Достапни линкови

ЕП го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија


Знаме на Европската Унија

Знаме на Европската Унија

Европскиот парламент нема да гласа неделава за резолуцијата за Република Македонија во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија за 2016 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Како што објави МИА европратениците одлучиле да го одложат гласањето најмалку за идниот месец, поради продолжената политичка криза во земјата.

Во најавата за темите за кои европратениците ќе гласаат на „пленарната седница што неделава ќе се одржи во францускиот град, се најде само резолуцијата за Црна Гора, додека мислењето од Европскиот паралмент за Македонија, Србија и останатите земји-кандидати е одложено.

Инаку, во претходно усвоената Резолуција во т.н. АФЕТ-група на Европарламентот, Македонија доби осма последователна препорака за отворање на преговорите за члеснтво во Европската унија, но условена со целосно исполнување на договорот од Пржино и на итните реформски приоритети на Европската комисија.

XS
SM
MD
LG