи го ставот на меѓународната заедница. Власта не ги слуша меѓународните пораки и си тера по свое, велат експертите.
Хашката одлука, но и главниот услов Макеоднија да стане дел од Алијансата, а тоа е решение за спорот за името, биле главните теми на средби на Филип Рикер со македонскиот државен врв.
САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската интеграција на земјава, а двете страни во спорот за името ги охрабруваат да изнајдат взаемно прифатливо решение што ќе го деблокира интегрирањето во Алијансата, се соопштува по средбата меѓу Рикер и Иванов.
Последните домашни и меѓународни случувања, билатералните односи меѓу САД и Македонија, регионалната стабилност и процесот на евроатлантска интеграција на земјава се најавуваат како фокус на средбите што ќе ги оствари американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Филип Рикер којшто се наоѓа во дводневна посета на Македонија.
По дводневните преговори во Њујорк, медијаторот Нимиц излезе со соопштение дека средбите биле корисни и фокусирани на оптимална можност за придвижување на процесот напред. Од македонското МНР, пак, изразија жалење што немало конкретно придвижување.
Македонија не е во приоритетите на данското претседателство со ЕУ. Власта бара Данска да се води според својата максима за проширувањето „секому според заслугите“. Опозицијата, пак, побара ЕУ да не крева раце од Македонија. Данскиот амбасадор Торбен Брил ги претстави приоритетите на данското претседателство пред собраниската комисија за европски прашања.
Плоштадот Скендербег е пандан на Скопје 2014 или понижување за Албанците? Експертите велат дека Скендербег дополнително ќе ги заостри меѓуетничките односи, а граѓаните велат дека спомениците се одвишни.
Средбите во Њујорк корисни, разговорите продолжуваат, наведува преговарачот на ОН Метју Нимиц во писмено соопштение по разговорите со амбасадорите Јолевски и Василакис во Њујорк.
Вицепремиерката Теута Арифи очекува креативност од ЕУ за членство на Македонија во Унијата. ЕУ, пак, очекува да се заврши што е можно повеќе работа за да може поскоро Македонија да се интегрира.
Домашните аналитичари не очекуваат конкретни резултати од средбите на посредникот Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач, Јолевски и Василакис. Нимиц ќе го испитува пулсот на двете страни.
Оценката на Економист за прво место на Македонија по беда во светот, непотизмот во судството и „триумфот“ на Скопје 2014 - дел од темите во последните изданија на неделниците.
Еден ревизорски извештај - две различни толкувања. За СДСМ, Извештајот за Министерството за култура е доказ за криминал во проектот Скопје 2014, додека за Министерството, тоа е доказ за чесно работење.
Споменикот на Филип Втори се уште го бранува битолскиот гратски совет. Советниците овој пат се поделија на словенски и антички при дискусијата дали треба да се слави и празник за основачот на Хераклеја.
Ние работиме активно на интеграциите, но реално, членството во НАТО не зависи само од Македонија. Продолжуваме со реформите без разлика дали Македонија ќе стане членка на Алијансата на престојниот Самит во Чикаго, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
За пропагандата на Груевски секој оној што е против проект Скопје 2014 е шарлатан и работи за туѓи интереси и нема разбирање за страстите на премиерот да си гради. Пишува Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Со благословот од македонскиот архиепископ г.г Стефан и под водство на претседателот Никола Груевски и 2012 година е ринг во кој што ќе се бориме за модерна Македонија, за зачувување на националниот идентитет и економска благосостојба. Пишува Диме Спасов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од домашните аналитичари велат дека меѓународната заедница гледа во лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како на единствен партнер кој се обидува да ги одблокира закочените евроинтеграции.
Македонското лоби е доволно цврсто за да изврши притисок. Сега ја имаме пресудата од Хаг и мислам дека ќе добиеме многу повеќе поддршка за прием во НАТО, но треба активно лобирање, вели Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.
Корупцијата со Маѓар телеком, првото место на Македонија по индексот на мизерија, како и македонските напори за интегрирање во НАТО - топ теми во весниците оваа недела.
Собранието го оцени како неприфатлив Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, во прво читање, поднесен од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија, со кој се предвидуваше декриминализација на кривичните дела клевета и навреда. Владејачкото мнозинство ги оцени измените како малку избрзани и предложи да се почека исходот од преговорите меѓу ЗНМ и Владата.
Грција ги фокусира сите сили на решавање на внатрешните проблеми, останатите работи се помалку битни, вели грчкиот професор Власис Власидис.
Ако државата не може да го спроведе пописот, тогаш можеби решението треба да се бара во мониторинг мисија или поголемо вклучување на граѓанскиот сектор, сугерираат дел од екпертите.
Опозицијата не ги коментира позициите на државниот врв пред претстојната рунда разговори со медијаторот Нимиц. Дел од експертите се сомневаат дека средбата би дала некакви резултати, а дел се оптимисти дека процесот ќе биде одмрзнат.
Фокус смета дека привршува американското трпение за „преродбениците“, а Глобус објавува дека директорот на МПМ Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк за 1,5 милиони долари.
Револтиран од ваквиот однос на институциите, решив доброволно да го набљудувам целиот судски процес. Досега се одржаа 10 рочишта, а пресудата се очекува да биде донесена овој месец, пишува за РСЕ Воислав Стојановски – активист на Движењето „Стоп за полициска бруталност“.
Младите се спремни да креираат сопствен Парламент. Државата треба да ги подржи,пишува за Радио Слободна Европа Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум
Што очекуваме од 2012?! Ништо спектакуларно... барем така велат политичарите и експертите. И за оваа година, велат дека ќе жнееме тоа што сме сееле минатите години.
Човекот што се вгради во македонската државност, Глигоров беше архитект на независна Република Македонија - дел од насловите во весниците.
Балканот не е љубезен со своите политичари. Ќе треба време додека да бидат признаени сите достигнувања на Киро Глигоров во неговата земја, пишува поранешниот американски амбасадор во Македонија и поранешен американски помошник државен секретар Кристофер Хил за првиот претседател на независна Македонија.
Во последно време стана модерна праксата портпаролите да одговараат само на смс пораки. И пратениците понекогаш се тешко достапни да одговорат и на техничко прашање.
Владата ќе се обиде да ја искористи хашката пресуда на Самитот на НАТО во Чикаго. Дел од познавачите велат дека ЕУ не е на владината агенда.
На 16 и 17 месецов медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите во спорот за името Јолевски и Василакис. Од канцеларијата на Нимиц соопштуваат дека средбите се за да се поттикне продолжувањето на преговорите.
Првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров беше погребан во кругот на потесното семејство. Во Собранието и во седиштето на СДСМ се одржаа Комеморативни седници. Државниот врв и граѓаните му оддадоа последна почит на Глигоров.
Првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров ќе биде погребан денеска во Алејата на Великаните на градските гробишта во Бутел во 13 часот.
По веста за смртта на првиот претседател Киро Глигоров, државнот врв и лидерите на партиите упатуваат писма со сочуство до неговото семејство. Првиот претседател ќе остане запаметен како творец на самостојна Македонија по мирен пат.
Власта најави дипломатска офанзива за годинава. Аналитичарите не се оптимисти дека со дипломатскиот капацитет со кој располага МНР може да се постигне нешто.