Достапни линкови

logo-print

Резолуцијата за напредокот на Македонија во ЕП


Европскиот парламент денеска и утре во рамките на априлската пленарна сесија во Стразбур, ќе расправа и ќе гласа за резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот за членство во ЕУ. Документот што на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика на ЕП, ќе го брани бугарскиот европратеник од групата на Социјалистите и демократите Кристијан Вигенин наместо Зоран Талер, кој поради корупциски скандал поднесе оставка од функцијата европарламентарец и известувач за Македонија. За предложената резолуција европратениците ќе дебатираат денеска доцна попладне, а ќе гласаат утре напладне.
XS
SM
MD
LG