Достапни линкови

ЗНМ со поддршка за штрајкот на вработените во МПМ


Илустрација: Прес конференција на ЗНМ

Илустрација: Прес конференција на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија денеска изрази поддршка на штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија. Преку соопштение ЗНМ го повика менаџментот на компанијата да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.

„Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку e и силен удар врз слободата на медиумите,“ стои во реакцијата на ЗНМ.

ЗНМ ја повикува новинарска и медиумска заедница да го поддржи штрајкот на новинарите на веснициите Дневник, Утрински и Вест со цел, како што се наведува во соопштението, да престане праксата медиумите да служат како средство за поткусурување заради интересите на сопствениците на медиумите и власта.


XS
SM
MD
LG