Достапни линкови

Израел, корупциски афери и предвремени избори


Зошто Израел годинава повторно ќе оди на избори?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Зошто Израел годинава повторно ќе оди на избори?

Израелскиот парламент Кнесетот изгласа сопствено распуштање, испраќајќи со тоа порака до граѓаните дека годинава по втор пат ќе одат на избори, бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху не успеа да состави коалициона влада до полноќ, крајниот рок за тоа.

Претседателот на Кнестот Јули Еделстајн прогласи: „Предлог закон 21 за распуштање на Кнесетот во 5779 (еврејска) година во трето читање: 74 за, 45 против. Утврдувам дека законот е одобрен во трите читања како што е потребно“.

Кнесетот кој има 120 пратеници почна да работи пред неполни два месеца.

Тоа е удар врз авторитетот на Нетанјаху, кој иако на 9 април самоуверено изјави дека победи на изборите, не можеше да формира владејачки конзервативен блок, како што очекуваше да направи.

Неговата претходна влада изгуби дел од својата стабилност во ноември лани, кога тогашниот министер за одбрана, екстремниот десничар Авигдор Либерман, поднесе оставка во знак на протест поради она што тој го сметаше за недоволна израелска воена ангажираност против Хамас во Газа.

На изборите во април Нетанјаху тесно победи пред политички непроверениот, поренешен шеф на армијата Бени Ганц.

Превирањата се појавија, барем официјално, поради расправиите меѓу сојузниците на Нетанјаху, Либерман и ултраортодоксните еврејски партии за тоа кој би требало да биде ослободен од воена регрутација.

Деновиве Нетанјаху поденесе предлог за решавање на спорот, кој не беше прифатен.

„Сега правам конечен напор за формирање на десничарска влада и спречување на непотребни избори“.

Од друга страна, има наводи дека до ова дојде, бидејќи приврзаниците на премиерот планирале во парламентот да му дадат имунитет на Нетанјаху од кривично гонење за наводна корупција и да усвојат закон со кој ќе се обезбеди таква заштита од Врховниот суд.

Ниту една партија никогаш не освои целосно мнозинство во Кнесетот, со што коалиционите влади станаа традиција.

Како и да е, Нетанјаху во јули годинава ќе стане премиер кој најдолго бил на таа функција во Израел.

Тој јасно стави до знаење дека има намера да победи и на следните избори.

Но, неговите противници сега имаат уште една шанса да го соборат од власт.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG