Достапни линкови

Вести

По 21 ноември, глоба од 150 евра за српските регистарски таблички во Косово

Регистерска табличка КМ на автомобил во Северна Митровица, 31.10.2022 година.
Регистерска табличка КМ на автомобил во Северна Митровица, 31.10.2022 година.

На сите сопственици на автомобили со српски регистерски таблички на Косово од 1 ноември ќе им биде издадено предупредување со барање да одат во Центарот за регистрација на возила, изјави за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа Нора Фетоши, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Косово.

Од 21 ноември до 21 јануари сопствениците на автомобили кои се уште имаат српски регистарски таблички на Косово ќе бидат казнети со 150 евра.

Според новиот план, од 1 ноември до 21 ноември ќе се опоменуваат сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички, а од 21 ноември до 21 јануари ќе се казнуваат.

Според одлуката на Владата, подоцна ќе се користат пробни регистарски таблички, а по 21 април автомобилите со овие таблички нема да можат да се движат на Косово.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија изразија разочарување зошто Владата на Косово не ги исполнила барањата на меѓународните партнери.

ЕУ го повика Косово да даде повеќе време за укинување на српските регистарски таблички

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД заедно со европските партнери побарале од Владата на Косово десетмесечно одложување на одлуката за регистарските таблички, иако сметаат дека Косово има право да ја спроведе одлуката.

Во 2011 година Косово и Србија започнаа преговори за нормализација на односите со посредство на Европската унија.

Се очекува преговарачкиот процес да заврши со правно обврзувачки договори.

Иако Косово наведува дека овој договор треба да вклучува и меѓусебно признавање, Србија тоа не го прифаќа, инсистирајќи на „компромисно решение“.

види ги сите денешни вести

Уште три дена училиште по скратена настава

Основно училиште Кочо Рацин - Скопје
Основно училиште Кочо Рацин - Скопје

Учениците во основните училишта денеска и утре имаат скратени часови, бидејќи наставата се одржува во услови на топлотен бран невообичаен за овој дел од годината.

До крајот на учебната година им останаа уште три работни дена.

Скратената настава е одговор на барањето на родителите кои реагираа дека во училиштата нема услови за работа и повикаа годинава порано да се заврши со наставата.

Од Министерството за образование и наука претходно информираа дека не може да се стави крај на учебната година бидејќи со закон е пропишано таа да трае 180 дена и повикаа граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита од топлото време кои се согласни со оние на Центрите за јавно здравје.

Оваа учебна година основците и средношколците за прв пат имаа пролетен распуст кој траеше од 26-ти април до 6-ти мај.

Поради тоа и крајот на учебната година се пролонгира до 17-ти јуни.

САД се свесни дека Русија дава украински деца на посвојување

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека САД се свесни за „новите и веродостојни извештаи“ дека Русија ги ставила имињата на киднапираните украински деца на веб-страниците за посвојување.

Во изјавата од 12 јуни, Саливан го опиша развојот на ситуацијата како „одвратен и застрашувачки“.

Тој призна дека од почетокот на целосната инвазија на Украина, руските власти депортирале стотици илјади украински цивили во Русија, „вклучувајќи ги и децата кои биле насилно одвоени од нивните семејства“.

Тој нагласи дека овие деца им припаѓаат на нивните семејства, додавајќи дека Русија „војува не само против украинската армија, туку и против украинскиот народ“ и „врши воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина“.

Според официјалните украински податоци, повеќе од 19.500 деца биле незаконски однесени и испратени во Русија откако Москва ја започна својата инвазија пред речиси две години. Зеленска предупреди дека Русија го забрзува процесот на посвојување и дека има двојно влијание врз нивните животи бидејќи тие се уште се таму.

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во февруари ги повика граѓаните на Киев брзо да започнат заеднички напори за да ја принудат Москва да ги врати украинските деца одведени во Русија од СССР, велејќи дека тоа не треба да се прави.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Зеленска рече дека Украина работи со западните земји врз механизмот за развој и правилна имплементација и ја притискаат Москва да ги ослободи нивните куќи.

Почнува самитот на Г7 - согласност за планот за финансирање на Украина поддржан од замрзнати руски средства

G 7 самит
G 7 самит

Самитот на Г 7 започнува денеска во Италија со претходно постигнат договор за предлогот на САД за поддршка на заемот од 50 милијарди долари за Украина со користење на замрзнати руски средства. Целта, како шо јавува Асошиетед прес е да се покаже силна подршка за Киев кога европската политичка сцена по изборите за ЕУ парламентот се префрла надесно.

Џејмс О'Брајан: САД имаат за цел да „изградат мост“ за Украина во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Дипломатите потврдија дека е постигнат договор пред лидерите да слетаат во јужна Италија на тридневниот самит. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде присутен и се очекува да потпише посебен билатерален безбедносен договор со американскиот претседател Џо Бајден.

САД и Франција бараат Северна Македонија да се придржува до своите меѓународни обврски

Илустрација
Илустрација

Соединетите Американски Држави и Франција бараат новата Влада во Северна Македонија да ги почитува меѓународните обврски и договори.

На брифинг Белата куќа денеска објави патоказ кој го утврдиле претседателите на двете држави, Џо Бајден и Емануел Макрон на средбата во Франција.

Во делот за меѓународните теми на Вашингтон и Париз, дел има и за Западниот Балкан во кој се поздравува континуирана блиска соработка за интеграција на регионот каде поконкретно Северна Македонија се споменува во една реченица.

„Тие ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да се придржува до своите меѓународни обврски“, брифираат од Белата куќа за француско американскиот патоказ.

Ова доаѓа откако Северна Македонија беше критикувана од своите соседи, но и набљудувана од меѓународната заедница бидејќи Претседателката Гордана Сиљановска Дафкова, при својата заклетва во Собранието на РСМ не го изговори уставното име Северна Македонија.

Таа и во својата програма се обврза дека нема да ја користи придавката „северна“, која во името ја доби Македонија токму со Преспанскиот договор потпишан со Грција.

Во изјава која денеска ја даде денеска мандатарот, Христијан Мицкоски, уште еднаш порача дека договорот се почитува во Северна Македонија, но дека тоа мора да го стори и другата страна.

„Треба и двете страни да го почитуваат. Ако конкретно мислите на Преспанскиот договор, ние како идна влада го почитуваме во датели. Се што е дел од нашето законодавство, Устав, се почитува во детали, точка, запирка. И тука не треба да има никаква дилема, затоа што вие не можете да барате од граѓаните да ги почитуваат законите и Уставот, а вие да ги прекршувате. Но истовремено очекувам и вториот потписник, нашиот јужен сосед, да ги почитува“, изјави мандатарот, Христијан Мицкоски.

Меѓу другото рече дека подготвил документ кој покажува како секоја од страните го имплементирала Преспанскиот договор.

Досегашниот министерот за надворешни работи, Бујар Османи има спротивен став и вели дека секое користење на друго име а не Република Северна Македонија, е спротивно на Уставот.

„Еве бесплатен совет до владата. Може да сте биле против, може да сте против, но тоа е реалност, тоа е дел од нашиот уставен поредок, дел од Уставот и мора да се почитува“, изјави Бујар Османи, досегашен шеф на дипломатијата.

Инаку по победата на Европската народна партија на европските избори Мицкоски очекува идниот состав на Европската комисја интензивно да работи на проширувањето а спроведените реформи да бидат единствен критериум на патот кон неа.

Лебот поскапе, пекарите очекуваат стабилизација на цената

Илустрација
Илустрација

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е поради зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше досега.

„Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто зашто цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатие пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, изјави Малишиќ.

Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна. Но според мелничарите има промени во цените на житото на светските берзи. Засега, велат дека најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени.

„По месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија. Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата“, рече тогаш рече тогаш Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори

Претходно од агробизнис коморта, тврдеа дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото и пекарските производи.

Сега напоменуваат дека се уште не се знае каков ќе биде квалитетот и квантитетот на пченицата, а тоа ќе се дознае со почетокот на жетвата.

Очекуваат владата да остане на ланските мерки за субвенционирање на земјоделците во однос на пченицата и јачменот - три денари за килограм предадена пченица и 100 евра по хектар за принос од најмалку три тона јачмен.

Азербејџан тврди дека сите руски војници го напуштиле Нагорно Карабах

Ерменија - Автомобилите на руските мировници го напуштаат Нагорно Карабах, 22 април 2024 година
Ерменија - Автомобилите на руските мировници го напуштаат Нагорно Карабах, 22 април 2024 година

Министерството за одбрана на Азербејџан на 12 јуни соопшти дека процесот на повлекување на руските трупи од Нагорно Карабах е целосно завршен.

Повлекувањето започна во средината на април. Ерменија ги критикуваше руските мировници распоредени во Нагорно-Карабах, некогаш претежно населен со етнички Ерменци, за неуспехот да ја спречат молскавична офанзива на Азербејџан во септември 2023 година, која заврши со враќање на контролата на Баку врз регионот кој три децении беше под контрола на етничките Ерменци.

Москва допрва треба да ја потврди изјавата на Министерството за одбрана на Азербејџан.

Претходно претседателот Владимир Путин се согласи да ги повлече руските сили и граничарите од различни делови на Ерменија на барање на Ереван.

Заминаа речиси 2000 руски мировници од регионот Нагорно-Карабах и околината, кои Азербејџан насилно ги врати во септември минатата година. Нивното излегување стави крај на долгогодишното распоредување што и даде на Москва воено упориште во стратешкиот регион на Јужен Кавказ.

