Достапни линкови

logo-print

Грција - Македонија е закана за регионалниот мир


Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Заврши расправата по тужбата на Македонија против Грција пред Mеѓународниот суд на правдата во Хаг за прекршување на Времената спогодба.

Ако Меѓународниот суд на правдата пресуди во корист на Македонија, спорот за името никогаш нема да се реши, предупредува грчкиот правен тим на последниот ден од расправата пред Судот. Македонија ја тужи Грција за прекршување на Времената спогодба, потпишана од двете земји во 1995 година, со тоа што спречи зачленување на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.

Грција ги повтори своите тврдења дека во Букурешт немало вето, туку дека непоканувањето на Македонија во НАТО била колективна одлука на сите земји-членки на Алијансата. Грција тврди дека имала право да се противи на приемот на Македонија во НАТО, затоа што и официјално Скопје ја кршело спогодбата. Грчките застапници пред Судот „распалија“ по антиквизацијата и наводниот иредентизам и побараа од Меѓународниот суд да се прогласи за ненадлежен по тужбата.

Правната советничка во грчкото МНР Марија Телалиан вели дека има многу докази дека Македонија многу пати ја прекршила Времената спогодба.


Прашуваат дали изградбата на споменик, или именувањето на аеродромот, или именувањето на автопатот, можат да претставува основа за прекршување на Времената спогодба. Одговорот е ДА,

„Адвокатите на тужителот се обидуваат да го намалат правното значење на ваквото однесување, па прашуваат дали изградбата на споменик, или именувањето на аеродромот, или именувањето на автопатот, можат да претставува основа за прекршување на Времената спогодба. Одговорот, кој што може да се најде и во Времената спогодба, е ДА. Обврските што тужителот ги презел со таа спогодба се конкретни и прецизни. Грција во многу наврати јавно протестираше против ваквото незаконско однесување“, вели Телалиан.

Таа посочува и на наводен иредентизам и територијални претензии од македонска страна. Тоа ја загрозува стабилноста на регионот, вели Телалиан.



„Нивните вистински намери може да се увидат од учебници, географски карти, енциклопедии или изјави на нивните функционери. Сите наведуваат историска неправда и наметнуваат, како што Грција покажа во своето
Нивните вистински намери може да се увидат од учебници, географски карти, енциклопедии или изјави на нивните функционери. Сите наведуваат историска неправда и наметнуваат, како што Грција покажа во своето излагање, дека географските и етнички граници на тужителот ги надминуваат сегашните граници и зафаќаат територии што се под грчка или бугарска контрола.
излагање, дека географските и етнички граници на тужителот ги надминуваат сегашните граници и зафаќаат територии што се под грчка или бугарска контрола. Ова, господине претседател, е вистинска закана за регионалниот мир и стабилноста“, наведува Телалиан.

Американскиот професор Мајкл Рајсмен, кој е дел од грчкиот правен тим, вели дека Судот е ненадлежен затоа што одлуката за непоканување на Македонија е на НАТО, а не на Грција.

„Ако Судот го прифати барањето на тужителот, всушност де факто ќе го реши прашањето за името и ќе се спречат преговорите што се бараат со резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН и со тоа ќе се реши прашањето за името во корист на тужителот“, вели Рајсмен.

Со денешното излагање на Грција заврши расправата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Судот ќе ги разгледува изложените аргументи на двете страни, а конечна пресуда може да се очекува наесен.

Процесот во Хаг е тема и во нашата рубрика Хајд Парк.

Каква одлука очекувате од судскиот процес во Хашкиот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција? Пoгледнете го видеото и коментирајте овде.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG