Достапни линкови

Могерини - Институционалната криза да не прерасне во меѓуетничка


Федерика Могерини во посета на Скопје, 2 март 2017.

Федерика Могерини во посета на Скопје, 2 март 2017.

Мојот најголем страв е институционалната и политичката криза да не прерасне во меѓуетничка, рече високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки во Брисел. Таа изјави дека основната порака која им ја пренела на политичарите при нејзината посета на Македонија на 2 март била – Не се играјте со оган, тоа ќе ја руинира земјата и најверојатно ќе се прошири надвор од нејзините граници.

Според неа има инструменти за надминување на кризата, тоа се пред сè мудроста на претседателот Ѓорге Иванов и капацитетот да се избере претседател на Собранието, Могерини верува дека ситуацијата може да се реши со инструментите кои Скопје ги има, без мешање, но дека е нормално пријателите да изразат загриженост.

Високата претставнички денеска ги информираше министрите за нејзината посета на земјите од Западен Балкан, а според учесниците најголем дел од состанокот бил посветен на Босна и на Македонија. Од оваа средна нема пишан заклучок. Тој треба да биде донесен на средбата во четврток кога се среќаваат премиерите и претседателите на земјите членки.

XS
SM
MD
LG