Достапни линкови

„За заедничка Македонија“ - Активностите ќе се интензивираат


Архива - Протест во Скопје на граѓанската иницијатива за „Заедничка Македонија.“ 17.03.2017

Формирање на македонска платформа во интерес на мултиетничка и заедничка Македонија како унитарна, а не двојазична и бинационална држава, откажување од тиранската платформа од страна на сите политички чинители во земјата и барање да не се бира претседател на Собранието кој не се откажал од албанската платформа, се ултимативни барања кои денеска од Охрид беа повторени од иницијаторите на движењето за „Заедничка Македонија“, пренесува МИА.

Еден од иницијаторите на протестите Богдан Илиески рече дека активностите на движењето нема да застанат, туку оти во наредниот период ќе се интензивираат.

XS
SM
MD
LG