Достапни линкови

Обвинувања за театар и казни на судењето за „шамарите“


Рочиштето за „шамарите“ одложено, обвинителките добија казни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Рочиштето за „шамарите“ одложено, обвинителките добија казни

Судењето на поранешниот премиер Никола Груевски и десетина други луѓе во случајот со предизвикување на насилство во Општина Центар е одложено за 10 март, затоа што дел од обвинетите не беа присутни. Рочиштето помина со обвинувања за театар и за незаконска работа на судијката во случајот.

СЈО повторно беше обвинето за театар од страна на судијката и одбраната на денешното рочиште за насилството пред Општина Центар, во кое обвинет е и поранешниот премиер Никола Груевски. Судењето и овој пат е одложено, за 10 март, поради тоа што дел од обвининетите не беа присутни на судницата. На тоа му претходеше расправа меѓу обвинителките Фатиме Фетаи и Катица Јанева со судијката Татјана Михајлова. Фетаи ја обвини судијката за фалсификат на записникот од минатото рочиште, по што беше опомената од Михајлова дека се обратила до Судот без да и биде даден збор.

„Не прва, не втора опомена, десет дајте ми. Не сум дојдена да видам колку сте убава. Вие направивте интелектуален фалсификат. Бараме да ни ги доставите аудио и видео записите од минатото рочиште“, рече Фетаи.

Јанева, пак, рече дека судијката го навредува Обвинителството, на што Михајлова и возврати со истата забелешка и ги казни обвинителките со по 1000 евра. Фетаи ја обвини и судијката за елементарно непознавање на правото и ѝ забележи што не го санкционира негодувањето од страна на обвинетите.

„Сакате повторно немирите да правите“, им се обрати Јанева на обвинетите.

По што повторна таа и Фетаи беа казнети со по 1000 евра. Предметот судијката го испрати до Советот на јавни обвинители да се произнесе по случајот. Одбраната само кратко посочи дека е изненадена од опструирањето на водењето на постапката, а судијката ја праша Фетаи дали е дојдена во Судот за да прави татар. На што Фетаи возврати ако веќе е толку добра глумица да го следи нејзиниот пример.

„Па и вие може да попримите нешто од мене и да одглумите непристрасност и објективност“, и порача Фетаи на Михајлова.

По судењето, Груевски со кратка изјава.

„Денеска дојдов во Суд, но се што видов личеше многу повеќе на театар“, рече тој.

Неговиот адвокат Никола Додевски рече дека однесувањето на СЈО било фрапантно.

„Немам друго објаснување освен дека е однапред подготвено сценарио за да се изврши флагрантен притисок врз судијата, флагрантен притисок на водење на постапката. Зачудувачки приговори. Резултатот е повеќекратно казнување. Судијата колку и да е трпелив, не навлегувам кој судија бил јас, мислам дека поинакво постапување не постои, законот не предвидува да се толерира агресивно без правна основа на било која од странките во судот. Така што не знам што е целта, мислам дека СЈО сака да ги води постапките. Денеска ја опструираше постапката го блокираше процесот со приговори кои немаа права основа“, истакна Додевски.

Фетаи објасни дека судијката во записникот за минатото рочиште не ја навела вистинската слика.

„Во записникот е наведена сосема обратна ситуација дека јас сум се произнела во присуство на јавноста и одбраната на обвинетиот и дека јавноста била исклучена во делот кога се слушале аудио снимките. Што воопшто не е точно“, посочи Фетаи.

Јанева најави и кривична пријава за судијката.

„Само што не знаеме зошто предметот ќе го праќа во Советот на јавни обвинители. Тоа е многу смешно, бидејќи треба прво да го прати во Судскиот совет за таму да се произнесат за нејзината работа, па потоа за нашата. Ние ќе го известиме советот за оваа ситуација и ќе се жалиме“, рече Јанева.

Таа посочи дека Судот не може да им го одземе предметот и имаат механизми кои ќе ги употребат. Судијката на минатото рочиште не прифати во случајот обвинителството да користи заштитен сведок, а доказ да не бидат и таканаречените бомби на опозицијата.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG