Достапни линкови

СДСМ бара поддршка за нова влада, ВМРО-ДПМНЕ нови избори


Комбинирана фотографија: Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Комбинирана фотографија: Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

СДСМ преку партиско соопштение го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и раководството на партијата да ја поддржат, како што наведуваат, програмата на новата Влада и работата на Специјалното јавно обвинителство, доколу навистина се за унитарна и суверена Македонија. Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да прифатат дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, а дека земјата не смее да биде внесена во безбедносна криза.

Исто така, СДСМ наведува дека претседателот Иванов треба да се води од интересите на граѓаните на Македонија и веднаш да го даде мандатот за состав на нова реформска влада.

Претходно и ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое уште еднаш порача дека останува на, како што велат, принципиелната понуда до СДСМ и Зоран Заев, односно дека ќе им дадат поддршка да формираат влада доколку се залагаат за унитарна и мултиетничка Македонија, а не бинационална. ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ јасно да каже дека ја „одбиваат тиранската платформа и елементите содржани во неа.“ Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека остануваат на своите позиции за предвремени парламентарни избори за излез од кризата.

XS
SM
MD
LG