Достапни линкови

logo-print

Црвениот Крст во Унгарија евакуира роми за да ги заштити од ултранационалисти


Унгарскиот Црвен Крст денеска евакуирал стотици роми од некои села поради страхувања дека би можеле да бидат нападнати од крајно десничарски групи. Црвениот Крст соопшти дека ова е прв пат, од Втората Светска Војна, да бидат евакуирани унгарски цивили на кои им се закануваат паравоени активисти. Ултранационалисти во последниве недели се активни во неколку унгарски градови и претежно патролираат во места населени со роми.
XS
SM
MD
LG