Ерменија и Азербејџан со децении се расправаат за сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан. Откако силите на Баку го вратија овој планински регион кој со години беше под контрола на етничките Ерменци, повеќето жители побегнаа во Ерменија.

Официјален Ереван го обвинува Азербејџан за етничко чистење, како и величење на антиерменскиот расизам, дозволување на антиерменски говор на омраза и уништување ерменски културни објекти. Баку ги негира овие обвинувања.

Ким: Северна Кореја и Русија се непобедливи сојузници, можна е посета на Путин

Ким Џонг Ун, Сверна Кореја и Владимир Путин, Русија
Ким Џонг Ун, Сверна Кореја и Владимир Путин, Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во средата ги поздрави врските на неговата земја со Русија, велејќи дека двете земји се „непобедливи сојузници“, пред можната посета на претседателот Владимир Путин на Пјонгјанг.

Минатата година, во ретко патување во странство, Ким се сретна со Путин на рускиот Далечен Исток.

Сеул и Вашингтон подоцна тврдеа дека Пјонгјанг и доставувал оружје на Москва за употреба во Украина, што ги прекршува санкциите на ОН, во замена за техничка помош за сателитската програма.
Се очекува Путин во наредните денови да оствари возвратна посета на Северна Кореја, откако во мај Кремљ соопшти дека патувањето „се подготвува“.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека посетата би можела да се случи „уште следната недела“, како дел од турнејата на Путин, за време на која тој би можел да го посети и Виетнам.

Врските меѓу Северна Кореја и Русија „се развија во нераскинлива врска на другари“, напиша Ким во пораката до Путин објавена од севернокорејската новинска агенција КЦНА во средата.

Јонхап соопшти дека сателитски снимки покажале можни знаци за поставена „голема структура“ на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг.

Ваквата активност претходно беше забележана кога Северна Кореја се подготвуваше за големи настани во главниот град, како што се воени паради или посети на високи странски државници, според Јонхап.

Кога го посети Путин минатата година, Ким рече дека врските на Северот со Москва се „приоритет број еден“.

Аналитичарите предупредија дека зголеменото тестирање и производство на артилерија и крстаречки ракети од страна на Северна Кореја би можело да биде подготовка за испорака во Русија за употреба во Украина.

На Северна Кореја ѝ е забрането со санкциите на Обединетите нации да тестира со балистичка технологија, но Москва го искористи ветото на Советот за безбедност на ОН во март за ефикасно да го прекине мониторингот на ОН, за што Пјонгјанг конкретно и се заблагодари на Русија.
Северна Кореја ги отфрли обвинувањата дека и испорачува оружје на Русија, нарекувајќи го тврдењето „апсурдно“.

Во извештајот на Пентагон минатиот месец се вели дека Русија користи севернокорејски балистички ракети во Украина, цитирајќи анализа на остатоци од проектили пронајдени во Украина.

Експертите велат дека за време на посетата на Путин на Пјонгјанг, Северна Кореја најверојатно ќе понуди пратки со повеќе воен материјал за војната во Украина, во замена за увоз на храна и енергија од Русија.

Османи: Амер Капетановиќ е кандидат за наследник на Мајлинда Брегу во Советот за регионална соработка

Веста за постигнатиот договор на прес-конференција ја соопшти министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.
Веста за постигнатиот договор на прес-конференција ја соопшти министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

По три години неуспешни обиди да се избере генерален секретар на Советот за регионална соработка (СРС), функција што како вршител на должност (в.д.) досега ја извршуваше Мејлинда Брегу од Албанија, денеска (12 јуни) во Скопје падна договор.

Кандидат за нејзин наследник е Амер Капетановиќ од Босна и Херцеговина.

Договорот доаѓа на крајот од едногодишното претседавање на Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

„Денеска во Скопје има бел дим на состанокот на политички директори од 13-те земји учеснички во ПСЈИЕ“, соопшти министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Тој оцени дека ова е победа на „дипломатијата на Северна Македонија“ исто како што било и постигнувањето договор на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје во декември лани за Малта да го презеде претседавањето со оваа организација.

Договорот Амер Капетановиќ да биде генерален секретар на СРС треба да се официјализира утре (13 јуни) кога во Скопје ќе се одржат Состанокот на министрите за надворешни работи и Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ, чии домаќини ќе бидат Османи и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Од Грција, како претставник на утрешниот состанок ќе присуствува министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис. Тоа ќе биде прва посета на висок грчки функционер по низата прозивки меѓу Северна Македонија и Грција околу Преспанскиот договор кои започнаа со некористењето на уставното име од страна на новата претседателка Сиљановска Давкова на нејзината инаугурација во Собранието.

Покрај Северна Македонија и Грција дел од ПСЈИЕ односно СРС се и: Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија, Словенија и Турција.

Османи рече дека од земјите-учеснички имало вкупно пет кандидати за следен генерален секретар на СРС, но успеале да ги зближат позициите и да се договорат за Амер Капетановиќ.

Досегашната работа на Мајлинда Брегу, како што оцени, имала „исклучително позитивен ефект“.

„(Мајлинда Брегу) Го издигна СРС во еден респектабилен и кредибилен Совет кој не само што ги врши функциите како извршно тело на ПСЈИЕ туку стана важно извршно тело и на Берлинскиот процес бидејќи знаете дека СРС е извршно тело и на Берлинскиот процес како важна регионална иницијатива“, рече Османи.

Во пресрет на утрешниот состанок на министрите и самитот на шефовите на држави и влади од овој процес, денеска (12 јуни) попладне во Скопје ќе се одржи и годишниот состанок на Советот за регионална соработка.

Истрага на ОН го обвинува Израел за злосторства против човештвото, Хамас за воени злосторства

Илустрација
Илустрација

Истрагата на Обединетите нации во средата заклучи дека Израел извршил злосторства против човештвото за време на војната во Појасот Газа, вклучително и „истребување“, тврдејќи дека и израелските и палестинските вооружени групи извршиле воени злосторства.

Извештајот на независната истражна комисија е прва длабинска истрага на Обединетите нации за настаните од војната што избувна на 7 октомври кога јужен Израел беше нападнат од палестинската група Хамас, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.

Во извештајот се наведува дека Израел извршил воени злосторства, злосторства против човештвото и кршење на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права.

Во извештајот се наведува „широк или систематски напад насочен против цивилното население во Газа“.
„Комисијата утврди дека се извршени злосторства против човештвото за истребување, убиства, родово прогонство насочено кон палестински мажи и момчиња, принудно раселување, тортура и нечовечко и сурово постапување“, се додава во документот.

Израел ги отфрли наодите, обвинувајќи ја комисијата на ОН за „систематска анти-израелска дискриминација“.

Последната војна во Појасот Газа избувна по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври кога загинаа околу 1.200 луѓе, а беа киднапирани околу 250.

Комисијата утврди дека во тој напад членови на воените крила на Хамас и други палестински вооружени групи и палестински цивили извршиле воени злосторства, како и прекршување на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права.

Израелската армија започна разорна офанзива на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 37.000 луѓе, главно цивили, објави Министерството за здравство на територијата под контрола на Хамас.

Советот за човекови права на ОН формираше Комисија за истрага во мај 2021 година за да ги истражи наводните прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права во Израел и на палестинските територии.

Макрон ги покани ривалските партии на изборен пакт против екстремната десница

Францускиот претседател Емануел Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата (12-ти јуни) ги повика ривалските партии од двете страни на политичкиот центар да му се придружат во формирањето демократски сојуз против екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен на претстојните предвремени парламентарни избори.

„Екстремните десничарски сили освоија речиси 40 отсто на изборите за Европскиот парламент, а екстремните (десни и леви) речиси 50 отсто. Ова е политички факт што не може да се игнорира“, рече Макрон.

Ова се должи на неуспехот на неговата центристичка група, која освои 15,7 отсто од гласовите и во недела распиша предвремени избори за францускиот парламент.

„Распуштањето на Националното собрание ќе биде тест за вистината меѓу оние кои решија да ја зајакнат својата позиција и оние кои решија да ја зајакнат позицијата на Франција“, рече Макрон.

Во она што претставуваше говор во кампањата само неколку дена по неговиот шокантен изборен повик, францускиот претседател призна дека направил грешки, велејќи дека Французите го изразиле својот бес, но чувствувале дека нивниот глас не се слуша.

„Изразивте гнев и пораката е примена. Но, дали изразувањето на гнев е одговор на вашето секојдневие? Велам не“, истакна францускиот претседател.

Тој повика „многу наши сонародници и политички лидери кои не се препознаваат во екстремистичката треска“ да „изградат нов проект“ коалиција која ќе владее и ќе дејствува во служба на Французите и на Републиката“.

Тој вети дека ќе заземе поостра линија за имиграцијата, безбедноста и правдата, тврдејќи дека антисемитската крајна левица ќе биде премногу „лабава“, додека екстремната десница ќе го уништи уставното владеење на правото на Франција.

Критикувајќи го лидерот на конзервативната Републиканска партија, Макрон ја осуди политичката трговија во изминатите неколку дена, велејќи дека тие ги „запалиле маските“ на некои партии кои сакале да формираат „неприродни сојузи“.

Апелот на шефот на Републиканската партија, Ерик Чиоти, да се создаде сојуз со Националното собрание на вонредните парламентарни избори предизвика бурни реакции кај републиканците.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG