Достапни линкови

Јужнокорејската претседателка отстранета од функцијата


Парк Геун Хие

Парк Геун Хие

Со историска пресуда Уставниот суд на Јужна Кореа денеска и официјално ја отстрани претседателката на земјата Парк Геун Хие од функцијата поради корупциски скандал кој ја вовлече земјата во политички превирања. 65 годишната Парк беше прва жена претседател на Јужна Кореа и ќерка на поранешниот диктатор, а на функцијата дојде на изборите во 2012 година. Одлуката на судот го отвора патот за нејзино кривично гонење. Парк претходно се извини за скандалот, но одби да ја признае вината. За два месеца во Јужна Кореа треба да бидат одржани избори за нов претседател.

XS
SM
MD
LG