Достапни линкови

Косовскиот парламент усвои буџет, нема кој да го потпише


од протестите пред косовскиот парламент

од протестите пред косовскиот парламент

Пратениците од владејачките партии на Косово и покрај противењето на опозицијата и протестите пред зградата на Парламентот, денеска го усвоија буџетот на земјата за оваа година, кој изнесува 1,461 милијарда евра. По усвојувањето на буџетот, меѓутоа, останува нејасно кој ќе го потпише, откако Уставниот суд завчера го објави изборот на претседателот Беџет Пацоли за невалиден. Во законот за буџет предвидено е зголемување на платите за 30 до 50 проценти за околу 75.000 лица, кои работат во државниот сектор, како и продажба на косовските пошти и телекомот, што предизвика протести во двете компании. Во еден момент службениците од двете компании се обидоа да влезат во Парламентот и да го прекинат усвојувањето на законот за буџет, но полициски сили го блокираа влезот во зградата.
XS
SM
MD
LG