Достапни линкови

Могерини: ЕУ останува цврсто посветена на суверенитетот на Украина


шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини со претседателот на Русија Владимир Путин

шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини со претседателот на Русија Владимир Путин

Европската унија денеска ја осуди руската анексијата на полуостровот Крим нарекувајќи ја "директен предизвик за меѓународната безбедност." Изјавата на шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини дојде еден ден пред почетокот на третата годишнина од руското анектирање на Крим, што беше оценето како незаконско од Украина, САД, и повеќе од 100 земји во Генералното собрание на Обединетите нации. "Три години од нелегалната анексија на Автономната Република Крим и градот Севастопол од Руската Федерација, Европската унија останува цврсто посветена на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина", рече Могерини.

XS
SM
MD
LG