Достапни линкови

Жбогар: Следните чекори на ЕУ за Македонија ќе бидат познати наскоро


Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могеринии амбасадорот на ЕУ, Самоил Жбогар.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могеринии амбасадорот на ЕУ, Самоил Жбогар.

Следните чекори на Европската унија во однос на состојбата во Македонија ќе бидат познати по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и состанокот во четврток на претседателите и премиерите од земјите-членки на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар кој беше во посета на Тетово.

Амбасадорот Жбогар запрашан за ставовите околу политичката состојба посочи дека на минатонеделната посета на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и нејзините изјави кои биле многу јасни, но оти следните чекори ќе се знаат по овие две средби неделава.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи од ДУИ, рече дека за неа европската иднина на Македонија е голема можност за надминување на проблемите и поделбите, како и за спроведување на реформите што се потребни.

Амбасадорот Жбогар заедно со словенечкиот колега Милан Јазбец денеска промовираа проекти на ЕУ во Тетово.

XS
SM
MD
LG