Достапни линкови

Истражители од тимот на Специјалното јавно обвинителство денеска влегле во издавачката куќа Медиа принт Македонија, објави интернет порталот Призма. Од Специјалното јавно обвинителство ниту демантираат, ниту потврдуваат и посочуваат дека не можат да изнесат повеќе информации во јавноста затоа што станува збор за предистражна постапка. Вработени во МПМ, потврдуваат за Радио Слободна Европа дека утрово двајца истражители влегле во МПМ.

Во МПМ неодамна имаше измена на сопствеништвото. Досегашните сопственици „Орка Холдинг“, управувана од Јордан Камчев, и компанијата „Интернет Инвестмент Груп“, чијшто сопственик е Јана Станисаљева, излегоа од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“, долгогодишен сопственик на Македонија Медиа Принт (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“ и магазинот „Теа модерна“. Според тековните состојби издадени од Централниот регистер, сопственици на МПМ се „Мирекс Плус“ и „Телеграф“, во сопственост на Срѓан Ќерим.

Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12 декември 2016 година, компанијата „Орка Холдинг“ АД Скопје го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена, соопштија од Орка Холдинг МПМ.

Во меѓувреме денеска новинарите и другите медиумски работници, кои се вработени во најголемата медиумска издавачка куќа Медиа принт Македонија, стапија во штрајк на неопределено време.

Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници Утрински весник, Дневник и Вест.

XS
SM
MD
LG