Достапни линкови

Решете го спорот со името сега, порача Баросо


Не треба да има нејаснотии или двосмислености, токму сега е времето за решение за прашањето околу името, треба да се искористи таа нова клима на доверба меѓу вашата земја и Грција, порача претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо при обраќањето на трибината „На патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“ што се одржа во Охрид. „Имаше многу состаноци, одржани и под покровителство на ОН, како и директни контакти на премиерите Груевски и Папандреу. Папандреу ме увери во неговата лична заложба да се изнајде решение, така што сметам дека ова е можност што не смее да се испушти, рече Баросо. Тој потсети на политичка реалност, дека изнаоѓањето решение за прашањето околу името навистина ќе го зајакне и забрза процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. „ Јас многу добро разбирам колку голема е чувствителноста по однос на ова прашање, како и впрочем сите прашања што се поврзани со идентитетот. Знам за историјата, знам колку се длабоки емоциите за ова прашање, тоа го почитувам, но дозволете ми да ви дадам пријателски совет - Решете го прашањето сега“ нагласи Баросо.
XS
SM
MD
LG