Достапни линкови

Додик: Одлуката за референдум никој не може да ја поништи


Милорад Додик

Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека никој не може да ја поништи одлуката за референдум и не гледа причина поради која високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко би го спречил неговото одржување. Парламентот на на Република Српска на 13 април ја прифати одлуката на Додик за распишување референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали ги поддржуваат законите кои ги воведе Инцко, посебно за Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Клубот на Бошњаците одлучи да не го искористи правото на вето на одлуката за референдум, но го повика Инцко да го спречи неговото одржување.
XS
SM
MD
LG