Достапни линкови

Посилно против Гадафи, бараат либијските бунтовници


Првиот човек на Обединетите нации Бан Ки Мун апелираше до лидерите кои се состануваат во Катар „да зборуваат едногласно за Либија“. На состанокот во градот Доха претставници на либијските бунтовници испратија апел до НАТО за засилување на воздушните напади против вооружените лојалисти на лидерот Муамар Гадафи. Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг, пак, пред претставниците на 40 земји и меѓународни организации побара создавање на регионален финансиски механизам за подршка на антивладините демонстранти. Се очекува дека вечер на средбата ќе пристигнат и британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Николас Саркози. Двајцата претходно ќе се сретнат во Париз на разговори за состојбата во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG