Достапни линкови

Јапонија не планира проширување на безбедната зона во Фукушима


Јапонската влада соопшти дека нема итен план за проширување на евакуационата зона поради зголемената радијација околу Фукушима и покрај препораките на Нуклеарната Агенција на Обединетите Нации. Јапонија има воспоставено 20 километарска зона околу централата Даичи, но ОН бараат таа да се прошири на 40 километри. Претходно Јапонската агенција за нукеларна и индустриска безбедност соопшти дека морската вода во близина на оштетениот нуклеарната централа Фукушима содржи 4385 пати повеќе радиоактивен јод од дозволеното ниво. Заменик директорот на агенцијата Хидехико Нишијама изјави дека нивото е досега највисокото измерено од кризата во нуклеарната централа Фукушима, која беше погодена од земјотресот на 11 март. Според него тоа не претставува ризик по здравјето, бидејќи локалното население било евакуирано.
XS
SM
MD
LG